Па нешто омекша во последно време.
Претходните изјави беа дека изборите во Украина се невозможни и дека Русија ќе реагира за ги заштити русите надвор од своите граници.
Изгореа живи 60+ руси во Одеса, а Путин ги повика да го откажат референдумот и ги поддржа претседателските избори.
Ајде сега разводни ја поентата со еден ѕид од текст, што нема врска со тоа што го напишав.
Или испапагалирај што си слушанал од духовниот ти гуру Michael Savage за Барак Хусеин Обама, кенијскиот муслимански марксист што сака да ја претвори Америка во шеријатско-комунистичка држава.
Понекогаш не знам дали тебе те читам или него го слушам.
Е па очигледно ме читаш мене, бидејќи си ги читнал моите коментари за Мајкл Севеџ.
Ме читаш мене, биди сигурен во тоа, и онака немам многу време за да го слушам Мајкл Севеџ, а и самиот тој убаво вели дека ич не му е гајле за Русија и за Владимир Путин, туку дека не сака САД да се вовлекуваат во нов конфликт со било која држава само поради интересите на поединци, бидејќи одлично знаеме дека таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси има донесено се и сешто, освен слобода и демократија, во реалност ја спонзорираат воени профитери кои профитираат од меѓусебните поделби и внатрешните конфликти помеѓу народите низ чии што држави поминала таканаречената Арапска пролет.
Украина не е исклучок, бидејќи додека ти ги величиш САД и западот, а истовремено плукаш по Путин и по Русија, во Украина се организира, или можеби веќе се реализира геноцид врз руското малцинство, кое всушност е мнозинство во речиси цела источна Украина. Можеби и Путин си ги вмеша прстите во сето ова чисто само заради профит, но одлично знаеме кој го запали фитилот, а тоа беа САД и западот кои ти толку многу ги величиш. Исто како што САД и западот ги запалија фитилите во Виетнам, во Југославија, во Ирак, а и Авганистан повеќе од очигледно е дека беше фарса, а не борба против тероризмот, а откако Барак Хусеин Обама дојде на власт во САД во јануари 2009, САД и западот ги запалуваат фитилите во државите со мнозинско муслиманско население, а сега ги запалуваат фитилите и во Украина.
На Путин од друга страна, можеме да му припишеме вина само за запалување на фитилот во Грузија во 2008 година.
Лично не знам дали Барак Хусеин Обама е кенијски муслимански марксист што сака да ја претвори Америка во шеријатско-комунистичка држава, како што вели Севеџ, но знам дека неговиот полубрат, кого нашинците го пречекаа со големо добредојде во Скопје, е познат по тоа што е близок со исламистички фундаменталисти и радикални исламисти, кои се блиски со Ал Каеда и со други терористички организации. И лично мислам дека не заслужува да го нарекуваме Кениец, бидејќи дури и да е Кениец по потекло, сепак не е Кениец по начинот на однесување и по своите постапки, бидејќи Кенија неодамна стана првата држава во светот која го прогласи исламот за злосторничка секта и го забрани, а Барак Хусеин Обама во САД прави нешто сосема поинакво во однос кон исламот - го промовира, додека истовремено повикува на воведување задолжителни обврски кон христијанските религиски училишта во САД да платат за контрацептивни средства за нивните ученици, што е повеќе од плукање кон Библијата и кон христијанството, туку е директен напад врз христијанството. Не го гледам да воведе исти такви задолжителни обврски кон исламистичките училишта во САД, кои не само што се шират, туку и арапскиот јазик во некои државни основни и средни училишта во САД е веќе задолжителен странски јазик за тамошните ученици.
Се на се, не велам дека Путин е светец, ниту велам дека Русија применува праведна политика, но лично мислам дека САД и западот, кои ти толку многу ги величиш, имаат многу повеќе невина крв на своите раце и многу поголема вина за проблемите во Украина, во државите со мнозинско муслиманско население, во поранешните југословенски републики, или кратко и јасно кажано, во секоја држава во која ги вмешале прстите, за разлика од Русија, која во Југославија, во Авганистан, во Ирак, во Тунис, во Египет, во Јемен, во Јордан, па дури и во Либија и во ред други држави, се држеше настрана и не си го пикаше носот таму каде што не треба, а можеби требаше, за да не стигнат работите до ова дереџе.
А ова инаку е мојот личен став, а не на Мајкл Севеџ.