Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
Никој не го спори тоа. Ама ти го забораваш ова. За ова се оди пред меѓународен суд. Злосторства против човештвото. Зошто САД не изреагираа за ова?
И да, сега се што беше украдено од државата, САД ќе го врати назад, на чело со Шеврон
и синот на Џо Бајден и за кратко време Монсанто, кои ќе направат мед и млеко да тече во Украина.

Инаку, не ми ги избегнувај прашањата (Мислев на Одеса)

Не очекувај фер дискусија.
Алас, не сретнав досега ниеден од таа страна што дискутира фер. Како да се сите политичари. ;)
 
Добро е што западот ги постави во ситуација да бираат меѓу богаството и праведноста. Тие се на потег.
Како кажувап ти тенеке како секаде каде што одат америве мед и млеко тече :) Добро навистина се подобри од русите во филмови знаат да се претстават во најдобро светло. Ги окупираа арапите ги доведоа до мизерија па сега ги прикажуваат како најголемо зло а тие што им прават таму тоа никој не кажува. Пред да стапнат америте блиски исток немаше ни АЛ КАЕДА зи живееја во хармонија и важеа за едни од најмирните народи во светов.2001 кој ги тренираше терористите тука русите или америте?
 
/\
Па мора вишокот демократија што ја имаат да ја споделат со останатите,оружјето да не им рѓоса,вкусната и неодолива храна со ГМО да ги нахранат гладните, да спасат многу деца од сиромашен живот со тоа што ќе пратат ракети и бомби на болниците... дополнете ако заборавив некои западни благодети што радо ги споделуваат со останатите
 
Јнауковиќ штитеќи ги своите и интересите на Русија, ја уназади Украина, илјадници луѓе затвори и се збогати до бесвест.

Русија сето тоа го плаќаше преку ефтини ресурси, најчесто енергенси и дел од својата екномија, за колку толку да живурка Украина и го аминуваше владеењето на Јануковиќ.

На народот му скучрчи и рече, гомнарот со гомнарска цевка. Полиција, снајперисти (демек грузијци) со се што можеше убиваше и затвораше.

Јас колку што знам Јанукович не се замараше многу за Русија. Тоа што му дадоа отпосле етика дека бил про Русија... знаеме како иде. Русија ја сака Украина во Евроазискиот Сојуз и затоа не само за Јанукович туку од поодамна дава поевтин гас на Украина. Украинскиот извор во Русија изнесуваше над 25%(Русија е единствена која увезува секакви работи од Украина за да ја оджува во живот нејзината економија) . Со ЕУ договорот што го потпиша Укр ќе го отвори пазарот за европските земји во Украина како и европскиот маркет ќе биде отворен за Укр, но бидејќи Укр не ги исполнува стандардите на Еу, нема ништо да извезува во ЕУ. Европа слободно ќе извезува во Украина и ќе заработува од тоа. Во меѓувреме Русија ќе го запре увозот од Украина, дел како заштита на својата екомомија а дел и како казна (тоа и почна да го прави постепено).

Народот (на Мајдан, не народот во смисла на 46 милиони Украинци) насилно симна од власт легитимно избран Претседател, а Врховната Рада противутавно го смени (да замижеме на фактот дека еден човек гласаше за тројца ) со тоа што немаа доволен број на гласови. Снајперистите не знам дали се Грузијци но знам дека не беа под команда на Јанукович.

Постојат непрофитабилни фабрики во Русија каде се вработуваат исклучиво Украинци. Ова го нема во ЕУ. Во Русија живеат и работат 3 милиони Украинци илегално.
Јас не можам да најдам како Русија го угнетувала Украинскиот народ туку напротив, го помагала.

Едит : Грешки во пишување.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Никој не го спори тоа. Ама ти го забораваш ова. За ова се оди пред меѓународен суд. Злосторства против човештвото. Зошто САД не изреагираа за ова?
И да, сега се што беше украдено од државата, САД ќе го врати назад, на чело со Шеврон
и синот на Џо Бајден и за кратко време Монсанто, кои ќе направат мед и млеко да тече во Украина.

Инаку, не ми ги избегнувај прашањата (Мислев на Одеса)

А еве другата страна на медалот.

Украина веќе 20 години уште од 90тите после независноста е со "проруски" курс (со исклучок на портокаловата револуција 4 години) . Каков бенефит имаше земјата од тоа?
Ја само гледам статистики дека од 1990та до денес околу 4-5 милиони украинци се иселиле на запад во потрага по подобар живот.

Додека они стагнираат други земји со кои што делеа иста судбина повеќе од пола век како на пример Чешка а посебно Полска отидоа светлосни години пред нив, а пази Украина има далеку поголем потенцијал за напредок од нив.

Кој е крив за тоа?
 
Украина не била 20 години со проруски курс. Била со курс на олигарсите. Самото население им е поделено на Запад и Исток. Првиот претседател на Украина Кравчук не бил про Русија. Јанукович не е про Русија, тој си беше за себе. Од кога почнаа протестите тој наеднаш стана про Руски настроен. Да не понудеше Путин подобра понуда од ЕУ, одамна ќе ја потпишеа Асоцијацијата бла бла ЕУ и ќе си беше супер демократ во очите на истите кои сега го нарекуваат корумпиран ова она (сакам да кажам дека ако Јанукович го прифатеше ЕУ договорот никој немаше уста да отвори за неговото богатство). Од кај ти се овие информации жити се дека 4-5 милиони Украинци се отселиле на Запад... Те молам не лажи сеа...

Па не отидоа само Полска и Чешка напред, буквално сите држави во Европа се пред Украина па дури и ние. Еве РФ за пример која е фан фаворит за хејтање има горе-доле еднаков стандард за живеење како Полска.

Крив за состојбата на Украина не би знаел кој е со сигурност но би претпоставил дека се олигарсите. Ако мислиш за моменталната состојба би рекол дека е крива US of A.
 
А еве другата страна на медалот.

Украина веќе 20 години уште од 90тите после независноста е со "проруски" курс (со исклучок на портокаловата револуција 4 години) . Каков бенефит имаше земјата од тоа?
Ја само гледам статистики дека од 1990та до денес околу 4-5 милиони украинци се иселиле на запад во потрага по подобар живот.

Додека они стагнираат други земји со кои што делеа иста судбина повеќе од пола век како на пример Чешка а посебно Полска отидоа светлосни години пред нив, а пази Украина има далеку поголем потенцијал за напредок од нив.

Кој е крив за тоа?

Па евтиниот гас и финансиската помош од Русија во износ од 17 милијарди долари како за почеток не се баш лош бенефит за Украинците, односно немаше да бидат баш лош бенефит за Украинците ако не се случеше државниот удар и доаѓањето на власт на хунтата во Киев.

А инаку, што фајде видовме ние Македонците од западот на кој му се подлизуваме од кога стекнавме независност во 1991 година, па се до денешен ден ?
 
Смешни сте сите кои викате дека Русите пошто имаа влијание изминативе години врз Украина, се криви за нивната лоша економска состојба и слабиот раст. Демек сега со договорот за асоцијација со ЕУ мед ќе тече? Фракинг, ГМО, скап гас, лимитиран извоз и царини за најголемиот нивни пазар. Автоматски поскапо производство, без пласман а со високи стандарди за продажба во ЕУ. Абсолутно нема ништо добро во ЕУ за Украина, а и прашање е дали таму ќе влезат у 20 години. :)
 
А еве другата страна на медалот.
Украина веќе 20 години уште од 90тите после независноста е со "проруски" курс (со исклучок на портокаловата револуција 4 години) . Каков бенефит имаше земјата од тоа?
Ја само гледам статистики дека од 1990та до денес околу 4-5 милиони украинци се иселиле на запад во потрага по подобар живот.
Додека они стагнираат други земји со кои што делеа иста судбина повеќе од пола век како на пример Чешка а посебно Полска отидоа светлосни години пред нив, а пази Украина има далеку поголем потенцијал за напредок од нив.
Кој е крив за тоа?

Бенефит од прорускиот курс имаа десетина “бизнисмени“ кои благодарение на наглото обогатување сега играат клучна улога, дел од нив го менуваат курсот повторно поради нови бенефити кои им се ветени од Запад.
Курсот на земјата не го одлучува волјата на народот туку волјата на нивните олигарси.

Првин почни да правиш разлика меѓу земјите потписнички на Варшавскиот пак и земјите основачки на СССР.
Чешка и Полска беа секогаш далеку понапред од Украина во било кој период и под комунизмот, а за волја на вистината погледај ги статистиките на милионите Полјаци и Чеси кои ги напуштија своите земји по влезот во ЕУ.

На хартија и Конго има далеку поголем потенцијал од Израел, но тоа не значи дека ќе успее правилно да го искористи.

Џабе се самозалажуваат оние кои мислат дека со смена на “курсот“ ќе се смени и украинскиот менталитет.

Единствената причина поради која САД и ЕУ е заинтересирана за Украина е антагонизмот со Русија, која ја има најголемата заслуга што Украина може преку ред да биде политички ушмукана од западот за сметка на сите неисполнети критериуми.
Затоа пак земји како Македонија, ќе трпат и ќе чекаат. Вива ла хипокризија.
 
Како прво и осново, никакво "стагнирање", не е оправдување за етничко чистење, убиства и тортури врз својот народ.

Понатаму:
Бугарија и Романија се во ЕУ. Миграцијата од Романија и Бугарија во ЕУ е на доста високо ниво

In January 2014, temporary restrictions on the working rights of Romanian and Bulgarian citizens in the UK will be lifted. Читај:
http://www.ippr.org/publications/in-transition-romanian-and-bulgarian-migration-to-the-uk

Зборуваш за Полска. Прочитај малку што им направи приватизацијата на полјаците
продадоа скоро се што може да се продаде.
http://en.wikipedia.org/wiki/Orange_Polska
http://www.theguardian.com/world/2008/nov/07/poland-europe
http://www.bloomberg.com/news/2010-...ttom-of-its-target-range-at-1-28-billion.html

Миграцијата на полјаците
http://www.economist.com/blogs/easternapproaches/2013/11/poland-and-eu
Полското индустриско прозводство:
http://www.indexmundi.com/poland/industrial_production_growth_rate.html
Tака да Полска за европски услови не е нешто сјајна.

Туку да се вратиме на Украина. Што добиваше од Русија?
- Добиваше повластени цени за гасот и тоа со одложено плаќање.
- Русија увезуваше голем дел од производството во Украина.
- Русија се понуди да и даде (пази) неповратни средства од 15 млд. евра (не сум сигурен
(точно за бројката)!

Што ќе добие од ЕУ/САД?
- Ќе бидат продадени сите државни фирми кога тогаш
- Ќе бидат "советувани" (управувани) од типови како овој од линкот.
http://www.washingtontimes.com/news...ergy-firm-hires-biden-son-as-lawyer/?page=all

- Ќе им бушат за гас од шкрилци
http://www.ohio.com/blogs/drilling/...e-gas-deals-with-chevron-exxon-mobil-1.442516

- ќе земат огромни кредити со огромни камати од ММФ и ќе плаќаат во наредните неколку генерации
http://www.imf.org/external/pubs/ft/survey/so/2014/new043014a.htm

- житните полиња ќе им бидат преземени од Монсанто
http://monsantoblog.com/2013/12/19/monsanto-and-its-commitment-to-ukraine/

На кратко, ќе им тече мед и млеко, ќе уживаат во придобивките од западната демократија.
Исто како што уживаат ирачаните, сиријците, либијците, египјаните, авганистанците...
 
И нас не заборави бе, и ние уживаме у западната демократија. :)
 
Доволно се објаснивме мислам и така не е дојден тој со намера објективно да дискутира. Не губете превише време на секој еден пост и држете се до темата.
 
А еве другата страна на медалот.

Украина веќе 20 години уште од 90тите после независноста е со "проруски" курс (со исклучок на портокаловата револуција 4 години) . Каков бенефит имаше земјата од тоа?
Ја само гледам статистики дека од 1990та до денес околу 4-5 милиони украинци се иселиле на запад во потрага по подобар живот.

Додека они стагнираат други земји со кои што делеа иста судбина повеќе од пола век како на пример Чешка а посебно Полска отидоа светлосни години пред нив, а пази Украина има далеку поголем потенцијал за напредок од нив.

Кој е крив за тоа?

русите се криви што они се неспособни и лопови? Цуцла во уста требало да им дадат и да им покажат како да ја водат државата и да им ја оправат од корупција и криминали?
Зошто еве белорусија не е пропадната како нив? и она е проруски ориентирана, кажи ми.
 
Бенефит од прорускиот курс имаа десетина “бизнисмени“ кои благодарение на наглото обогатување сега играат клучна улога, дел од нив го менуваат курсот повторно поради нови бенефити кои им се ветени од Запад.
Курсот на земјата не го одлучува волјата на народот туку волјата на нивните олигарси.

Првин почни да правиш разлика меѓу земјите потписнички на Варшавскиот пак и земјите основачки на СССР.
Чешка и Полска беа секогаш далеку понапред од Украина во било кој период и под комунизмот, а за волја на вистината погледај ги статистиките на милионите Полјаци и Чеси кои ги напуштија своите земји по влезот во ЕУ.

На хартија и Конго има далеку поголем потенцијал од Израел, но тоа не значи дека ќе успее правилно да го искористи.

Џабе се самозалажуваат оние кои мислат дека со смена на “курсот“ ќе се смени и украинскиот менталитет.

Единствената причина поради која САД и ЕУ е заинтересирана за Украина е антагонизмот со Русија, која ја има најголемата заслуга што Украина може преку ред да биде политички ушмукана од западот за сметка на сите неисполнети критериуми.
Затоа пак земји како Македонија, ќе трпат и ќе чекаат. Вива ла хипокризија.

Гледам повеќе луѓе реплицирале али бидејќи се слични постовите ќе ти одговорам тебе. Не сфаќам само зошто велиш не сум дошол да дискутирам кога тука изнесувам заклучок каква им е економската ситуација.

Прво, за полјаците се слагам ама незнам од кај извади статистика дека милиони чеси се иселиле од нивната земја. Напротив чесите многу брзо по влезот во еу имаа обратна миграција од странци (руси, украинци, романци, виетнамци) во Чешка, и ако не се лажам се економски најсилна држава /per capita во источна европа.

Е сеа точно ја се слагам дека Украина веќе долг период ја работат матни фаци и ја пљачкосуваат, али тоа они го прават под плаштот на русофилството, и е една од причините зошто се создаде тој анимозитет, покрај лошата економска ситуација.

Точно дека едните беа во Варшавскиот пакт а Украина дел од ссср, ама сепак тие делеа скоро иста судбина да не се лажеме. Исти луѓе ги раководеа.

Не велам дека ако се определат кон еу уште утре рози ќе им процутат и мед и млеко ќе тече, напротив може и многу тешко да биде, туку сакам да кажам дека стагнацијата и лошата состојба им ја прави еу опцијата многу интересна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom