Сепак го нема истиот ефект, кога религија преминува во традиција веќе е показател дека општеството се лекува, традицијата потешко се наследува од колено до колено. Така да далеку сме од некое конзервативно општество, и покрај тоа што има такви знаци, величината на знаците веќе е индивидуално толкување, безразлика што и за мене се ептен запрепастувачки големи, кога мојот најдобар другар не можам да го разубедам се нервирам до не знам колку....
Полтичката елита во Македонија ни е скапана, признавам, тоа најмногу вам ви прилега, лесно коруптивни, популисти. Невладини организаци нема овде, а албански уште помалку, и тие активистишто се појавуваат се партиски полтрони, немаме здраво општество ни македонско ни албанско, затоа немало ниту еден асален протест досега, а имаме безброј причини.
Ако си искрен со ова што го напиша целосно се согласувам со тебе, албанците немаат лидери, немаме асални богати семејства, после заминувањето на турците сите богати балканци особено албанци во Македонија се збришеа, до осамостојувањето немало богат албанец во Македонија, без богата аристрокрација нема народ кој ќе просперира, народ без глава бевме, и денеска тие богати што ги имаме се некои релативно нови, без пракса, затоа имаме такви политички партии и лидери....
Ако ја анализираме партијата на Аљи и нивните *богати* веднаш можеме да заклучиме што се има во таа партија, истото важи и за ДПА...
Со вакви партии многу лесно може да се инфилтрира секаков злонамерен капитал кој воопшто не се убидувам да го негирам, знам дека го има....
Не знам по кој основ рамковниот е злосторство, тој е лек за ова општество...
Не се сите македонци со десетки вработени во државни инст. да не се лудуваме овде, ниту не се сите албанци со шестки.
И не го одбранев протестот за ослобдување на убијците, затоа што таков протест немаше, но истотака знам дека требаше да има билокаков протест после тој случај...