Сакаа да задржат во својата сфера земја во која на некој начин пола од населението не сака да им никакви врски со нејзе или во најмала рака само не сака да биде во нивна сфера на интерес.
Да речеме дека си во право, начините на кои тоа се прави се разликуваат дијаметрално, затоа побарав да ми ги наброиш работите кои западот и ги понуди и даде на Украина.
Ако некој ја сака Украина целовита и мирна не требаше воопшто да ја чепка и да ја влезе во своја сфера,ниту западот ниту Русија.
Наместо да биде некој мост меѓу двете страни,таа стана јаболко на раздор.
Се сложувам.
Инаку Русија не и прости 15 милијарди на Украина туку купи нејзини обврзници.
Дали од ММФ,дали од Русија небитно и двете опции на Украина и нудеа задолжување.
Неточно и згора на тоа изедначуваш дијаметрално спротивни опции кои им беа понудени. Со релативизирање и изедначувањето им правиш услуга само на едните.
А најголем грев на Русија е тоа што после Мајдан влезе во Крим и го завзема.Тоа е правиот point of no return.....
Дури и преку Мајдан може да се премине со тек на време,но земање на толкаво парче територија на една земја....тоа е веќе крај.
Знаеш кој избор им го давале Нацистите на Евреите?
Ја распоредувале целата најблиска фамилија пред мајката и давале пиштол и имала еден избор, да одлучи кое од нејзините деца ќе умре ил самата да си го одземе животот.
По твое, мајката би требало да си го одземе животот. Морално и великодушно.
Но знаеш што правеле Евреите?
Ги убивале децата. Знаеш зошто?
Затоа што според Евреите, ќе можат повторно да направат деца, но нема да можат туку така да ги заменат постоечките големи умови и лидерите кои биле единствените кои можеле да го извлечат остатокот од еврејскиот народ жив и да го поведат напред. Доколку не била еврејската интелигенција сега ќе зборевме за народ кој некогаш постоел.
Спореди ја оваа ситуација со Русија и што ќе останеше од неа доколку се самоубиеше, што ќе се случеше со главното црноморско пристаниште кое ќе послужеше како нова база на непријателот кој во наредната фаза би ја искористил против нив.
Како би му помогнале на својот народ кој живее на тие простори доколку се откажеа од него, требаше да стојат на страна и да гледаат како националистичките индокринирани копилиња ги измачуваат, омаловажуваат и им прават пекол од животот?
Како би се оправдала за тоа било која власт во Москва?
Веднаш би била срушена, а немаме појма кој болен ум дури тогаш би дошол на власт.
Затоа Русија ја направи вистинската одлука.
Русија со земањето на Крим (кое да бидеме реални и е по воља на народот таму) си ги закопа сите шанси да влијание врз остатокот на Украина и пријателски односи за сва времена.Освен секако,ако Украина не се федерализира или не се припои уште некој нејзин дел кон Русија што тешко може да пројде мирно.
Да,мајдановците го срушија Јанукович,но тие се техничка власт. Ќе имаше сега овој месец избори на кои нема веќе Јанукович кој ќе ветува ЕУ,а ќе иде кај Путин него на кој народот дефакто јасно ќе требаше да се изјасни за која опција ќе биде (Русија - ЕУ).Со Крим во Украина проруската опција и те како има шанси за победа (додуше кој и да победеше ќе мораше да направи компромис).Без Крим нема никакви.....и сега гледаме што?
И другите проруски региони исто се бунтуваат и сакаат кај мајка Русија.Арно ама за разлика од Крим тука не може да помине така мирно.
Тука е и секако и тапшачот по рамо САД кој ги буцка додатно тие во Киев и ете ти го срањето.
Еве ти малце факти:
1. Јанукович не употреби вооружени сили, единиците Беркут немаа ниту дозвола за оружје.
2. Јанукович не користеше паравојски против својот народ.
3. Јанукович ги потпиша сите услови на опозицијата која после ова го изигра и дополнително ги ополномошти своите наци сквадрони да прават ’ршум низ Украина ловејќи “московити“ и забранувајќи го рускиот јазик и ред други работи.
4. Јанукович не ја одби тек така ЕУ туку побара од нив подобри услови од тие што ги нудеа Русите - тоа не се случи
5. Автобусите со паравојските кон Крим не ги упати Москва како прва
6. Немаше изјави за стрелање на Украинци и дерење на нивната кожа во Руската Дума, за разлика од новата нелегална власт која смртно им претеше на пратениците кои говорат руски и на рускиот народ кој брои цели 10 милиони во Украина
7. Крим е зазеден без насилство, мнозинството се изјасни на референдум
8. Низ Украина владее самоволието на паравојските од разни фракции
9. Се поттикнува омразата кон Русите
10. Засилено се напаѓаат и понижуваат Русите
11. Привремената власт ја праќа армијата со најтешко можно вооружување да пацифицира просивени “терористи“ на 50-60 години и стомаци до колена
12. Украински војници дезертираат и неколку илјади преоѓаат на спротивна страна
13. Хунтата повторно е приморана да ги користи паравојските кои криминално ги овластува да убиваат Руси.
14. Хунтата дури ги повикува и Беркутите кои им беа нели најозогласени непријатели да се борат на нивна страна
15. На површина излегоа снимени разговори за тоа кој стоел зад снајперите на Мајдан - никој не сноси одговорност
16. Наместо да воспостави дијалог со Москва, хунтата милитаристички се заканува иако е далеку послаба за да изнуди реакција - што покажува колку добро му мислат на својот народ
17. Американски дипломати седат на чело на хунтата и им кажуваат што да прават
18. Ги охрабруваат да ескалираат со воени дејствија - повторно укажува дека гајле им е за народот
19. Ја задолжуваат Украина со дополнителни 17 милијарди евра во текот на најголемата криза!
20. Не го почитуваат договорот од Виена и повторно како со Јанукович така сакаат да ги измамат и Русите и спротивно од договореното продолжуваат со “чистење“ на теренот
21. НАТО офицери во извидница под ознаките на ОБСЕ
22. Нема никакви повици од западот кон Киев да ја запре акцијата и покрај големите жртви
23. Постојано воведува некакви санкции кон Русија и приморава прилично блиски земји на Русија да земат позиција против нив
.....
можам да продолжам....
После дешавките во овие 3-4 месеци Украина во најдобар случај ќе пројде како нефункционална банана федерација во која секоја страна ќе ја блокира другата.А можеше да биде целовите држава која ќе тргува слободно и со ЕУ и со евроазијската унија на Русија и чии граѓани ќе можеа слободно да работат и шетаат на двете страни и држава која може да профитира од секоја поголема соработка помеѓу двата блока.
Украинскиот народ тоа го сакаше онака вистински, но по се изгледа на нивните корумпирани елити како што кажавме многу пати,тоа не им одговара бидејќи вложиле превише средства во тоа да извлечат најголема корист самите тие, а не народот.
Шлемови,пиштол, унимформи, обележја.....се самоорганизирани и спонтано собрани локални жители.
Кои се тие според тебе?