Зошто никој не ја посетува православната црква во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheep
  • Време на започнување Време на започнување
Одење во црква е чисто суеверие,а причината е баш едноставна.
Духовниот левел кај народот е навистина на ниско ниво.Значи зборувам за православните.Ретко од нив кој читал библија,знае некој црковен закон,празник,суштина на христијанство,историја.
Ретки се црковните собири, учења и помош,за разлика од католичката и протестантската црква. Значи,кога ќе го испуштиш стадото од раце,секој ќе замини онаму каде сака. Е,во целата ситуација,зошто баш поповите тоа го прават? Народот со помалку знаење за религијата,доаѓа во црка ради свои убедувања и суеверие.А баш тие суеверија,носат пари.Баш тоа едномесечно влегување,кошта неколку свеќи,некоја икона од црковната продавница,амајлија за заштити како крстови,мини икони,привезоци итн. Исто кај народот популарни се иконите за здравје,исполнување желби,бериќет.Не само што ќе биде некоја свеќа запалена пред нив, туку и ќе биде и некој денар оставен.Сето тоа е бериќет,но за црквата.
 
Исто кај народот популарни се иконите за здравје,исполнување желби,бериќет..

Посочи ми, кои се тие икони кои исполнуваат желби?

Велиш, цитирам:
„...Народот со помалку знаење за религијата,доаѓа во црка ради свои убедувања и суеверие...„

А ова, за Тебе „као„ не важи, нели?
 
Посочи ми, кои се тие икони кои исполнуваат желби?


Ќе те молам во иднина да не ме цитираш.За верски расправии не сум. Кон болдот:

Погача Фанурија


8120908-8922-800x600.jpg
image.png
Погача Фанурија


Подготовка Оваа погача се прави во чест на Светецот Св. Фануриј. Се носи во црква. Оваа погача се прави за здравје, среќа, радост и исполнување на желби на семејството.
 
Поради ова:
http://forum.kajgana.com/threads/Владика-Петар-Жените-се-виновни-за-големата-стапка-разводи-во-Македонија.68247/

Поради поповите не одам во црква, за мене се бедници, уништувачи на нашата религија.

Сите сте во заблуда не е таа причината оставање пари , размислете дали некој со сила ве тера да купувате свеќа во црквата ..не , ако некој е стварно верник ќе отиде едноставно да напраи чест може и да клекнеш пред олтарот и да се помолиш а за тоа никој небара пари него тука треба воља .
 
Сите сте во заблуда не е таа причината оставање пари , размислете дали некој со сила ве тера да купувате свеќа во црквата ..не , ако некој е стварно верник ќе отиде едноставно да напраи чест може и да клекнеш пред олтарот и да се помолиш а за тоа никој небара пари него тука треба воља .
Одбивност кон религијата ствараат поповите. Место на работа на поповите им е во црква. На литургија не одам оти ја пее богат поп. Во црква одам и не оставам пари.
 
Ќе те молам во иднина да не ме цитираш.За верски расправии не сум. Кон болдот:
што е наредното, пица од Енрико да се носи во црква?
 
Ќе те молам во иднина да не ме цитираш.За верски расправии не сум. Кон болдот:

Важи...
едитирано од модератор.

Патем кажано, моето прашање не се однесуваше на никакви погачи и колачи, туку на икони кои исполнуваат желби. Кои се тие, посочи ги...
 
Одбивност кон религијата ствараат поповите. Место на работа на поповите им е во црква. На литургија не одам оти ја пее богат поп. Во црква одам и не оставам пари.

И јас многу многу не ги сакам попојте , обични луѓе се они кои многу често аздисуваат своеволно што за разлика од монасите кои се многу поинтелегентни и помилосрдни кон рајата и си живеат одвоен живот . Незнам само како им дозволиле да се женат што за разлика од католичките опати е тоа забрането исто како кај монасите и монахињите .
 
Во сите балкански земји православната црква е многу малку посетена, пример во Србија, Бугарија, Црна Гора, БиХ. Додека во католичките земји како што се Хрватска,Албанија,Италија и многу други католички држави во светот црквата е многу посетена. Сакам да кажам дека православните не одат на миси/литургии, а католиците одат многу почесто. Пример во католичкава црква во скопје има миси секој ден.

Разликата е огромна,кај сите други и кај католиците,и кај протестантите исто така и кај муслиманите има проповедници на верата.Верниците одат во своите храмови за да научат нешто од верата за да ја применат во животот.Но за жал такви проповедници нема во православната црква,верниците кога одат гледаат еден куп ритуали,особено за Велигден гледаат како сите свештеници му се вртат околу Стефан,му се поклонуваат,му бакнуваат раце,пеат нешто неразбирливо,за да се научи нешто ушите треба да ги изостриш до максимум.И затоа верниците по враќањето од храмовите не памтат ништо,едноставно отишле празни и духовно празни се вратиле.Со палењето свеќа,со поклонувањето на иконата ништо духовно нема верникот да го исполни,туку го исполнува само слушнатиот и примениот збор од Словото Божје.
 
Ти ако си верник во Бога кај и да си верата со себе ќе си ја носиш, чуваш и почитуваш. Што ако одиш секој ден во православна црква, а не си некој голем верник.... ништо. А вака ти можеш и дома да си, можеш и да одиш еднаш месечно во црква и да си се молиш... ако ти си верник во Бога тој секогаш ќе биде тука со тебе :)
 
И јас многу многу не ги сакам попојте , обични луѓе се они кои многу често аздисуваат своеволно што за разлика од монасите кои се многу поинтелегентни и помилосрдни кон рајата и си живеат одвоен живот . Незнам само како им дозволиле да се женат што за разлика од католичките опати е тоа забрането исто како кај монасите и монахињите .
Да бидам искрена и во нив неверувам. Незнам, нешто во мене ми вели дека не се придржуваат до Божјите закони. Едноставно свештено лице ми е синоним за уништувач на религијата. Црквата како институција не е нивна и ние мора да си ја вратиме, тоа е духовен храм, наш, а не нивни, бидејќи они се попрљави од нас.

И секако еден апел и на темава: Не оставајте пари во црква. Фала :)
 
Бар до 5та страна да не се забега ептен од колосек... Мики пријателе, не мора сите да ги преиспиташ сеа... нека се искажат на мира. Имаш други пациенти за то :)
 
не поднесувам многу попови, не учат дека треба нашето да го делиме со сиромашните а они им наплаќаат на сиромашните високи тарифи за без везе
да се разбереме, јас сум верник и секој ден се молам, само одењето во црква не ми е нешто посебно оти каси за пари ставање има повеќе од крстови
не ме прави поголем верник ако одам во црква, нарочно не ако оставам повеќе пари
Бог е насекаде, не само во црквите
 
Ги читам коментарите и гледам колку е зголемен цинозмот кај луѓето не си ја познаваат основата на своето постоење и цел.
има одговор на тоа за вашите ставови кон храмовите и свештенството кој сака да си прочита кликни тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom