Забранета продажба на џамлии во Македонија

Нека забранат и змаеви летање пошо деца трчаат гледајќи нагоре, може да паднат во дупка не дај боже или да се ѕвекнат со глава во бандера.

Никогаш не знаеш што може да се деси...
 
Мене ми текиња кога си игравме џамлии со Ставрогин он постојани ми викаше: што би се десило ако проголтам една? :)
--- надополнето: 12 декември 2013 во 14:05 ---

Мене ми текнува кога си игравме со сестра ти, стално ме прашуваше што ќе биде ако голтне?

:X3:
 
Во денешно време не им требаат џамлии за во мало... можат да играат со џамлии на компјутер или на Ајфонот.................... Катастрофа :facepalm:

Може кога се ептен мали децата и не разбираат да ги проголтаат, но ти кога е мало детето сигурно џамлија нема да му дадеш, туку ќе му дадеш мече, тропалка........., ако е за тоа што градат во Скопје зграда од 100 ката, децата може ќе се џиткаат;):D

Ееее до каде стигна светот...
 
А пиштолите-детски-пластични со пластични дијаболи,никако да ги забранат
уште колку деца треба да постанат инвалиди за конечно да им текне дека се опасни.
 
Предлагам отварање на Агенција за помагање на сите деца настрадани од џамлии и нормално вработување на едно 400-1200 граѓани од чисто социјален карактер.

Исто така мислам дека треба да се воспостави регулаторно тело за копање на шлајки,не е зафрканција луѓе шлајка ќе помине некој пензионер ќе се сопне ќе се сокапе кој ќе го гледа.Треба да се има посебни региони обележани и со потребна документација за деца да смејат таму да копаат и да си играат.Мислам дека околу 1000-2000 административци би ја завршиле работата.
 
Дете како дете, прво ќе ја голтне џамлијата, после ќе се налапа песок.
 
Џамилиите ми ги отекоја од носење на небулозни закони.:cenzura:
 
Кај мене у маало децата отсекогаш си играле со ножеви, калаши и бомби. Џамлии е за пизди:P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom