Псж кои гревчиња се кутрите хаха..
Мизерија невидена,цел меч не успеаа ниту да поведат,камоли да имаат инцијатива и да диктираат темпо...
Никаква игра,никаква концепција,акции прочитани како селски буквар...
Се чека од Хансен да извади невозможен шут,иако на себе има двајца,некогаш тројца блокери,Нарцис во Француска репрезентација и Нарцис во ПСЖ се огромен контраст....
Никаква течност на нападите,ништо..
Колку беа очајни говори фактот шо тренерот последните 20 минути играше со Абало на десен бек...

Дури и онај Диао(црнецот шо игра само во одбрана)го играше на десен...

Не знам за шо го чуваше Копљар?и зошто не проба со Халгримнсон на крај?
Какви само пробивања направи хаха,па Ацо Јоноски за него е Домагој Дувњак....

А против една екипа со таква одбрана како Данкерк е самоубиство.....
Пола од головите ПСЖ ги даде од контра и полуконтра,на крај не можеа никако да дадат гол од позиционен напад,мораше Хансен да вади шутеви од кај стигне....
Имаа шанса за реми на крај,имаа контра ама Мелиќ ја промашимшутна во раката на голманот на Данкерк(Жерар)кој имаше солиден меч,баш во завршницата скина неколку зицери од 6 метра,ова беше клучно....(додуша и неколку од шутевите го погодија во тело)...
Многу паметно изигра Данкерк во напад,на граница на пасивен напад,чекаа да се направи пукнатина во зоната на ПСЖ и успеваа...
Голема недисциплина во играта на Псж...не можеа да останат компактни во одбрана,освен на моменти,и си користеше Данкерк,се ствараше вишок,пред се на пикер,ги избушија од таму...
Наполно заслужена победа на Данкерк,Патрик Казал го уби во поим ПСЖ....
Не е се до парите дефинитивно...
Да не изгубеа веќе добиен меч со Нант прошлата недела Данкерк веќе со едната рака ќе имаа титула во џеп,вака се направи интересна борбата за титула....
Сега Псж заостанува 3 бода зад Данкерк,го изгуби второто место,сега Монпеље е втор,како тргнале работите Псж ќе го истиснат на трето да игра квалификации за ЛШ...
