Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
Никогаш не се знае. И онака ќе има последици секаков напад, зошто да не се искористи максимум? Можеби и Варшава... :D
Таман сам ќе го исполни тоа што го бараше, НАТО како пред 1997 :D
 
не ги сметам за блиски

Од што ги сметаш за блиски, не би имал против да бидат антектирани во составот на Руската федерација.

Прашај ги баш што мислат за таа “блискост“ и “добрите желби“ што им ги посакуваш.
 
Мислам дека сака да се здобие со некои концесии од Западот како подобро вооружување, парична помош... можеби па изваден е од контекст твитот или пак јас погрешно мислам, но договорот е тој, почитување на суверенитетот за предавање на нуклеарките.

Во секој случај би било најголема глупост да тргне кон тој пат, а и треба внимателно да коментира периодов, Русите чекаат и најмала грешка да направи.
Колку што имам разбрано, договорот е дека никоја од земјите нема да ги чепне, а не дека треба да ги бранат. Така да освен Русија, од другите земји баш и нема што да бараат.
 
Ти од твојата Русофобија, ниту знаеш да читаш, ниту да дочиташ. Ниту сум рекол дека посакувам, ниту па мислам дека ќе се деси нешто сериозно. Баш напротив тврдам дека тоа би било грешка на Русија... Освен ако има нешто што не го знаеме.
 
Ја уште мислам дека ова е голема грешка за русите. Нема да стигнат до полска, ќе испогине едно чудо народ и ќе ја напраат Украина Сирија.
 
Мислам дека сака да се здобие со некои концесии од Западот како подобро вооружување, парична помош... можеби па изваден е од контекст твитот или пак јас погрешно мислам, но договорот е тој, почитување на суверенитетот за предавање на нуклеарките.

Во секој случај би било најголема глупост да тргне кон тој пат, а и треба внимателно да коментира периодов, Русите чекаат и најмала грешка да направи.

Единствено нешто што можат да прават сеа во моментов, доколку сакаат да ја спасат земјата и украински животи, а тоа е некој договор со Русите по секоја цена. Мада мислам дека и за тоа е касно зашо трет пат бараат состанок со Русите и Путин и овие русиве ги игнорираат. Може треба да проба со јавни отстапки на телевизија зашто изгледа како да Русија веќе е решена.

А он уствари го прави спротивното. Оди таму со други утепани држави од Нато да го тапшаат по рамо и да му даваат вербална поддршка и по некој шлем за он да глуми дека е “бедемот на Европа”.
 
Грото од украинците го сакаат тоа. Под наплив на емоции. Треба да биде разумен и да напраи некакво решение, макар и паднал од власт зашто неговите сонародници највеќе ќе ја платат цената.
Страшно е дека и западот и русија имаат апсолутистички барања и никој нејке да попушти.
 
Тие од Белгород не верувам дека ќе застанат кај Харков туку Дњепар би требало да биде целта. Други ќе тргнат од Донбас и од доле од Крим. Ако ги уништат сите мостови на Дњепар, остануваат некои три-четири точки кои не можат да се уништат без да се создаде цивилна катастрофа, зашто се големи брани со автопат на нив. За Русија ќе биде клучно што е можно побрзо да обезбеди контрола на тие точки и целосно да ја отсече Источна Украина.
 
Колку што имам разбрано, договорот е дека никоја од земјите нема да ги чепне, а не дека треба да ги бранат. Така да освен Русија, од другите земји баш и нема што да бараат.

Па да де, почитување на суверенитет, дека САД, ВБ и РФ нема да се мешаат во внатрешните политики и ќе го почитуваат територијалниот интегритет на Украина, Белорусија и Казахстан, а за возрат овие три држави ги предадоа нуклеарките.
 
Тие од Белгород не верувам дека ќе застанат кај Харков туку Дњепар би требало да биде целта. Други ќе тргнат од Донбас и од доле од Крим. Ако ги уништат сите мостови на Дњепар, остануваат некои три-четири точки кои не можат да се уништат без да се создаде цивилна катастрофа, зашто се големи брани со автопат на нив. За Русија ќе биде клучно што е можно побрзо да обезбеди контрола на тие точки и целосно да ја отсече Источна Украина.
Го читав истото некаде, всушност ако се уништат тие браните, мостовите нема ни потреба, ќе ги однесе водата. Ама тоа е веќе еколошка катастрофа, надвор од границите на една вообичаена војна.
 
чим барале средба, има шанса мирно да заврши.
Од почеток го имаат тргнато Зеленски од преговарање, бидејќи нема поента да се преговара со пиун, кога може директно со неговите шефови, знаат дека тој ништо не одлучува. Би било чудно сега да прифатат преговори со него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom