Имам живеано во Малта 6 месеци и искрено не е лоша земја , иако е 3 пати помала од околината Штип.
Имат 7-8 пати ( и тоа у туристичка сезона ) помалце жители од Македонија.
Ова им е, според мене , план за да привлечат население на островот.
Слиема, Ст.Џулианс, Пачевил, Валета се добри места за живеење, но проблемот е тоа шо можеш да почнеш таму добро, но не можеш да се шириш , да се надоградуваш. Пред неколку декади беа полоши од македонско село во Дојран ( без навреда ), доживеа експанзија заради туризамот и сега очигледно сакат повеќе. Сега се ко Охрид , само у понапредна состојба
Мислам дека сакат да привлечат луѓе од повисока класа за да можат да напредуват. Моментално се борат со илегални мигранти највеќе од Либија кои работат за нешто од 500-800 евра месечно , што за тамошни услови е ко 7-8.000 ден тука. Па сега сакат донесат побогати луѓе и компании. Моментално се наоѓаа во голема експанзија , на велико се гради низ Малта. Практички на секој агол имат кранови и градежни локации.
Во екот на туристичката сезона, која рака на срце трае 5-6 месеца , пошто 300 дена годишно немат ни облак на небото , а камоли дожд во Малта, врие од луѓе. полно е со туристи. Ги има од секаде. Највеќе се италијанци,па руси, па британци, а има и доста шо се од Балканот, и ретко се наоѓа по некој наш.
Обично Малта е ко рај за пензионери, ко Флорида. Тука се преселуваат кога се пензионираат, на Малта или на Гозо ( помал оствор северно од Малта ). Либерална држава , без предрасуди,барем јас не забележав. Народот е ок, јазикот им е многу , многу сличен на арапскиот ( мешавина од 7 јазици е ) , ама имат два официјални јазика, од кои еден е англискиот, па лесно може да се комуницира , ако знаете основен англиски.
Значи климата е ок, народот е ок, просечната плата е околу 2000-2.500 евра ( најниската плата е 500 -1000 евра за илегалци ), бутиците им се снабдени со сите брендови, маркетите им се огромни исто така добро снабдени.
Ако сакате мачки , тогаш Малта е место за вас , пошто таму мачката се смета за свето животно. И исто така запазени се правата на животните.
Искрено, може да се живее таму солидно, но не е за големи очекувања.