Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
Упадот на проруските активисти во канцеларијата на јавниот обвинител во Доњецк.
Уште полициската станица во Славјанск им остана и да ја имаат контролата на целиот регион околу Доњецк.
Славјанск е важно градче со околу 450.000 жители и се наоѓа одма до автопатот што ги поврзува Доњецк и Луганск до Карков во кој има исто така голема руска популација. Ако не го заземат фашистите Славјанс и ако се поврзат слободните региони на Доњецк и Луганск со Карков, замина јужна Украина.
 
Ако успее Путин да ги земе тие региони без интервенција од армијата, тоа ќе биде еден од најголемите порази на НАТО/САД во историјата.
 
http://www.vecernji.hr/svijet/nato-ce-tesko-u-rat-zbog-baltika-936073

еве нов црвен чаршав за бикот Путин само да видиме дали ке им го напраи кеифот и ке улета.мене ми се чини дека или руското малцинство во овие балтички замји ке нае.е ни криво ни должно или ке извисат балтичките земји не дај боже за трета опција.
 
Силы самообороны Славјанска сбили три военных вертолета украинских силовиков (ТВ Звезда)
http://tvzvezda.ru/news/vstrane_i_mire/content/201405021543-vsxi.htm

http://tvzvezda.ru/news/vstrane_i_mire/content/201405021606-42oy.htm
Ако успее Путин да ги земе тие региони без интервенција од армијата, тоа ќе биде еден од најголемите порази на НАТО/САД во историјата.
Потсети се на поразот од 2008.
 
Овие украинскиве хеликоптери сами ако не се срушиле еве... :pos::pos:

Нашиве барем ги реновираа. :)

Досега немаше поголем конфликт пошто украинскава армија е полна со дезертери и барем досега се воздржуваат од отворање оган кон про-русиве кои скоро ќе бидат подобро вооружани и од самата украинска армија. Немаат ветар у грб од запад и само мачкаат очи дека прават нешто на истокот. Кога ситуацијата е надвор од контрола мора да се пука, па макар да го сравнат Славјанск со земја како Русите шо го сравнаа Грозни.

Знам дека повеќето сме/сте на страната на Русија, и сакате биполарност на моќта у светот, ама истово може да се дешава у иднина и кај нас, така да се надевам дека овие региони ќе си останат у Украина, и ќе има фер избори. Украина ќе прифати финансиска помош од Русија, ќе им се избришат долговите за гас и нема да влезат у НАТО, пошо у ЕУ секако нема да влезат. :)
 
Украина ќе прифати финансиска помош од Русија, ќе им се избришат долговите за гас и нема да влезат у НАТО, пошо у ЕУ секако нема да влезат. :)
Колку што знам Украина доби или би требало да добие 6 бил. долари помош од западот, а во меѓувреме Русија прости долг од 10 бил. долари на НДРК.
 
Овие украинскиве хеликоптери сами ако не се срушиле еве... :pos::pos:

Нашиве барем ги реновираа. :)

Досега немаше поголем конфликт пошто украинскава армија е полна со дезертери и барем досега се воздржуваат од отворање оган кон про-русиве кои скоро ќе бидат подобро вооружани и од самата украинска армија. Немаат ветар у грб од запад и само мачкаат очи дека прават нешто на истокот. Кога ситуацијата е надвор од контрола мора да се пука, па макар да го сравнат Славјанск со земја како Русите шо го сравнаа Грозни.

Знам дека повеќето сме/сте на страната на Русија, и сакате биполарност на моќта у светот, ама истово може да се дешава у иднина и кај нас, така да се надевам дека овие региони ќе си останат у Украина, и ќе има фер избори. Украина ќе прифати финансиска помош од Русија, ќе им се избришат долговите за гас и нема да влезат у НАТО, пошо у ЕУ секако нема да влезат. :)

Украинската армија не е за потценување, но рачунај дека голем дел од проруските сили исто така се со воено искуство и не им е ова прво борбено искуство. Поготово што голем дел се отпадници од украинската армија и добро ги знаат сите тактики.

Наскоро ќе излезат повеќе информации за тоа како точно биле срушени хеликоптерите, јас знам дека сега им биле срушени 2, а 1 уште претходно.
Кога се во низок лет над градот, сигурно се лесна мета на снајпери и било каков спонтан оган од земја.

Русите во Чеченија изгубија цели батаљони, воената техника и не значи многу помош во вакви акции кога треба селективно да се напредува без да се направат големи жртви.

Кај нас сето ова веќе се случи, а “договорот“ кој го постигнавме сега и го предлагаат и на Украина, доколку сакаат да избегнат федерализација.
Да не идеме повеќе оф топик.
 
Колку што знам Украина доби или би требало да добие 6 бил. долари помош од западот, а во меѓувреме Русија прости долг од 10 бил. долари на НДРК.
... за возврат доби дозвола да гради гасоводи низ Северна Кореја, со кои освен северот ќе се снабдува и Јужна Кореја (најверојатно и Јапан).

Ваквите развои на настаните (како и претстојниот договор со Кина) се најверојатно солиден дел од причините за реакцијата на САД со организирање на воен удар во Украина.
 
САД сакаа на стават граница на влијанието на Кина и Русија во Украина. Сакаа да ги удрат Русите кај што најмногу ги боли, и исто тука и влијание имаше и кинеското земање под наем огромен дел од Украинската плодна земја. Со други зборови САД се серат вгаќи од Русија и Кина. Арно шо во европскиве лидери има памет у главата за разлика од пред 70-80 години и нема повторно да има поголем конфликт на континентов.
 
Врие и во Одеса, слушнати се истрели од огнено оружје додека се случуваат судири меѓу масовните демонстрации, со про и контра Мајдан демонстранти.
http://rt.com/news/156424-odessa-ukraine-clash-autonomy/
 
Еве ги специјалците на Путин:D
2 батаљони од Крим се спремн да се уптат кон Донбас.

Во Одеса најверојатно има 3 жртви веќе.
 
http://www.ustream.tv/channel/o1odessa
Guy with pistol (Makarov PM?) just fired from roof down into pro-Russian crowd. :eek:

Порака од Мод.: Не постирај слики со толкави димензии, доволно е линк.
 
Последно уредено од модератор:
Еве ги специјалците на Путин:D
.

Еј :ROFLMAO: немој те молам дури ни на шала со таква номинација “специјалци“ како шот праи про-западниов печат, луѓево се лекомислени па стварно ќе поверуваат дека тоа треба да бидат руските прави специјалци. :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom