Ѕвездата од Кутлеш, потекнува од Азија.

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
Eден симбол во последните 15-ина години се случи да добие погрешна конотација.

Не знам од каде таква категоризација… можеби поради спорот кој нашата земја го има со соседна Грција, но сепак се случи еден прастар култ кон сонцето да биде сосема погрешно интерпретиран, бидејќи го земаме за свој и така ги препознаваме предците и ги одделуваме од другите, на некој начин...
Така наречената “Ѕвезда од Верина”, која начелно го претставува соларниот култ, своите почетоци ги има на далечниот исток и тоа на рељефот од една стела од Ур-Наму, Меспотамија, отпилика датирана 2 100 год. п.н.е. Всушност овој знак или симбол за прв пат се појавил и пред 2 500 -та год. п.н.е. на еден печат од Вавилон. Ѕвездата очигледно пропатувала низ времето и низ просторот од Месопотамија преку Мала Азија и островите на Егејот, па се до Европскиот континент, т.е. се до Требениште, крај Охридското Езеро, па и понатаму. Најчесто се појавува со парен број знаци 4,6,8,12,16,32, но но постојат примери и на ѕвезди со 5 или 7 крака (парните броеви се по потекло од Месопотамија и се во корелација со астрологијата на вавилонските ѕвезди).
Подоцна, особено во 1-от миленум, ѕвездата ќе стои покрај деведесеттина божества и други фигури, како: Афродита, Уранија, Аполон, Кибела, Диоскурите, Хелиј, Херакле, Персефона, Зевс итн. Со неа подоцна ќе се поврзат и 44 историски личности – владетели, како Филип II Македонски, Александар III Македонски, Касандар, Октавијан Август, Елегабал и други.
Ѕвездата ја има и на многу монети исковани од медитеранските градови во рано античкиот период, па дури и врз монети од далечната јонска колонија Месалија, на јужниот брег на Франција.

На монетите на античките кралеви на Македонија, за прв пат се сретнува на една тетрадрахма на Филип II. Но ќе да е тоа една од последните карики во овој долг ланец на претстави. За да не настане забуна, во прилог ви давам и една табела, според истражувачот Е. Митропулу, која анализирала околу 400 предмети од материјалната култура каде е претставена ѕвездата:

ВРЕМЕ МЕСТО

2700-2500год.п.н.е
- Месопотамија
2300-2100год.п.н.е
- Месопотамија

1600-1200год.п.н.е
1. Крит
2. Пилос
3. Месопотамија

1200год. п.н.е.
- Месопотамија
7 век п.н.е.
1. Феникија
2. Кипар

6 век п.н.е.
1. Беотија – Танагра
2. Лаконија (Пелопонес)
3. Атика
4. Охрид (гробовите од Требениште)
5. Клазомена (525-500год. .п.н.е.)

5век п.н.е.
1. Атина (445год п.н.е.)
2. Рамнус на Атика
4век п.н.е.
1. Еретрија
2. Вергина (Кутлеш), гробница 2 (по 320г.)
2век п.н.е.
- Неаполис
1век п.н.е.
- Амисос

1век н.е.
- Елеусина

п.с. не постои никаква Ѕвезда од Вергина како тотем …тоа е всушност една сосема обична Ѕвезда која доаѓа од Истокот.

- Овој симбол, лично не го гледам и толкувам како вид на ознака која го користат Македонците и така се индификуваат, а како објаснување по претопосавка го споредувам овој симбол со христијанскиот симбол т.е крстот, кој преку религија и традиција се мушка низ нашето постоење и во тоа секако не гледам ништо негативно...

Литература
J. B. Segal, IX, sabijske misterije, vo monografijata, Izcezle civilizacije, Jugoslavija, beograd, 1965, 201-220.
Е. Димитрова, Најстарите христијански симболи, Скопје, 1995, 28-30.
M.E.L. Mallowan, III Rodjenje pisane istorije: pocetak civilizovanog zivota: Mesopotamija i Iran, vo monografijata Osvit civilizacije, Jugoslavija, beograd, 1969, 65-96.
Н. Шелдаров-В. Лилчиќ, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија, 204-207.

автор: М-р. Василка Димитровска, археолог и основач на ХАЕМУС.
 
Eден симбол во последните 15-ина години се случи да добие погрешна конотација.

...

:facepalm: Ова што си го постирал иде во одбрана на ставот на либералот Ивон Величковски.Ти да не си Ивоне?
 
:facepalm: Ова што си го постирал иде во одбрана на ставот на либералот Ивон Величковски.Ти да не си Ивоне?


Ставот не е мој, ова не е нешто анти, него причина за дискусија. За Ивон слушам прв пат.
 
А соларните симболи по карпите низ Македонија (само низ оваа Вардарската на пример, остави го целиот Балкан) - и тие се Вавилонски? Врежани се далеку пред да биде изграден Вавилон.
 
"Зарем Сонцето не свети подеднакво за сите?!!"

Различен може да биде само стилот на претставување.
И токму тоа е тоа.
 
Василка откри топла вода.

Култот на сонцето се манифестирал во разни времиња и кај разни култури.
Симболиката на сонцето за нас е значајна поради тоа што тоа се појавувало и на монетите, воените штитови и шлемови, на делови од облеката, храмовите и на украсните елементи.

Е сега, темпирањето на овој текст со обидот за законска само-забрана на ЛДП ич не ми се свиѓа, ако целта е да се припрема терен за нешто такво, на овој форум тоа нема да се случи.


Една од последните шок-бомби фрлени во нашево општество, а која мене ме инспирира и ме поттикна да го напишам ова писмо, беше залагањето на претседателот на Либералната партија г. Ивон Величковски македонското Собрание со закон да го ограничи јавното користење на симболот со сонцето од Kутлеш. Демек, така ќе сме биле поконструктивни и во подобра позиција од Грција во преговорите за името на државата. Сето тоа било за наше добро...

Според моето скромно лаичко мислење, ваквите ставови на македонски политичари, новинари и јавни личности без разлика колку се влијателни, авторитетни и познати во општеството се арско ѓубре за никнување на разни моркови, ореви и друг неавтохтон зеленчук, кој својот горчлив вкус сака да го посее и изникне во „Вашата земја“.

Разговарајќи за вакви непристојности, дури и на улица, а камоли во Македонското собрание, ние всушност се фаќаме на јадицата на ваквите конструктивни либерали, чија скриена цел е дебата за идентитетски прашања, зашто разговори за национални симболи и обележја не е ништо друго освен обид за преструктурирање на нечиј идентитет. Сите знаеме кој се радува и кому му се потребни вакви дебати. Полемика за национални симболи е пластелин политика на несозреани, несериозни и корумпирани личности, на кои ништо не им е свето. Ние не учиме од сопствените историски и стратешки грешки, а тие упорно ги користат нашите слабости. Ваквите предлози, како овој на г. Величковски, јас ги разбирам повеќе како мисловни амортизери за ублажување удари, предизвикани од халуцинациите на господата Василакис и Папулјас. Некој треба да ги оправдува бедните неонацисти и нивните белосветски поддржувачи. Денес тоа е Ивон, утре ќе биде некој друг, с` е дозволено во овој свет, но не е с` и корисно. г. Величковски, со ваквите антимакедонски и геноцидни залагања, работи на планот на одврзување на снопот и лесно кршење на секоја прачка поодделно. Опис и попис на неговото работно место е да н` раскарува и скршува, наше е да се спротивставуваме, да ги збиваме редовите, во никој случај да не се плашиме и да издржиме. Правдата и вистината секогаш победуваат, а тие се на наша страна. Така Бог го устроил светот, Он се грижи за своите најмали. Македонскиот народ и во потешки времиња, во неслобода под тежок туѓ јарем, успеал со Божја помош и поткрепа да опстои и да преживее разни обиди за асимилации. Знаел да препознае кој е неговиот вистински водач, а кој наметнат со јагнешка кожа, работи за интересите на туѓи бели дворови.


Митрополит Повардарски Агатангел (Станковски)

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=5D40A26A5BE61941B6607F282918D329&fb_action_ids=562612983810164&fb_action_types=og.recommends&fb_source=other_multiline&action_object_map={"562612983810164":543786142356629}&action_type_map={"562612983810164":"og.recommends"}&action_ref_map=[]
 
И кај индијанците постоел истиот култ (во разни сликовни форми). Сега што правиме?
Друга работа е што македонскиот симбол не бил едноставен сончев симбол туку е еден од најсофистицираните симболи создаден, дури и до денес. Покрај тоа , покрај обичен сончев симбол (и симбол на ѕвездата Деница) тој го претставувал и она што денес се нарекува “ружа (роза) на ветровите“ (презентиран е на секоја географска карта, најчесто во левиот горен агол).
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 22:24 ---
Ивон не е морков, уште помалку пак е орев. Тој е една обична, бедна, генетски модифицирана краставица :)
 
Глупости наведени во грониот текст. Јас незнам кој има го даде тоа право на Гејовите во 1995 да забрануват знамиња и симболи со кој се идентифицира еден народ. Факт е дека огромен дел од денешните држави се идентифицират со неколку симболи читај ѕвезда во различни изведби, потоа орел, сонце и тн. Јас не сум слушнал некој на некого да му го оспорил правото на користење. Факт е дека Гејчиштата прават исклучоци во многу полиња а вакви изроди како тој од ЛДП шо нема два листа македонска историја прочитано само ги подржуват во нивните малоумни намери за уништување на Македонците и тоа од корен.Исто се однесува и за погорниот текст кој не претставува ништо друго туку очајно барање на влакно во јајцето кое подоцна ќе служи како аргумент за тоа дека цел свет има право да го користи сонцето кое пат претставува вековен симбол на Македонија и Македонците. Под тоа сонце се бореле Македонците уште во античкото време а помалку или повеќе се провлекувало низ историјата и до ден денес.
 
Обрнете внимание на оваа реченица:
беше залагањето на претседателот на Либералната партија г. Ивон Величковски македонското Собрание со закон да го ограничи јавното користење на симболот со сонцето од Kутлеш “

Со закон се ограничува слободата. Ограничување на слободата се врши само за да на други луѓе им се овозможи иста таква слобода.
Кому пречи ако некој користи одреден симбол?
Овој политичар е мртов - политички се самоуби. А зошто го направи ова, за мене е загатка
 
Потекло на симболите лавот и сонцето водат од


Oldest trace of this emblem goes back to Shahanshah Artaxerxes II of Achaemenid Dynasty's (404 BC - 359 BC) Era during 4th Century BC. Anahita (Ancient Persian Goddess) on Aryan Lion's back, holding a barsam, while Mitra (the Holy Sun Goddess) represented by the sun, shines behind her. All in front of the Persian Tricolor Banner waving in background.

Ancient%20Iranian%20Lion%20&%20Sun%20Artaxerxes%20II%20&%20Anahita%20404BC-359BC%20Carving.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom