Првут (Перут) и Себореа

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Од секогаш сум имал премногу перут и сум пробувал милион шампони но никогаш не сум успеал да најдам конкретен, се додека мајка ми не ми порача еден од Avon >

prod_1136776.jpg


Го користам со години и сум немал перут ама ни една точка.
Е сега се што треба да правиш е да тестираш цело време, а при тоа да одбираш шампони кои одговараат на твојата коса. Користиги повеќе од 1 месец и ќе ги видиш резултатите.
Така барем јас праев и конечно најдов.
 
Еве ви спас за да го избегнете првутот...

1. Ако има првут, ранички, црвенила, чешање...

Мијте ја косата 3 пати во неделата со млака вода и не користете некој јаки шампони, Ваш енд Гоу, Хедер Шолдерс и триста глупости...... Мијте ја 3 пати во неделата со Бекутан бебешки шампон.... тој не прави бетер да биде :)

2. Ако има само првут

Натопете една крпа во врела вода, убаво исцедете ја и ставете ја на главата како турбан додека е топла... пареата ги отвара порите на главата и ги чисти маснотиите.
Во половина бокал ставете вода и исцедете еден лимон, промешајте и при последното миење на косата течноста истурете ја во косата, убаво протријте, почекајте едно 3-5 минути и исплакнете.

:)
 
Добро, таман цела плата за шампони ќе ми отиде. :D



Мала цена ако помогне. Значи јас се давам на систем на елиминација, ќе почнам со Шаумата, ти почни со Силосот или како и да беше па ќе уштедиме и двајцата .
 
Мала цена ако помогне. Значи јас се давам на систем на елиминација, ќе почнам со Шаумата, ти почни со Силосот или како и да беше па ќе уштедиме и двајцата .


Добра ти е математикава. Секако е фер, тотално нема ништо нефер во неа. Никако. Не. :pos:
 
внимавајте што јадете. за здрав скалп најважна е исхраната. а шампон се менува на околу 6 месеци,инаку доаѓа до презаситување и исто како да не делува. пробајте го Nivea for Men Hair & Body Wash, Menthol Cool....на почеток ќе почувствувате "горење" на кожата,а после секунда две "замрзнување" од самиот ментол. и помалку носење капи на глава ;)

500.JPG имаше и еден зелен,ама како беше точно....:rolleyes:
 
Добра ти е математикава. Секако е фер, тотално нема ништо нефер во неа. Никако. Не. :pos:


Сакаш обратното, ти земи ја Шаумата, а јас Силосот.
--- надополнето: 29 август 2013 во 14:43 ---
внимавајте што јадете. за здрав скалп најважна е исхраната. а шампон се менува на околу 6 месеци,инаку доаѓа до презаситување и исто како да не делува. пробајте го Nivea for Men Hair & Body Wash, Menthol Cool....на почеток ќе почувствувате "горење" на кожата,а после секунда две "замрзнување" од самиот ментол. и помалку носење капи на глава ;)

Прегледај го приврзокот 71129 имаше и еден зелен,ама како беше точно....:rolleyes:



Разочаран сум од Нивеата, моментално ја користам. Само денот на бањање си ок, веќе од утредента е стара песна.
 
Сакаш обратното, ти земи ја Шаумата, а јас Силосот.


Шаумата ја имам пробано, краткотрајно решение ми е. Рецептот исто, Доктор подолго ама не баш задоволен, зашто ми падна коса малце од него. Ете, решивме неколку.
 
Сајос помага, многу. Таман прекинав со него да ја мијам косата и повторно имам првут, од шаумата што е против првут дупло мене ми се прави исто и од хед енд шоулдерс, fuck 'em.
Пробајте со Сајос, си велам дека ќе ви помогни како што ми помогна мене. :)
 
Јас ќе препорачам промена на исхрана , значително намалување на маснотии во исхрана и изобилство на зеленчук и овошје. Јас кога бев во пубертет имав сличен проблем (првут) но потоа кога бев на режим на исхрана првутот го снема.

А најдобар шампон , се знае без конкуренција Head&Shoulders
 
Да, и на лице, ти се вцрвенува и љупи буквално како после сунчање

3seboreja.jpg
матичната лекарака ништо не ми помогна, бев на дерматолог, ми даде Advantan, кортикостероидна маст. Се намачкам кога ми излезе (многу ретко) и толку.
Внимавај на исхраната, батали нездрава/процесирана храна, и КАФЕ НИКАКО АМА НИКАКО!!!! Посебно турско и слични јаки кафиња.
Редовно миј го лицето (насабјле/навечер). Имам забележано кога не се измијам насабајле, до вечерта ми се појави ова. Инаку доста ретко ми излева бидејќи научив да се пазам, во декември ја земав тубичката (мала е) и не е ни 1/4 потрошена. Само една капка ставеш и толку. А за на скалпот не знам бидејќи немам таму.
 
SyossAR_500_Shampoo_AntiDand_0511.png

Јас сум лично презадоволен од овој шампон,првутот ми го снема за две недели и во меѓувреме знам понекогаш и да го сменам со некој друг,обичен(друг произведувач,не против првут) и немам проблеми со повторно враќање на првутот.Не е ни многу скап,околу 200 денари е во зависност од каде ќе го купиш,моја препорака во секој случај.
 
матичната лекарака ништо не ми помогна, бев на дерматолог, ми даде Advantan, кортикостероидна маст. Се намачкам кога ми излезе (многу ретко) и толку.
Внимавај на исхраната, батали нездрава/процесирана храна, и КАФЕ НИКАКО АМА НИКАКО!!!! Посебно турско и слични јаки кафиња.
Редовно миј го лицето (насабјле/навечер). Имам забележано кога не се измијам насабајле, до вечерта ми се појави ова. Инаку доста ретко ми излева бидејќи научив да се пазам, во декември ја земав тубичката (мала е) и не е ни 1/4 потрошена. Само една капка ставеш и толку. А за на скалпот не знам бидејќи немам таму.


То е то, адвантанот помага и како што рече само повремено. Помагаат и облоги од борна киселина (3% раствор) на стерилна газа. Помага да се изгуби црвенилото. После тоа местото намачкај го со Pantexol (јадран) или bepanthen (bayer) овие не се стероидни, туку хранливи и можат да се користат слободно подолго време.

Имам приметено посебно од нес кафе, исто и турско, мене исто ми препорача да не конзумирам конзервирана храна, сувомеснати, повеќе овошје, зеленчук.

За Sussaro пошто бараше и бабини лекови, еве баба вика со лимон да ја истрлаш косата пред бањање. Јас немам пробано, сигурно ќе пече. :icon_lol:
 
За првутот ви препорачувам маслиново масло, едно 15тина минути да постои на коса пред капење, масажа на скалпот, и со било кој шампон да се измие. Единствено ова ме спасува, а шамноните моментално подобруваат состојба и пак иста песна. Јас имам екстремно сува кожа и затоа ми се појавува, а и за лице ставам маслиново масло со шеќер (за пилинг да ги изгреби сите лушпи од лицето,потоа Дове сапун ), и некоја похидратантна крема. Побрз ефект има маста Кутерид, 2-3 дена и ми го средува лицето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom