Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
@teneke тебе контрадикторност мора да ти е средното име.
Ти мора да си многу збунет човек. Никако не можам со сигурност да разликувам дали за себе или за мене (и други овде) зборуваш.

Да е само тоа што не го разликуваш, лесно ќе се објасниме.

Кажав претходно за тоа со разликите ;)[DOUBLEPOST=1406662735][/DOUBLEPOST]
Чекај малку, Русија плати и организираше насилна смена на демократски избрана власт во Украина?

П.С. CNN не го постирав како пример за објективност, едноставно прв објавува информација која засега ја нема кај другите медиуми (и ете гледаш, ништо не ми стана што постирав меинстрим РПП медиа.

Русија многу работи плати и организираше за да Јануковиќ продолжи да го тероризира сопствениот народ.
 
Да? Како на пример? Не се мајтапам туку навистина сум заинтересиран за ова.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Да не сповторувам, гледам не ме читаш.

Русија долго време си играше со Украина, и реално сета оваа гомнарска ситуација во која што се наоѓа државата е последица на тоа. Од самостојноста кон Украина, а и кон другите бивши држави од СССР, се постави со ОГРОМНА ароганција и надмоќ, и тргна со претпоставка дека мора да и се покорат на Русија, притоа користејќи ги како закана, нивните огромни ресурси и големото руско население во тие земји.
 
Русија многу работи плати и организираше за да Јануковиќ продолжи да го тероризира сопствениот народ.
Јанукович не е тој што палеше и убиваше демонстранти во Одеса, не е тој што убиваше на Мајдан, не е тој што спроведува етничко чистење во сопствената држава кое се одвива додека јас пишувам.
Така да, не знам кој е тој што тероризира во случајов.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Да не сповторувам, гледам не ме читаш.

Русија САД долго време си играше со Украина цел свет, и реално сета оваа гомнарска ситуација во која што се наоѓа државата светот е последица на тоа.

ОК во ред е, сега е точно.
 
Да не сповторувам, гледам не ме читаш.

Русија долго време си играше со Украина, и реално сета оваа гомнарска ситуација во која што се наоѓа државата е последица на тоа. Од самостојноста кон Украина, а и кон другите бивши држави од СССР, се постави со ОГРОМНА ароганција и надмоќ, и тргна со претпоставка дека мора да и се покорат на Русија, притоа користејќи ги како закана, нивните огромни ресурси и големото руско население во тие земји.

Ме интресира специфично Русија како и кои работи ги плати и организираше за да Јануковиќ продолжи да го тероризира сопствениот народ.
 
Јанукович не е тој што палеше и убиваше демонстранти во Одеса, не е тој што убиваше на Мајдан, не е тој што спроведува етничко чистење во сопствената држава кое се одвива додека јас пишувам.
Така да, не знам кој е тој што тероризира во случајов.

Стварно?

Ич немаше политички затвореници, да не зборувам во каков раскош живееше.
Повеќето овде сте против олигарсите и банкарите од запад, ама Јануковиќ со своето богатсво ве прави рамнодушни. Сето беше од државата украдено.
 
Немојте сите во исто време, го збунувате човекот. Следно ќе ни каже дека во Украина после Јануковиќ ги снема олигарсите, или барем постојните олигарси ги сменија. :)
 
Исти гомна, сите се од времето на посткомунистича ера кога беа во дебела сенка на Русија.
 
Стварно?

Ич немаше политички затвореници, да не зборувам во каков раскош живееше.
Повеќето овде сте против олигарсите и банкарите од запад, ама Јануковиќ со своето богатсво ве прави рамнодушни. Сето беше од државата украдено.
Никој не го спори тоа. Ама ти го забораваш ова. За ова се оди пред меѓународен суд. Злосторства против човештвото. Зошто САД не изреагираа за ова?
И да, сега се што беше украдено од државата, САД ќе го врати назад, на чело со Шеврон
и синот на Џо Бајден и за кратко време Монсанто, кои ќе направат мед и млеко да тече во Украина.

Инаку, не ми ги избегнувај прашањата (Мислев на Одеса)
 
Ме интресира специфично Русија како и кои работи ги плати и организираше за да Јануковиќ продолжи да го тероризира сопствениот народ.

Јнауковиќ штитеќи ги своите и интересите на Русија, ја уназади Украина, илјадници луѓе затвори и се збогати до бесвест.

Русија сето тоа го плаќаше преку ефтини ресурси, најчесто енергенси и дел од својата екномија, за колку толку да живурка Украина и го аминуваше владеењето на Јануковиќ.

На народот му скучрчи и рече, гомнарот со гомнарска цевка. Полиција, снајперисти (демек грузијци) со се што можеше убиваше и затвораше.
 
Исти гомна, сите се од времето на посткомунистича ера кога беа во дебела сенка на Русија.
И што се смени со насилниот преврат на власта?

Мислам, освен што наместо веќе договорената голема парична помош од РФ, сега имаат повеќекратни задолжувања кон ММФ/Светска банка под екстремно лоши услови, ќе плаќаат многу поскап гас, немаат каде да извезуваат многу од производите, го изгубија Крим (и дебелите приходи од него)... и најлошото: илјадници жртви во земјата која е во крвава цивилна војна, која всушност е прокси војна меѓу САД и Русија (иако во главно гинат украински граѓани и на двете страни).

Qui Bono???
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Никој не го спори тоа. Ама ти го забораваш ова. За ова се оди пред меѓународен суд. Злосторства против човештвото. Зошто САД не изреагираа за ова?
И да, сега се што беше украдено од државата, САД ќе го врати назад, на чело со Шеврон
и синот на Џо Бајден и за кратко време Монсанто, кои ќе направат мед и млеко да тече во Украина.

Инаку, не ми ги избегнувај прашањата (Мислев на Одеса)

И сето тоа и даде за право на Русија, да го припои Крим, и да го активира своето малцинство за да прави нереди?

Русија директно се вмеша во сето тоа, ова како одговор на Гаг и со се што можеше се закани само да ја врати Украина, назад. Значи ги употреби сите средства, како воени, економски и политички за тоа.
Се разбираме ГАГ? Или уште треба да се објаснуваме?
 
САД не фигурираат никако во „приказнава„ на Тенеќе.
Они само како принц на бел коњ дојавуваат да го спасат денот (Украина е коњот). :D
 
И сето тоа и даде за право на Русија, да го припои Крим, и да го активира своето малцинство за да прави нереди?

Русија директно се вмеша во сето тоа, ова како одговор на Гаг и со се што можеше се закани само да ја врати Украина, назад. Значи ги употреби сите средства, како воени, економски и политички за тоа.
Се разбираме ГАГ? Или уште треба да се објаснуваме?
А што им даде право на америте да влезат во Авганистан, Ирак, да ја суредат Либија, Србија...?
Не гледај само CNN, има и друго по светот
Си чул за Шеврон, за shale gas, Бајден, Монсанто, ММФ, кредити, заеми, долгови...?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom