Max Legend
The black swordsman
- Член од
- 27 септември 2010
- Мислења
- 4.339
- Поени од реакции
- 6.479
- Возраст
- 41
- Локација
- Somewhere in Midland
Бидејќи има се повеќе и повеќе луѓе од поновите yolo swag генерации кои не знаат за литературните класици и ги мрзи да чачкаат на нет и вики за да видат барем за што се работи, се понудив да им ги опишам дејствијата на многу јасен начин како не би се изгубиле во сложеноста на истите.
Браќа Карамазови - се работи за двајца браќа кои имаат тежок живот во Москва, но со интересен пресврт дознаваме дека не се браќа туку сестри, а воедно и лезбо вампири. Книгата доловува колку е тешко да живееш во средина која не ја прифаќа твојата сексуална ориентација, а камоли да си вампир.
Злосторство и казна - КГБ испраќа свој агент низ времето за да го убие Хитлер, но тој на крај ќе соработува со нацистите. Нацистите ќе го затворат откако ќе ги добијат потребните планови за временска машина. Еден од моите најомилени сф романи.
Ана Каренина - Ана работи за отпорот против нацистите во Парис. Таа има за задача да добие витална информација за сојузниците, а за да ја добие таа ќе мора да ја стекне довербата на Jubba the Hutt. Како што одминува времето Ана сваќа дека Jubba е многу повеќе од лигава дебела вреќа и се раѓа љубов помеѓу нив.
Мали жени - животот на девојки кои од мали нозе се присилени на брак со постари мажи. Книгата е инспирација за оскаровецот Малечката невеста.
Војна и мир - епски роман кој дава одговор на вечната дилема - дали SONY има супериорност во однос на Microsoft во поглед на конзолите за видео игри?
Крпен живот - автобиографијата на Доналд Трамп за тоа како успеа да ја преживее Бранковата транзиција и стана еден од најмоќните луѓе во Македонија.
Оливер Твистовиќ - правната борба на еден дечко за законско носење на розе шајкачи во Шумадија.
Големите очекувања - визионерско дело на Чарлс Дикенс за лотариската треска на македонскиот народ во 90 - тите години од 20 - от век.
Пиреј - вечниот непокор на македонскиот народ за самостојност. Најдобрите од македонската научна елита создаваат сајбер човек со помош на старо железо (кој тотално не е Робокоп) со примарни директиви да го штити македонскиот народ и црква од надворешни влијанија.
Пиреј 2- продолжение на првиот Пиреј, само што новиот заштитник се вика Барок Коп бидејќи компонентите кои се приклучуваат кон него се од спомениците од Скопје 2014.