Протести поради звучниците на џамиите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Hattab1 не знам зошти се потребни толку силни звучници кога за време на молитва треба да бидеш со останатите верници - во џамија

не верувам воопшто на некој да би му пречело човек да пее од минарето,ама звучници со таа јачина - навистина нема потреба,не наликува на нешто достоинствено,ами повеќе наликува како нешто да се оди на сила

никој нема проблем со религијата,туку со некои работи кои сметам дека се непотребни
 
Добро што нивните се бунат за ова, иначе македонците да кренаа бука имаше да се запалат сите автобуси на јсп до сега...
Сакаш да кажеш ќе направеа војна
 
Се ми се чини дека на крај ќе побарате и да не треба да возиме автомобили,бидејќи нели не постоеле кога настанала религијата :)

Очигледно погрешно сте ме разбрале јас не барам ништо од никого туку треба да се види во светите книги (куран - кај муслимани и библија - кај православни) дали некаде се споменува користење на технологија како помагало при извршување на верски обреди.
Само немојте повторно погрешно да ме разберете дека јас подобро ги знам верските работи на муслиманите од нив самите. Ова го кажав сошто колку што сум слушнал и што сум се распрашувал (зошто ме интересирало не поради нешто друго) немам слушнато дека постои такво нешто.
Доколку постои некој нека ме поправи, со тоа ќе дознаам и нешто плус.
 
Минарињата баш за тоа се градени повикување на молитва.Она што претежно го нарекува народот “ракети“.
Високи,за да се качи муезинот горе и да вика езан (повик за молитва). Денес се градат куп џамии и уште толку минариња за украс,додека муезинот на микрофон како на концерт,доле вика езан преку разглас.А према религијата,и етиката во мултикултурно опшество,ниту камбанарија треба да има, ниту разглас кај џамиите,освен за празници и петоци.


Ова ти е Герила Маркетинг.

Патем незнам зошто некои на форумов помислија дека ќе биди потивко. Идејата колку шо сватив е само рил тајм да рика оџата а не на плејбек. Гласноста се подразбира дека сите треба да го слушнат.

Како можи во 21 век во секуларна држава џандарите да не преземаат ништо против нарушување на јаен ред и мир.
 
На мене лично не ми смета, дали од кога ги искастрија дрвата покрај реката, или имаат upgrade на sound системот, па оџата повеќе се слуша од порано. Инаку се слушаат и црковните ѕвона на секои 15 минути (точно време :D), ама со ист интензитет како од секогаш. Овде има 1 џамија и ајде пак е ок, ама пред некој ден во Скопје се чувствував како да сум во Техеран... па барем да беа синхронизирани тие снимки што ги пуштаат... Пак ќе речам, езанот не ми пречи, туку начинот. Во право се од ИВЗ нека излезе на минарето и нека подвикне малку, на yt има снимки од оџа од Сараево, кој „пее“ најубав езан (според многу).
 
Мене не ми смета, слободно позајмете го тоа од вудсток или како се викаше тој фестивалот :)

Муабетот ми е,ако мислат да ги намалат со навреди од типот: гракање,лелекање итн итн.. само контраефект се постигнува,може во иднина и да се попуштат.
Слободно уште малку да се попушти. Докупете опрема ако треба. Самите вие ќе се изедете нема да мора никој да реагира. :)
 
Од 7-8те џамии околу Бит Пазар, само од една оџата има некаква врска со пеење. Сите други завиваат како гладни кучиња. Кога ќе викнат сите одеднаш во тој дел од Скопје, не да е акустично лудило, мислиш смак света дошол. Башка тоа што се работи за манифестирање „сила“ кон немухамеданското населени, туку во вакво каша-општество, се работи и за форма на заплашување. У комбинација со чудните типови со кратки панталони и долги бради кои се шетаат како да се у Исламска република Иран, секуларна Македонија има основано право за загриженост.

Allahu ajvar!
 
i sega koja e tvojata zelba :)
Не сакам со тебе никаква конверзација затоа што ме осуди дека не го сакам исламот. Што тоа воопшто не е точно. Затоа понатака со тебе нема да реплицирам.
 
Од 7-8те џамии околу Бит Пазар, само од една оџата има некаква врска со пеење. Сите други завиваат како гладни кучиња. Кога ќе викнат сите одеднаш во тој дел од Скопје, не да е акустично лудило, мислиш смак света дошол. Башка тоа што се работи за манифестирање „сила“ кон немухамеданското населени, туку во вакво каша-општество, се работи и за форма на заплашување. У комбинација со чудните типови со кратки панталони и долги бради кои се шетаат како да се у Исламска република Иран, секуларна Македонија има основано право за загриженост.

Allahu ajvar!
За ова велев се чувствувам како во Техеран... барем да беа синхронизирани...
 
Крш-податок е „роден како муслиман, а се чувствува како космополит“ - не знам дали новинаров го наместил или самиот си пука во нога....

И не знам што се попаливте кога протестот е во друг правец насочен - да има директен пренос од урлањето, не да се намали или забрани - смалување децибели само после војна со нив (ако ги победиме случајно).....а и ова батево ако продужи да јаде бабури, ќе се удави у кофа, така ми личи...
 
Не е проблемот тоа што урлаат,впрочем и самиот арапски јазик можеби на многумина им е одбивен,не е ни поентата на молитвата убаво да звучи за нашите уши,не се проблем ниту молитвите преку ден,но ако нешто би можело да се смени тоа е барем утринската,првата молитва да намалат на децибели.Многупати ми се десило да ме разбуди,па оди заспиј летно време во 3 ипол откако веќе ќе се расониш.

Али небитно и така живееме во банана и главна амбиција ни се мерење полови органи од типот највисока џамија,најголема црква,најголем крст на врв,најгласна џамија,која верска заедница има најмногу следбеници,со еден збор јаки ташаци.Само во вакви дисциплини сме мотивирани и не прават среќни,а тоа е индикатор колку сме колективно вон сите цивилизациски случувања на модерниот свет.
 
Конечно! Оваков потег беше потребен одамна.

Се работи за иницијатива молитвите да ги пее оџата во живо и да се исфрли плејбекот од употреба,а не за некакво намалување на децибелите и обзир кон потребата за одмор на човекот.Практично,овој потег е резултат на внатрешни превирања во ИВЗ,јас и ти немаме никаков ќар од ова.
 
Се работи за иницијатива молитвите да ги пее оџата во живо и да се исфрли плејбекот од употреба,а не за некакво намалување на децибелите и обзир кон потребата за одмор на човекот.Практично,овој потег е резултат на внатрешни превирања во ИВЗ,јас и ти немаме никаков ќар од ова.


ти се спие случајно ?

Ќе има протести за да се тргнат звучниците од џамиите – оџите мора да пеат сами велат и од ИВЗ


Една невладина организација од Скопје, се подготвува да покрене иницијатива за повлекување на звучниците од џамиите, јавува Република.мк.................
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom