Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Всушност многу постабилен е Азискиот/Сибирски дел од Русија, него ли овој Европскиот дел кон кој припаѓа и оној Кавкаскиот појас каде што живеат повеќе милиони Муслимански народи, не мислам само на Чеченците секако, ги има повеќе народи во тој регион. И не само во Кавкаскиот регион, туку некои Муслимански народи живеат и во Волго-Уралскиот предел од Русија како на пр. Татарите во Татарстан, Башкирите во Башкирија и др.
Areas in Russia where Islam is the largest religion. Islam makes up the majority in: Tatarstan, Bashkortostan, Dagestan, Chechnya, Ingushetia, Kabardino-Balkaria, Karachay-Cherkessia.
Ко че то да плати Милораде?Американците преговарале
Спремаат нов пакет од 50 милјарди за Украина за 2023.
Дали е ова последниот милион војници од Украинска страна пред да се разбудат дека гинат за џабе?Како што разбрав многу од нив биле партизани во Херсон т.е. од отпорот.
Иначе гледам Украинците се фалат со некоја операција Триден за која спремаат 950.000 војници. Ваљда за напад во 3 правци. Не знам дали е вистина.
Америте имаат изрека -колоквијализам всушност: ain't over until the fat lady sings... Има време, ќе видиме (сакале неќеле).Vanlok, dali mislis deka SAD posle ovie 8 meseci se oslabnati? Nekoj moze da pomisli, deka sprotivnoto se desi odnosno desava.
Богами види го Клинтон почнал да се дрога и тој.Ваква еуфорија на темава не сум видел од исис стил офанзивата во харкивската област... Барем знаете да се радувате, оние „русофилите“ од темава не ги бива за вакво радување ни на најголемите руски победи.![]()
Поверојатно ми е второто. Ротацијата на кадар повеќе укажува на тоа. Мислам дека пробува да ги пронајде доветните.Е па или е тоа, или рускиот воен е врв е тотално недоветен.
Бирај![]()
Овие ти се иста категорија на луѓе како на видеово од 0:05Факт е дека само идиоти, дилбери и билмези може да се радуваат на било што од овде на дискусијава (ок со чесен исклучок на радувањето за можноста САД глобално да ослабат).
Поверојатно ми е второто. Ротацијата на кадар повеќе укажува на тоа. Мислам дека пробува да ги пронајде доветните.
Се додека испраќа рубљи, сите шанси на светот ги има.Ќе ги најде, дајте му шанса.
Ова со муабетите дека источните територии на Русија ќе се припоиле кон Кина и Монголија е малку нереално од статистички причини. Мнозинството се Руси, во добар дел се над 85%/90% руси. Тоа што се вика Република Буратија е како да се тешат дека имаат некаква држава бурјатите, реалноста е дека мнозинството се руси. Имаат и за какашите(така вајда се викаат) република, во таа република русите се 80% овие 12-13%. Освен во онаа Тува република се малцинство русите, од 250 000 жители само 50 000 се руси. Тука има шанси за независност. Најисточните Приморски и Сахалин се 90%+ Руси. Да имаа некој ептен јак стандард истокот се сомневам дека некој од Владивосток ќе оди 10 000км на другиот крај од Русија да умира во калта околу Павловка. Преголема асимилација имаат направено на истокот.
И Кадировци без парите од Москва треба да се обединат со Дагестан и да глумат Џек Спероу по Каспиското море затоа што освен земјоделие за друго нема што да ги биде. Таму по Кавказот ако тераат независност. Fun fact од некоја емисија што начекав, народот по тие планински руски републики во кавказот подолго живеат и од овие од Москва. Просечен дагестанец живее неколку години повеќе од просечен московјанин. Кадировците имаат поголем животен век него русин во Санкт Петерсбург.![]()
Видете, да беше Русија богата држава или барем со голем еконономски развој, верувам дека многу поголем дел од Украинците ќе беа повеќе наклонети кон неа и нејзино приближување, и дури и пак да дојдеше до војна - не би имало толкав отпор да бидат припоени. Но бидејќи со векови виделе само страдање и геноцид од страна на Русија, и Русија апсолутно ништо нема што да ѝ понуди на Украина - затоа се случува ова што се случува.ОМГ, граѓанска војна во Русија.
Абе секоја чест на мислењето. Ни требаат повеќе вакви луѓе.
Русија веројатно е една од поретките земји каде иако имаат доста различни етнички групи, скоро и да не постои барем една што може да прави проблеми, освен народите околу Кавказот, кои и историски се сепаратистички настроени. Но ти не мислеше на нив и проблемот со нив е многу фино решен од страна на Путин. Остатокот, не е ни оддалеку поларизиран за да има барем некакви изгледи за конфликт. Напротив, прилично се блиску политички, зборувам за односите меѓу Русите. Другите етнички групи се толку малобројни што не можат ни да мрднат. Мислам побрзо би го обвиниле Путин зошто не ја почна војната порано или зошто не употребува нуклеарно оружје отколку што било друго.
Пишував на темава пред да почни војната кога имаше прилично силни мислења дека Русија брзо ќе ја реши (имаше значителна веројатност за ова) Украина, дека исходот од било која војна не може да се знае во текот на војната и дека премногу фактори се во прашање. Колку што знам, војнава сеуште не е готова, или грешка сум?
Апла оф-топик ти е муабетов, али ај....Абе смени троа медиумите и види што се случува надвор во светот.
Тие Кинезите веќе градат градови кои се научна фантастика за најголем дел од метрополите на тие Европските земји.
Еве ги тука ја купија пола Австралија, ела да видиш што прават на тукашните аукции. Куќи кои реално чинат по 700к-1 милион ги дигаат и до 2 милиони, и плаќаат како од шала, и тоа фаци што вчера стапнале на тукашно копно. Во сообраќај мислам дека најголем дел од нив возат SUV, или пак висока класа на лимузини/спортски возила.
Еве ти да се просветлиш малку:
Останатите наоколу веќе трчаат на истата патека, реалноста вика дека парите ќе одат на таа страна од светот.
Еве да видиш што се случува во околните:
А за Арапите да не правиме муабет, еве ги почнаа да го градат и The Line.
И да, парите во наредни 50 години ќе завршуваат во Азија и тоа ќе биде центарот на моќ сакале да признаеме или не. Ги имаат сите можни предуслови за тоа: многу работоспособно население, култура со нормални вредности а не изроди како што почнаа да форсираат западњаците, народ кој е спремен да загине и убие за татковината, технологија која беше развиена пак од истите нив само на територијата од САД и истите глупаци им ја вратија назад оти сакаа да направат некоја банка повеќе со аутсорсинг, и го дополнија тоа што им фалеше - ефтини енергенси од Русија.
Епа нека свири Европа сега, ќе им моча САД течен гас по 10 пати повисока цена, и да се најпаметни/најнапредни, пак нема да се конкурентни на пазарот.
Последните месеци темава е поголем дел офтопик и ова е повеќе поврзано со темата отколку очајните сарказми и копиум постовите. За тоа дека нема што да понуди Русија економски тоа се знае. Зборуваме за некаков распад на источните територии што без странска интервенција не е можно.Етнички не се многу поблиску до тие источни земји , доминантно население ти се етнички руси и без оние асимилирани "руси" со изразити азицски и турски црти. Азискиот дел е доволно богат со ресурси и не им треба Москва да ги одржува. Јапонија и Кореа не сакаа да се откажат од гасот од Сакхалин и ќе млатат пари на нив, веќе имаш гасовод до Кина од други полиња. Премала бројка се тие сибирски племиња.Видете, да беше Русија богата држава или барем со голем еконономски развој, верувам дека многу поголем дел од Украинците ќе беа повеќе наклонети кон неа и нејзино приближување, и дури и пак да дојдеше до војна - не би имало толкав отпор да бидат припоени. Но бидејќи со векови виделе само страдање и геноцид од страна на Русија, и Русија апсолутно ништо нема што да ѝ понуди на Украина - затоа се случува ова што се случува.
Од друга страна, Кина е во огромен подем ширум светот. Ако видат источниве републики дека Русија само слабее и не може да си го оддржува ни Европскиот дел а не па Азискиот - нема ли да сакаат да се припојат кон земја која што ем географски, ем етнички е многу поблиска до нив отколку моменталната, и може да им пружи поголем развој на долг рок. Знам дека се доста асимилирани таму, но исто така мислам и дека не се чувствуваат како едно исто со Европските Руси.
Околу Кадировци... За 20 години воделе 2 војни и имале еден куп терористички напади... Како што стојат работите, армијата на Кадиров многу подобро се снаоѓа во Украина отколку Руската армија. Кој би го спречил истово ова да го искористи кај него дома? Уште па ако бидат помогнати од Азербејџан сега кога не ја ебаваат Русија 2%....
Во секој случај забегав малку со оф-топик и нема да го терам муабетов понатаму. Можеби некоја друга прилика...
Прашањето е секогаш дали ако фрлиш 5 денари, може да извадиш 6, ништо не е скапо ако донесе повеќе кеш од тоа што ќе изгубиш.Апла оф-топик ти е муабетов, али ај....
Многу добро знам што се случува низ светов, особено со Кина. Не за џабе го зборам тоа што го зборам. Целиот проблем е како да се пренесат тие ефтини енергенси од Русија во Кина. Јас тврдам дека некој ќе треба екстремно многу да инвестира во ова за да се постигне она што моментално е постигнато во однос на поврзаност на Русија со Европа. Значи или Русија, или Кина ќе треба да се нафати да инвестира. Кина веќе инвестира во многу земји низ светов каде што знае дека ќе има доминација. Дали тоа ќе биде случајот и со Русија - ќе видиме.
Парите одат, но народот не. И понатаму сите сакаат да мигрираат во САД, Канада, Европските држави и Австралија. Еве ти си пример за ова, нели? Што не си се преселил да живееш до крајот од животот во некој од градовите што ги наброја? Или уште подобро, некој од многуте "ghost cities" низ Кина? Дури и градови како Дубаи и Абу-Даби каде што одат Европејци и Американци да работат - не остануваат да живеат таму, туку одат само за заработка и потоа си се враќаат назад. Нешто што не е случај со луѓето што се преселуваат во државите што претходно ги набројав.
Малку да се дообјаснам, кога зборев за Кадировци не мислев само на Чечнија, туку и на Дагестан. Дагестан граничи со Азербејџан и тоа на голема површина, и културно се поблиски до нив отколку до Русите.Последните месеци темава е поголем дел офтопик и ова е повеќе поврзано со темата отколку очајните сарказми и копиум постовите. За тоа дека нема што да понуди Русија економски тоа се знае. Зборуваме за некаков распад на источните територии што без странска интервенција не е можно.Етнички не се многу поблиску до тие источни земји , доминантно население ти се етнички руси и без оние асимилирани "руси" со изразити азицски и турски црти. Азискиот дел е доволно богат со ресурси и не им треба Москва да ги одржува. Јапонија и Кореа не сакаа да се откажат од гасот од Сакхалин и ќе млатат пари на нив, веќе имаш гасовод до Кина од други полиња. Премала бројка се тие сибирски племиња.
Во оваа војна најдобро од страна на Русија се покажаа ДНР, ЛНР, Кадировци и Вагнер. Овие првите и те како вадат максимум со тоа што го имаат, а и од сите цело време си објавуваа колку загинати имаат. Руската армија очигледно е закоравена со советски систем на раководење и елитните единици ги праќаа во неорганизирани и непотребни акции. Азербејџан тешко дека би се играл со такви ескурзии, освен Грузија и Русија другите 2 соседи не се многу наклонети накај нив. А и не граничат со Чеченија. Со оглед на искуството што го добиваат добиваат Чеченците низ војнава и те како ќе се способни да се спуцаат за незавиност.