- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.441
- Поени од реакции
- 26.738
Не реков дека Кина е помоќна од Русија, туку дека има намера да биде. И ќе биде, ако е доволно паметна да чека. Како што САД чекале и ги собрале научниците од тогаш поразената Германија.Што се однесува до технолошкиот развој и воената моќ, 2/3 од најдоброто Кинеско наоружување е Руско, постаро од 4та генерација. Како тоа технолошки и воено Кина е понапредна од Русија?
Што се однесува до Економскиот развој, Кинеската економија тотално е зависна од западните фабрики и Руските енергенси и минерали. Истовремено поради енормното загадување во брзо време ќе бидат силно зависни и од храна. Големиот економски развој на Кина се должи на бедата која ја имаа и тој развој е со ограничен потенцијал. Од друга страна Руската економија е сосема самостална и може да опстои сама по себе во целосна изолација. Премногу ги гледаш работите од дневно-политички аспект.
Зошто побогу Кина би и помагала на Русија, кога секое слабеење на позицијата на Русија и трошење на САД им одговара ним. Тие само навиваат судирот помеѓу САД и Русија да трае подолго, за да имаат време да се консолидираат. Тоа нема врска со дневна политика, туку со елементарна логика. Не се ненормални Кинезите, ниту се сакаат со Русите.