Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
мислам дека ја спомнав веќе во друга тема, underground од haruki murakami. ја прочитав негде на почетокот годинава и сеуште ја зборам![]()
С
Се работи за нападот со сарин во метрото во токио во 95та. Харуки ги интервјуира жртвите, фамилиите на жртвите и членовите на религиозната група која го изврши нападот аум шинрикјио. Преку интервјуата ја објаснува и психата на јапонците, за тоа како и зошто (не) реагираат во такви ситуации, работи кои што биле игнорирани од медиумите и како сето тоа влијаело врз животот на сите луѓе.
gledaj go filmot 1 i 2 del. mnogu dobar film...Најдобар впечаток ми остави The Broken Empire трилогијата, одлична комбинација на фантазија и научна фантастика, со вистински главен лик. Јорг е реалистично претставен како амбизиозен освојувач на империјата, без да го интересира ништо повеќе од својата цел, и не сопира без разлика што или кој му стои на патот. Најдобриот момент е кога во последната книга заклучите како се вклопува и во двата жанра. The Broken Empire беше финалист на овогодинешните Goodreads Choice Awards.
Најголемо разочарување, The Hunger Games трилогијата, толку ирелевантен главен лик немав читано пред оваа серија. Приказната ќе се одвиваше исто без разлика дали Катнис беше присутна или не.
15. Вештица - Венко Андоновски
Уаууууууууу! Мислам озбилно, уаууууууууууууу!
Дали дека сме задоени од истото сонце, ама сепак начинот на кој Венко нурка во здивот, во фонот на својата непосредност, во срцевината на својата душа, како ѕирка од зад кулисите на животот - преформулирајќи го, како ги гарнира монолозите и дијалозите, како ги бруси ќошевите на религијата,како генијално проникнува во идентитетот и смислата на постоењето, како пребира по зборовите, како дрско ти понира во мозочето, како ги пили ужасите и садистичките шкрапљи у желудац, како ја заробува месечината, како си игра со ограниченоста и лудилото, како неговите страници заводливо треперат и шумолат за љубовта, како ти се декларира ко естет со јинг јанг филозофија за спротивности, ко опозционер кој мудро премолчува у сопствената книга, те запрепастува.
35. Книга за Џони - Бојан Панаотовиќ
Книжулево ми стана ритуал за пред работа. Ич не е обемна и не се брзав да ја читам, него си го дегустирав Штулиќ со усул и боемски. Секое сабајле. Две - три страници Џони, две три музики Џони и така мош да недела време. Убаини.
Фала за препораката, ја ставам на листа.The Broken Empire трилогијата