Тоа е една капка во морето. Збориме за противник кој е една година во воена состојба, кој има поминато неколку бранови мобилизација, кој има оспособено и ставено под оружје огромен број на луѓе, кој има добиено голема воена помош и сериозни системи за против воздушна одбрана и кој се има спремано за такво сценарио со покривање на сите клучни точки. Теренот таму е со стотици квадратни километри шума и еден куп реки, што е смрт за логистика и воени конвои и го фаворизира тој што брани.
Дури и со 400 илјади добро спремени и вооружени војници, многу опрема и логистика (нешто што немаат),можеби ќе стигнат до Киев, Ривне или Житомир со десетици илјади жртви.
Мене ова сценарио за напад од север ми е искрено малку лудо.