Со овој пасош без визи и во ЕУ и во САД!

  • Креатор на темата Креатор на темата blanco
  • Време на започнување Време на започнување
Па не морале до таму. Даневски, Даравелски, Димов, Тамбурковски (па и овие што ги убија децата, не знам со нив што направија, изгледа ништо) се ред ликови што се сместија кај соседите и си свиркаат. Е сеа, не се на море.
 
Имам живеано во Малта 6 месеци и искрено не е лоша земја , иако е 3 пати помала од околината Штип.

Имат 7-8 пати ( и тоа у туристичка сезона ) помалце жители од Македонија.

Ова им е, според мене , план за да привлечат население на островот.
Слиема, Ст.Џулианс, Пачевил, Валета се добри места за живеење, но проблемот е тоа шо можеш да почнеш таму добро, но не можеш да се шириш , да се надоградуваш. Пред неколку декади беа полоши од македонско село во Дојран ( без навреда ), доживеа експанзија заради туризамот и сега очигледно сакат повеќе. Сега се ко Охрид , само у понапредна состојба :D

Мислам дека сакат да привлечат луѓе од повисока класа за да можат да напредуват. Моментално се борат со илегални мигранти највеќе од Либија кои работат за нешто од 500-800 евра месечно , што за тамошни услови е ко 7-8.000 ден тука. Па сега сакат донесат побогати луѓе и компании. Моментално се наоѓаа во голема експанзија , на велико се гради низ Малта. Практички на секој агол имат кранови и градежни локации.

Во екот на туристичката сезона, која рака на срце трае 5-6 месеца , пошто 300 дена годишно немат ни облак на небото , а камоли дожд во Малта, врие од луѓе. полно е со туристи. Ги има од секаде. Највеќе се италијанци,па руси, па британци, а има и доста шо се од Балканот, и ретко се наоѓа по некој наш.

Обично Малта е ко рај за пензионери, ко Флорида. Тука се преселуваат кога се пензионираат, на Малта или на Гозо ( помал оствор северно од Малта ). Либерална држава , без предрасуди,барем јас не забележав. Народот е ок, јазикот им е многу , многу сличен на арапскиот ( мешавина од 7 јазици е ) , ама имат два официјални јазика, од кои еден е англискиот, па лесно може да се комуницира , ако знаете основен англиски.

Значи климата е ок, народот е ок, просечната плата е околу 2000-2.500 евра ( најниската плата е 500 -1000 евра за илегалци ), бутиците им се снабдени со сите брендови, маркетите им се огромни исто така добро снабдени.
Ако сакате мачки , тогаш Малта е место за вас , пошто таму мачката се смета за свето животно. И исто така запазени се правата на животните.

Искрено, може да се живее таму солидно, но не е за големи очекувања.
 
Американците мислам дека бараа околу 500 000 $ итоа да ги инветираш во недвижнини или опрема и автоматски добиваш државјанство.
Што им е на овие Малта...што се занесуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom