- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.044
- Поени од реакции
- 16.573

Дојде на ред и на последниот мастерс турнир во оваа тениска сезона, тоа традиционално години наназад се одржува во Париз, во спортскиот комплекс Берси, недела пред почетокот на завршниот турнир, каде ќе играат најдобрите осум тенисери во изминатава година.
Овој турнир во Париз повеќе е како квалификации за останатите тенисери кои не избориле место во тие 8 тенисери кои ќе учествуваат во Лондон, доволен доказ е и минатата сезона, каде во финалето гледавме дуел на Ферер - Јановиц, каде поуспешен беше шпанецот.
Главните фаворити испаднаа многу пред завршницата.
Па така, многу малце поени ќе бранат главните конкуренти, првиот тенисер во Светот минатата сезона воопшто не се појави на овој турнир, па секој поен ќе биде плус за него, истото може да се речи и за Ѓоковиќ, кој ланска сезона загуби во второто коло од Сем Квери, па оваа година се очекува да напредува на овој турнир.
Енди Мареј нема да го гледаме на турнирот поради повреда, па како трет носител е поставен шпанецот Ферер, воедно и бранител на титулата.
И Федерер на овој турнир нема да брани ниту еден поен, а тој исто ќе се бори за завршниот турнир во Лондон, каде сеуште не е сигурен, па во поволна ситуација е од останатите тенисери.
Оваа година се надевам дека ќе гледаме далеку по квалитетна завршница од минатата, безразлика што главните фаворити за титула формата ќе ја темпираат за турнирот во Лондон..
Први осум носители на турнирот:
1. Надал
2. Ѓоковиќ
3. Ферер
4. Дел Потро
5. Федерер
6. Бердих
7. Вавринка
8. Цонга
Главен ждреб
Награден фонд: € 3,204,745
Официјален сајт на турнирот: http://www.fft.fr/en/bnp-paribas-masters-official-website-0
Телевизија која ќе го пренесува турнирот: СК 1, СК 2, МРТ