Група Б | Јесенице | - ЕП Словенија 2013

Литванија 1/2 место во група, Македонија, Србија, Црна Гора, ќе се борат за 2/3 место... Се може да се очекува, останува нашите да го остават срцето на терен и резултатот ќе си дојде.
 
1.Македонија
2.Литванија
3.Босна
4.Србија.
5.Латвија
6.Црна Гора

Една губиме од Босна или Латвија 100% поради опуштање поради 3 победи во ред на почеток.
 
Ако зборам нереално и навивачки ќе кажам дека сите ќе ги испочукаме и ќе завршиме први, а ако зборам реално ќе кажам дека сум задоволен со пласман во втората фаза па макар и преку третото место. Србија и Литванија се каде каде поквалитетни од нас, јас дури повеќе шанси гледам во дуелот со Литванија отколку со Србија. Али, нема реално нереално, ќе навивам со цело срце на секој натпревар и нормално ќе очекувам победи. Вамос МКД!!!
 
Мене ми се смешни оние, '' Ајде да направиме повторно изненадување '' . Како бе?
Изненадување се прави еднаш. Потоа треба да си константен и постојано добар. И не можеш да ја искористиш таа карта по вторпат.

Сега веќе никој нема да не гледа со исти очи како пред две години. Сега сите ќе не сметаат за сериозни конкуренти и автоматски тоа ни ја отежнува работата.
Плус, притисокот врз играчите лебди во воздух, медиумите и јавноста непотребно ја прават работата уште потешка, затоа што се освен 4-то место пак, би било овде дочекано како неуспех. А, тоа е сосема погрешно.

Првенствено нека ја поминат групата, за понатаму ќе видиме. И не летајте, групата не е нималку лесно. Напротив.
 
Чекор по чекор, прво до пласман на СП, а потоа и до медал :D
 
сите можи да ги тепаме.... ама и од сите можи да изгубиме. македонија.

Горе доле ова е најреална слика за цело Европско првенство или барем мечевите на нашата репрезентација :)
 
Мене најмногу ми смета што во последно коло меѓусебе играат големите местачи Ц.Гора-Србија.Требаше да ги стават во прво коло.
 
Мене најмногу ми смета што во последно коло меѓусебе играат големите местачи Ц.Гора-Србија.Требаше да ги стават во прво коло.
Е што да местат, секој бод е битен, во втор круг се носат поени и од првиот круг.
 
Шо ќе местат бе? Пред тој меч Црногорците ќе изгубат од нас,Литванија,а ништо чудно и од Босна.
 
Шо ќе местат бе? Пред тој меч Црногорците ќе изгубат од нас,Литванија,а ништо чудно и од Босна.


На пример: Ние ги тепаме нив ,нас ќе не тепаат Србите и очекувај победа на Ц.Гора колку што ќе биде потребно да испаднеме најслаби во тој скор.Тоа го правеле неколку пати досега во разни спортови.
 
На пример: Ние ги тепаме нив ,нас ќе не тепаат Србите и очекувај победа на Ц.Гора колку што ќе биде потребно да испаднеме најслаби во тој скор.Тоа го правеле неколку пати досега во разни спортови.
И во втор круг Србија да оди без бодови, а Црна Гора со два? Во прв круг само некои ептен глупи или ептен самоуверени би местеле.
 
Страв ми е од овој :D
Ќе игра за Црна Гора ?

slavkovranes%20%2810%29.jpg
 
Незнам што е чудно тука, кога е јасно дека на ракометното во Србија и нас ни го пуштија натпреварот...значи нема место за лутење :)
 
Има ли некој да го стае дефинитивниот тим на Србија што вчера го избра Дуда Ивковиќ??
 
Знае некој да ми каже за сигурно дали картите важат за целиот ден, или само за одредена утакмица, на пример Македонија-Литванија ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom