Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    758
Премногу фронтови им отворија на Русите и не верувам дека имаат капацитет да ги водат сите разузнавачки битки. Веќе е past time да се префрлат од стратегиска дефанзива во воена офанзива. Тоа е единственото решение што им остана.
Војните уште од 19 век не се водат за територии тука да се совлада воената сила на противникот.
Не мислам дека е многу значајно ова што денес се случува во Украина
Секоја војска ако еден или два месеци не прими плата - се распаѓа.
А ако војниците еден или два дена не добијат следување храна, тие ќе се разбегаат.
Оваа војна се води за да се уништи економската моќ на противникот.
Војската на САД чини околу 700 милијарди долари годишно
ЕУ нема толку директни воени издатоци, но има економски трошоци
околу финансирањето на земјите кои им се придружија
И финансирањето на демонстранти и службите кои ги организираат оваквите специјални операции чини пари
Сите овие трошоци се финансираат со издавање на државни обврзници.
Јас очекувам дека идејата за поголема блискост на Украина и ЕУ ќе се оствари. И мислам дека тоа им одговара на Русите. На тој начин ЕУ ќе ги зголеми расходите и буџетскиот дефицит
 
Како и да е, граѓанската војна чука на врата. Демоснтрантите завземаат административни и владини згради, а во центарт на Киев продолжуваат улични тепачки.
Сега тие од Лвов, што претходно ја освоија касарната со целото оружје, им се придружуваат на тие во Киев.

http://prokuratura.org.ua/?p=21686
Оружјето не е единствен услов за да се оформи армија и да се води војна. Војската е структура која бара многу други аспекти.

Украина не е држава во која само делумно малцинство го подржува Јанукович. Јанукович има подршка од проруски-ориентираниот народ кој го сочинува мнозинството. Како и да е радикализирана е само дел од опозицијата, дури ни цела опозиција не учествува во насилството и го осудува. Башка на тоа Украина е предворје на Русија, со деклариран Руски народ кој сочинува голем дел од населението. На карајот на краиштата да се подсетиме, Русија реагираше во Грузија без мува да ја полази пред 6 години, да го заштити Рускиот народ во Јужна Осетија. Мислам дека нема ништо да ги спречи да влезат и тука, доколку е загрозен Рускиот народ.
 
хех..инструктори од НАТО се веќе влезени во западна Украина. Јанукович ништо не превзема, додека гинат од Беркут и додека демонстрантите завземаат милициски станици. Според сознанијата, војската може многу бргу да воспостави ред.
 
Чернобил, како што гледам, лошо им влијаел на украинциве
До скоро мислев дека грците се најглупа нација, ама сега си го сменив мислењето.
Преку 25 загинати за една ноќ, а тие ги качиле на сцена свештените лица :гомце: и нешто таму проповедаат.... валда во име на бога го прават ова :cuc:
Како што ги гледам луѓето, не се пијани, како дрогирани се. Зарем им треба оваа војна сега?

Чернобиле... експлодирај повторно.
Не си си ја завршил работата 1986
 
хех..инструктори од НАТО се веќе влезени во западна Украина. Јанукович ништо не превзема, додека гинат од Беркут и додека демонстрантите завземаат милициски станици. Според сознанијата, војската може многу бргу да воспостави ред.
Како што кажа претходно, не ја гледај ситуацијата од една страна, гледај ја од двете страни.

Како што запад има агенда, Русија не е само нем набљудувач. Чекорите се веќе превземени. Немора да значи дека дел од тие чекори е и смирување на ситуацијата.


А за НАТО инструкторите... Грузија имаше НАТО армија, па беше уништена за 5 дена
 
Последно уредено:
Заради баланс на темава (иако мислам дека и двете сили не треба што да се мешаат во незавнисна држава како што е Украина) и Русија не е нешто невина во ситуацијава. Украина не пред долго време имаше про-европска партија на власт, која откако беше сменета на власт, беше тотално уништена со апсење на врвот на партијата. Глупо е да се каже дека во тоа не беше вмешана Русија и дека властите на Украина тоа го направиле самостојно. Сеедно, и САД и Русија прават само да им биде лошо на луѓето во Украина. Мене најмногу ме плаши да не дојде до прашање за физичка поделба на државата, бидејќи изборите покажуваат доста физичка поделба на држава во однос на тоа која „страна“ ја подржуваат.

DC-Map-Ukraine-Presidential-Election-2010.png
 
Споделете некое видео +18 од протестите, читав некоја веста ама видеото не ми ја отвараше па сакав да видам шо како, глеам вчера 9 полицајци се убиени
 
Споделете некое видео +18 од протестите, читав некоја веста ама видеото не ми ја отвараше па сакав да видам шо како, глеам вчера 9 полицајци се убиени
Дел од уличните борби:

Дел од војната што ја гледавем во живо ноќеска:

Ова беше најголем хорор, пеат попови, гори цел град, 25 луѓе се убиени, скоро сите со прострелни рани. Страшно во секоја смисла.
 
Лешинарите се појавија.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/sve...voveduvanje-sankcii-protiv-ukrainskite-vlasti
ЕУ: Итна средба за воведување санкции против украинските власти

Најбројната парламентарна група во Европарламентот, Европските народни партии (ЕПП) донесоа одлука да се побара воведување на два вида санкции: за движење и за проток на пари, односно замрзнување на сметките во Европа на претседателот на Украина, Виктор Јанукович, и неговите партнери од власт

Претседателот на Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент (АФЕТ), Елмар Брок, на денешната прес-конференција во ЕП по повод настаните во Украина, потврди дека министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија утре ќе одржат вонреден итен состанок во Брисел со една цел – воведување санкции кон украинските власти.

Утринава, најбројната парламентарна група во Европарламентот, Европските народни партии (ЕПП) донесоа одлука да се побара воведување на два вида санкции: за движење и за проток на пари, односно замрзнување на сметките во Европа на претседателот на Украина, Виктор Јанукович, и неговите партнери од власта.

На денешна прес-конференција во ЕП, заедно со Брок, се појавија и европратениците Хозе Игнасио Салафранка и Јацек Сариуш-Волски, како и Руслана Лизичко, позната украинска пејачка и активист на плоштадот „Мајдан“. Притоа, Сариуш-Волски побара и воведување санкции од страна на ЕУ кон Русија, како, според него, поддржувач на политиката на Јанукович, на идентичен начин со блокирање на сметките на нивните политички власти во Европа и забрана за движење.

- Групата на ЕПП во Европарламентот донесе едногласна одлука за воведување санкции против одговорните лица и тоа веднаш. Се надевам дека утре, Советот за надворешни работи на Унијата ќе ја донесе оваа одлука, како и реакција за итно спречување на насилството во Киев. Нема веќе време за соопштенија и луѓето во Украина нема да бидат задоволни ако продолжиме така. Затоа, повикуваме на воведување санкции против одредени лично одговорни лица од власта во Украина за насилството и Советот и земјите-членки треба итно да ја подготват таа листа – посочи претседателот на АФЕТ, Елмар Брок.
 
Ова воопшто не ми се допаѓа сцената,свештеници пеат во позадина а народот доле се тепа до смрт ... Типичен Среден Век .... Наместо како свештеници да засилат напори да се прекине,направи нешто,они на страаана, ајде да гледаме,нека гине народ,ние пееме ... Имаше едно видео ако најдам во БТР возило каде што полицијата се приближува до демонстрантите,овие фрлаат коктели и го запалуваат возилото и полицајците живи во него експлодира ... Ептен морници ...[DOUBLEPOST=1392813297][/DOUBLEPOST]
Ова воопшто не ми се допаѓа сцената,свештеници пеат во позадина а народот доле се тепа до смрт ... Типичен Среден Век .... Наместо како свештеници да засилат напори да се прекине,направи нешто,они на страаана, ајде да гледаме,нека гине народ,ние пееме ... Имаше едно видео ако најдам во БТР возило каде што полицијата се приближува до демонстрантите,овие фрлаат коктели и го запалуваат возилото и полицајците живи во него експлодира ... Ептен морници ...
Еве го видеото каде го палат возилото ... ПГ-13

http://www.youtube.com/watch?v=ccpW1R7UfAI&feature=youtube_gdata_player
 
Последно уредено:
Голема штета за ваква држава со прекрасни луѓе. Судбината им била таква да бидат битен фактор во плановите на големите сили (Русија, ЕУ и Америја). Длабоко поделен народ меѓу себе каде што украинските патриоти мразат све што е руско и другите кои сметаат дека Русија им е спасот.

Штета што од осамостојувањето не добија ниту еден политичар кој вистински ќе ја издигне Украина независна од туѓите интереси. Но тоа на русите и европјаните не им одговара бидејќи Украина е една голема земја со огромни природни ресурси со голема популација и би можела да биде многу битен фактор во глобалните политики.

Ги уништија корумпираноста и туѓите интереси, стварно штета за ова братоубиство што им се случува.
 
Страшно, мириса на граѓанска војна која како што изгледа веќе почнала. Е ова е моќта на народот само што кај нас никој не го знае и затоа политичарите си играат куро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom