Опис на книги за yolo swag лица

  • Креатор на темата Креатор на темата Max Legend
  • Време на започнување Време на започнување

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Возраст
41
Локација
Somewhere in Midland
Бидејќи има се повеќе и повеќе луѓе од поновите yolo swag генерации кои не знаат за литературните класици и ги мрзи да чачкаат на нет и вики за да видат барем за што се работи, се понудив да им ги опишам дејствијата на многу јасен начин како не би се изгубиле во сложеноста на истите.

Браќа Карамазови - се работи за двајца браќа кои имаат тежок живот во Москва, но со интересен пресврт дознаваме дека не се браќа туку сестри, а воедно и лезбо вампири. Книгата доловува колку е тешко да живееш во средина која не ја прифаќа твојата сексуална ориентација, а камоли да си вампир.

Злосторство и казна - КГБ испраќа свој агент низ времето за да го убие Хитлер, но тој на крај ќе соработува со нацистите. Нацистите ќе го затворат откако ќе ги добијат потребните планови за временска машина. Еден од моите најомилени сф романи.

Ана Каренина - Ана работи за отпорот против нацистите во Парис. Таа има за задача да добие витална информација за сојузниците, а за да ја добие таа ќе мора да ја стекне довербата на Jubba the Hutt. Како што одминува времето Ана сваќа дека Jubba е многу повеќе од лигава дебела вреќа и се раѓа љубов помеѓу нив.

Мали жени - животот на девојки кои од мали нозе се присилени на брак со постари мажи. Книгата е инспирација за оскаровецот Малечката невеста.

Војна и мир - епски роман кој дава одговор на вечната дилема - дали SONY има супериорност во однос на Microsoft во поглед на конзолите за видео игри?

Крпен живот - автобиографијата на Доналд Трамп за тоа како успеа да ја преживее Бранковата транзиција и стана еден од најмоќните луѓе во Македонија.

Оливер Твистовиќ - правната борба на еден дечко за законско носење на розе шајкачи во Шумадија.

Големите очекувања - визионерско дело на Чарлс Дикенс за лотариската треска на македонскиот народ во 90 - тите години од 20 - от век.

Пиреј - вечниот непокор на македонскиот народ за самостојност. Најдобрите од македонската научна елита создаваат сајбер човек со помош на старо железо (кој тотално не е Робокоп) со примарни директиви да го штити македонскиот народ и црква од надворешни влијанија.

Пиреј 2- продолжение на првиот Пиреј, само што новиот заштитник се вика Барок Коп бидејќи компонентите кои се приклучуваат кон него се од спомениците од Скопје 2014.
 
Зошто воопшто се замараш со вакви работи? Ако ги мрзи да бараат едноставно,остај па да видиме што ќе напраат :)
 
Толку ти е досадно?
--- надополнето: 29 ноември 2013 во 22:01 ---
Оф, сега видов дека уствари не било тоа тоа :confused:
 
Хамлет

Разгален тинејџер исфрустриран од неговите себични родители кои не му купуваат нов телефон ќе почне да зема халуцогени дроги. Заплетот започнува кога во еден бед трип ќе му се појави Драган Вучиќ кој ќе му ја открие тајната на универзумот...
 
Идиот, роман наменет исклучително за женски читатели препорачливо домакинки, се работи за оженет човек, чија жена дознава за неговото вомбрачно дете. и покрај тоа што таа е спремна да му опрости за тоа што тој го криел од неа, тој продолжува да ја изневерува и да лаже дека останува до касно на работа, се додека една од неговите љубовници останува бремена и он дрско се нуди да и плати за абортусот или да отпатува некаде далеку за да го одгледа сама
 
Хамлет

Разгален тинејџер исфрустриран од неговите себични родители кои не му купуваат нов телефон ќе почне да зема халуцогени дроги. Заплетот започнува кога во еден бед трип ќе му се појави Драган Вучиќ кој ќе му ја открие тајната на универзумот...
Тајната на Сано сокчињата.
 
Чекајќи го Годо.

Дејството се случува за време на втората светска војна, во полски град и почнува со случка каде двајца офицери, еден германски и еден бугарски го чекаат Годо, руски снајперист да заврши со голема нужда. На германецот за нијанси повеќе му се оди во веце па го испраќа бугаринот да краде текновски раткапни за него. У вториот дел, каде што Годо веќе посегнува по тоалетната хартија и се наѕира крајот на неговата епоха у тај тоалет, се слушаат британски бомбрадери и алармот за евакуација во букерите. Коа Годо го насетил ова, сфаќајки дека нема време да се избрише како човек, истрчува и оди право во бункерот. После тоа имаме псхиолошки опис на германецот и неговото двоумење дали да оди во тоалет и да се олесни или посерен да оди во букнерот и да се спаси. Го одбира првото и трагично умира при бомбардирањето.
 
50 Shades of Grey

Aaaaaх! Ааааах! Еби ме како да нема утре! Разори ме! Помножи ме со нула! Сакам да се топам, лигава како твоето плодородно млеко!
 
Втор дел (оти првиот не беше доволен)

Големиот Гетсби - секс скандал во американскиот Стејт департмент има некаква поврзаност со падот на Грција, крахирањето на САД и ЕУ и повторниот подем на Македонија.

Да се убие подбивната птица - Грегори Пек со години ја тера својата мисија Обединетите Нации да ги прогласат турските и индиските серии за злосторства против човештвото и меѓународното право.

Божиќна приказна - Ченто несакајќи го прегазува Дедо Мраз наспроти Божиќ. Пред да умре, Дедо Мраз му вели на Ченто дека мора да ја превземе неговата санка и да ги даде подароците на децата, во спротивно светот ќе пропадне. Дали Ченто ќе го спаси Божиќ и светот?

Гавранот - Даме Груев, Никола Карев и Јане Сандански одат со своите девојки во викендицата на Јане на Охридското крајбрежје. Тие не се свесни дека во тој предел демнее сериски убиец со хокеарска маска.

Отело - трагична драма на еден албански трговец на жени и деца кој конечно мора да почне со законита трговија откако полицијата му ја открива скриената шема на црниот пазар.

Чекајќи го Годо - еден човек чека тип кој се вика Годо, за на крај да се испостави дека човекот се буди од долгогодишна кома во која го сонува истиот сон. Тој човек е Лео ди Каприо, а Годо е всушност алузија на неговите номинации на оскар за најдобра машка главна улога во филм.

1984 - продлабочена анализа за холивудската филмска индустрија во раните 80 - ти.

Одисеја - Адолф Хитлер ја лажира својата смрт кон крајот на втората светска војна и во своите тајни бази на Антартикот создава војска на супериорни вампири нацисти. Само Гоце Делчев може да го спречи.
 
РОМЕО И ЈУЛИЈА
Ромео и Јулија се жабари од Верона кои се смувале. Ама старците им биле скроз заебани и уопште не се поднесуеле пошто биле у ист бизнис ама у различни фирми. На овие им било посер да не ги фатат и да им го скинат џепарацот па се глеале тајно. И така на 50 страни они као нешто се кријат и серат како се сакаат али никако да се поебат. И на крај, улетуваат у лош трип и се рокнуваат.

:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom