Анкетно прашање: готвење на плин или струја?

  • Креатор на темата Креатор на темата Muki-20
  • Време на започнување Време на започнување

Готвите на плин или струја?

  • Вкупно гласачи
    122
се е тоа во ред, али колку е тоа можно? сите користиме и бојлер, и машини за алишта/садови, готвиме, пегламе, така да “стремењето“ е некако тешко, да не кажам никакво.
 
Готвам и на плин и на струја...., ама можам да речам дека готвењето на плин е каде каде по економично и поубаво :)
 
друже, па ти си цар! прво што ми падна во очи е дека за готвење си трошел 1500-2000 ден месечно. многу бре! второто е дека една боца ти е 2 месеца. навистина многу се готви кај тебе, и тоа на рингли, без рерна. колку за споредба, кај мене една боца тера од 5 до 7 месеци. еве сега таа што ја празнам ја имам наполнето на 15 април.
за остатокот, сосема си во право!!!
атестирана боца, добра инсталација и нејзино редовно одржување (редовно е релативен поим) се избор број 1. уште да може да се набават и шпорети каде рерната е на плин, а има модели на алфа плам, но појма немам цени зошто не ги увезуваат, па ако додадеш и бојлер на плин (појма немам од аде би можел да набавам), тогаш верувам дека никој нема да плаќа сметка за струја поголема од 600-700 ден, колку за фрижидерите :pos:

Нормално плинска боца од 10 кила би требало да тера некои 3 месеци (за едно просечно семејство), е сега кај нас многу оди на оние мали работи, значи дневно се пие али стварно многу кафиња чај и млеко. Без претерување, онака во просек се спрема 5-6 пати чај, 3-4 пати кафе и 1-2 пати млеко. и тоа ретко одеднаш да направиш за сите туку како кој ќе стане или му се пријаде - припие. Значи плин секој ден појадок - ручек - вечера, нема вечера ни појадок да не треба нешто на плин, и на лето и на зима. Таква сме навикнале. јАс кога почнав првиот месец со плин, иомав од оние малите боци шо се не се менуваат туку се полнат, ми имаат траено 15-20 дена
 
@arakenx одлично го објасни тоа...Само ме фати во една друга тема за живеење во заедница, каде живеењето далеку би се упростило ако имаш некои од овие electrical appliances. Рецимо печка,бојлер, машина за садови и фрижидер се прекупотребни кога во домот имаш 5 луѓе. Секоја со својата упростеност и економичност, што на време, што на пари, што на двете.

Анчо спомна за плински бојлери/на дрва... па не би идел на таа карта, затоа што ризикот човек да се задуши ради мал квар е далеку поголем отколку неговата заборавеност да го исклучи електричниот бојлер пред бањање. Чадот не го приметуваш особено кога си опуштен во када, не дај боже малку и пареа да испарува од топла вода.
 
Навистина сум задоволен со Вашите мислења, искрен да бидам ова ми се битни информации за мојот проект кој го изработувам, во Благодарам на сите Вас, кој ми помагате со вашите мислења за успешена изработена проектна задача. Се надевам на Вашите понатамошни мислења на оваа тема.

Поздрав и се најубаво
 
@arakenx одлично го објасни тоа...Само ме фати во една друга тема за живеење во заедница, каде живеењето далеку би се упростило ако имаш некои од овие electrical appliances. Рецимо печка,бојлер, машина за садови и фрижидер се прекупотребни кога во домот имаш 5 луѓе. Секоја со својата упростеност и економичност, што на време, што на пари, што на двете.

Анчо спомна за плински бојлери/на дрва... па не би идел на таа карта, затоа што ризикот човек да се задуши ради мал квар е далеку поголем отколку неговата заборавеност да го исклучи електричниот бојлер пред бањање. Чадот не го приметуваш особено кога си опуштен во када, не дај боже малку и пареа да испарува од топла вода.

....потполно се согласувам, но тие 5 луѓе би требало да имаат план Б и начин да продолжат нормално да функционираат при поголем дефект на електричната мрежа или рестрикции при големи оптоварувања на електричната мрежа

еден банален пример....стан кој се грее на парно....доаѓа до сериозен дефект на блиската трафостаница и потребни се 3 дена за замена....поради немањето на струја не работат пумпите за парно, не можеш да се грееш на клима, панелка, греалка....имањето на плинска греалка (катализатор) во ваков случај е план Б....можеби комфорот на живеење ќе се намали но животот во станот нема да биде неподнослив
 
Ако Отецот е дух и не е видлив, а Иса а.с./Исус е “син божји“ кој е видлив, станува збор за ЕДЕН, т.е. станува збор за ОТЕЦОТ? Дали Иса а.с./Исус прикажан во својот лик во тело кој е од месо и крв, всушност е ОТЕЦОТ кој не е роден ниту ќе се роди?
:pos:
Шо има врска ова со плинот и струјата бе ?
Или реши со клањање и молитви да готвиш ?
 
Јас се извинувам за оф топик.... Кај има бе бојлери на дрва? :confused:
У Свирипичино, у имја оца сина и свјетога духа амиииииииииин
А моеш и сама да си го напраиш не е комлициран нешо.
 
На погрешно место го поставив прашањето, се извинувам. Ги молам модераторите да ги очистат последните коментари. ИЗВИНЕТЕ уште еднаш.
 
У Свирипичино, у имја оца сина и свјетога духа амиииииииииин
А моеш и сама да си го напраиш не е комлициран нешо.

Го избришав постот затоа што(замисли!) ми текна да прогуглам. :icon_lol: Видов цени од 120 евра, што и не е така скапо, ама ти пиши ми на прајват како се прави, не е лошо да си имам информација плус. ;)
 
и печките со таквите плотни се сачувај боже скапи..
Напротив, многу се поефтинети последниве години. Проблем е што кај нас речиси и да нема избор. Цената им е како на поскапите стакло-керамички плотни. Исто нема ниту електроиндукциски решоа, многу популарни во светов.
 
Денешна цена на ТНГ е 41 денари за литар
http://www.makpetrol.com.mk/index_mk.asp
еден литар ТНГ содржи 7 KWh
Еден KWh од ТНГ чини 41 : 7 = 5,86 денари
Во моментов струјата чини
скапа - 6,36 денари за KWh
ефтина - 3,19 денари за KWh
 
....во идеални услови пресметката е точна

...во реални услови (во зависност од типот на шпоретот и садот за готвење) имаме загуби кај готвењето на струја....најдобра конверзија имаме кај индукционите греачи каде што се загрева само садот за готвење и загубата на топлина е најмала, потоа доаѓаат шпоретите со стаклокерамичка плоча (церан) но тука имаме одредени загуби и на крај се обичните рингли каде што површината на садот за готвење и контактот меѓу ринглата и садот игра огромна улога - неприлагоден сад и големина на рингла доведува до значајни загуби

од друга страна при согорување на плинот скоро секогаш површината на пламенот е помала од површината на садот и пламенот е во директен контакт со садот....така да скоро целата генерирана топлина се предава на садот и загубите на енергија се сведени на минимум

за да се направи точна пресметка за разликата меѓу плин и струја треба да се земат во обзир видот на греачот кај струја односно горилникот кај плин, загубите при пренос на топлина, видот на садот и слично

на пример кај понеквалитетните садови при готвење на плин се деформира дното (ова нема никаква улога при готвење на плин), но ако вака деформираниот сад го ставиме на класична рингла потрошувачката на струја ќе се зголеми (поради лошиот контакт на садот со ринглата)
 
друже, па ти си цар! прво што ми падна во очи е дека за готвење си трошел 1500-2000 ден месечно. многу бре! второто е дека една боца ти е 2 месеца. навистина многу се готви кај тебе, и тоа на рингли, без рерна. колку за споредба, кај мене една боца тера од 5 до 7 месеци. еве сега таа што ја празнам ја имам наполнето на 15 април.
за остатокот, сосема си во право!!!
атестирана боца, добра инсталација и нејзино редовно одржување (редовно е релативен поим) се избор број 1. уште да може да се набават и шпорети каде рерната е на плин, а има модели на алфа плам, но појма немам цени зошто не ги увезуваат, па ако додадеш и бојлер на плин (појма немам од аде би можел да набавам), тогаш верувам дека никој нема да плаќа сметка за струја поголема од 600-700 ден, колку за фрижидерите :pos:
jas isto se rasprasuvav za bojleri na plin,mi bese kazano deka ne gi uvezuvaat.nema gasifikacija masovna na naselenieto,nema interes,a da imas bojler i sporet na boca,kje treba dosta cesto da menuvas boci.
inaku i nie gotvime na gas
 
http://www.forum.hr/showthread.php?t=326504

За сите недоумици. Знам дека е тешко да убедиш некој кому цел живот тенџерињата му се подгорени, ама и сијалицата била некогаш чудо ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom