АВРМ - Провери дали си пријавен

  • Креатор на темата Креатор на темата VaZoLjIN
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
http://www.zvrm.gov.mk/

Можеби повеќето ја знаат странава,но нека ја има и на Кајгана.
Страната е од Агенцијата за вработување на Република Македонија.Со обична регистрација влегувате во електронскиот систем на АВРМ каде што може да си проверите:

-Претходни пријавувања на работен однос
-Моментално дали сте пријавени
-Од кој до кој датум
-Дали на определено или на неопределено
-На колку работни саати
-На кое работно место

Многу често кај нас те пријавуваат на 20 работни часа неделно(без твое знаење),со цел да плаќаат помали придонеси.Често си пријавен на работно место што немаш врска со тоа.Пример жена ми ја пријавиле на работно место Возач на патничко возило - а она нема ни возачка :D

Околу регистрацијата на страната.
Одиш на линкот - http://www.zvrm.gov.mk/
Најдолу на страната - ВЛЕЗ ВО ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ
Кај Најава на системот Пишуваш твоја (активна) емајл адреса и пасвор по желба (пасвордот мора да содржи специјални знаци како - !@#$%^&*() и др.)
Одиш -Регистрирај се како Физичко лице и ти дава нова страна каде треба да го впишеш твојот ЕМБР па копчето Регистрирај се.
Ти стига мејл за активација - го активираш и се логираш.
Под копчето Работни места можеш да ги провериш сите твои пријавувања.

Може да послужи и како доказ за претходното работно искуство.

 
Никаде не пишува на кое работно место си пријавен :confused:
--- надополнето: 23 септември 2013 во 11:06 ---
Аха најдов во формата за печатење :D
 
Никаде не пишува колку стаж имаш, за сите работни места ми пишува РАБОТЕН ОДНОС, а на почетокот бев со договор на дело (за кое не тече стаж).
--- надополнето: 23 септември 2013 во 11:25 ---
па бев да корегирам :(

Сега видов, и моето го утнале :mad:
 
Ова со матични броеви голема зафрканција може да се злоупотребува на било кого матичниот број
 
Ова со матични броеви голема зафрканција може да се злоупотребува на било кого матичниот број


....да може да се злоупотреби за да се дојде до информации..кој каде работи, стаж и предходни вработувања..но неможе да се направи голема штета бидејќи информациите се само за преглед...неможеш да менуваш
 
Никаде не пишува колку стаж имаш, за сите работни места ми пишува РАБОТЕН ОДНОС, а на почетокот бев со договор на дело (за кое не тече стаж)

Па би требало да има од која до која дата си пријавен.Барем така е кај сите што сум проверувал.Претпоставувам штом те има како пријавен во АВРМ некој временски период,за истиот мора да ти е платен и стаж.
Па тоа е тоа - работен однос.Кај сите така пишува.Пријавен си дека засноваш работен однос и логички платени ти се сите придонеси и ти тече стаж.
 
И мене ми го згрешиле презимето. Има ли некој јунак кај кого е се како што треба? :)
Патем за стаж се ми е во ред, се е заведено.
 
Претпоставувам штом те има како пријавен во АВРМ некој временски период,за истиот мора да ти е платен и стаж.

Нејќе да е така, пишав дека почнав со договор на дело за кое колку што знам не ми се плаќаше стаж.
Можеби leandra знае за сигруно дали мора за договор на дело да се плаќа стаж.
 
Нејќе да е така, пишав дека почнав со договор на дело за кое колку што знам не ми се плаќаше стаж.
Можеби leandra знае за сигруно дали мора за договор на дело да се плаќа стаж.
Само персонален се плаќа на договор на дело, барем мене така ми плаќаа на договор на дело.
 
Знае ли некој дали имаат фирмите обврска да го корегираат степенот на стручна спрема или си останува како кога си бил примен на работа?
 
Знае ли некој дали имаат фирмите обврска да го корегираат степенот на стручна спрема или си останува како кога си бил примен на работа?
Не е тоа обврска на фирмата. Со дипломата од факултет треба да идеш до биро да те корегираат во системот.

Јас така при проверка дознав дека сум со основно образование заведена :)
 
Не е тоа обврска на фирмата. Со дипломата од факултет треба да идеш до биро да те корегираат во системот.

Јас така при проверка дознав дека сум со основно образование заведена :)

Прашувам зашто ме убедуваа дека они ги завршуваат тие работи.. Ќе одам јас, фала. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom