Сериозна е оваа? Што сака да постигне со текстот?
Секако култовите на природните појави дека прво се јавиле кај постарите цивилизации, односно на стариот исток.
Абе сонце, вода, гром... не мора некој да ти го наметне за да веруваш во тоа. Во основно се учи дека не можејќи да ги објаснат некои појави си верувале во култови на истите, исмислувале божества итн.
Култовите немаат единствен сопственик, симболите немаат единствен сопственик.
Тука култот на сонцето си го има и тоа е запишано кај Херодот во легендата за Теменидите и основањето на македонската држава во антиката. И Максим од Тир за македонското племе, Пајонци запишал дека го слават Хелиј. Божицата Ма имала соларен карактер. Бронзената дијадема од Вергина се датира од 9ти век стара ера. Култот на сонцето може да се забележи на штитови, на монети, пример на монети на пајонските племиња, па кај Филип втори, Касандар итн се до крајот на антиката сончевата розета се смета за македонски симбол.
Тоа што и некои други народи претходно имале култ на сонцето (што е логично повеќето народи да имаат) не го менува фактот дека култот на сонцето кај Античките Македонци заедно со култот на водата се едни од главните култови. Абе и превземале, им давале своја интерпретација, други карактеристики, ама пак не го менува фактот дека тоа нешто некаде е култ и дека народот со него се идентификува.
Е сега зошто прифатено е ѕвездата од Вергина односно Кутлеш, најверојатно затоа што што се смета за најран приказ на сончевата розета.