Група Б | Јесенице | - ЕП Словенија 2013

Има ли некој да го стае дефинитивниот тим на Србија што вчера го избра Дуда Ивковиќ??


Списокот го скрати на 14 души: Марковиќ, Недовиќ, Ненад Крстиќ, Немања Крстиќ, Бјелица, Анѓушиќ, Штимац, Лучиќ, Теодосиќ, Богдановиќ, Калениќ, Гагиќ, Катиќ, Мичиќ.
 
Страв ми е од овој :D
Ќе игра за Црна Гора ?

slavkovranes%20%2810%29.jpg

Славко Вранеш ? Мислам дека не игра.
 
Лошо е со македонскиве тимови што не знаеш што да очекуваш. Некогаш ќе ги растурат најсилните, а некогаш ќе изгубат од најслабите.
Очекувам натпревари за срцев-напад и лавовска игра. Се надевам дека ќе проработи и шутот за 3, па ќе си ја олесниме малку работата. Задоволен сум и со поминување во следната фаза и од третата позиција, но се надевам на првата или втората. Одвај чекам да почне :vozbud:
 
Еуфоријата допрва претстои. Имам утисок дека првиот меч со Црна Гора и тоа како ќе го добиеме. Се осеќа искуство во колективот во овој наш тим што добар дел од другиве во групата го немаат. Само знам оти оваа Македонија е најсилниот состав во сите колективни спортови што и во иднина би имале простор да ги следиме, после Литванија имаме едно надоградување сме на повисоко ниво кое не е случајно тоа ќе се покаже во групава. Друго е кога би го играле прво првенство како тоа во Полска после долга пауза 10 години. Најголема предност е што сите се тука на едно место.

Инаку денес почнува Акрополис куп и на тој куп ќе играт БиХ и Литванија (од нашата група). Црна Гора заврши со далеку помалку припремни мечеви со далеку послаби противници од ние што игравме. Мислам дека нашите припреми беа далеку подобри од овие репрезентации вклучувајќи ја и Летонија.
 
Списокот го скрати на 14 души: Марковиќ, Недовиќ, Ненад Крстиќ, Немања Крстиќ, Бјелица, Анѓушиќ, Штимац, Лучиќ, Теодосиќ, Богдановиќ, Калениќ, Гагиќ, Катиќ, Мичиќ.
Доста новајлии во составов, не знам што е работата во српскиот состав ама Дуда никако да си го среди тимот, од превенство на првенство новајлиии, никогаш добра атмосфера. Без Урош и Новица и ред други...
 
Доста новајлии во составов, не знам што е работата во српскиот состав ама Дуда никако да си го среди тимот, од превенство на првенство новајлиии, никогаш добра атмосфера. Без Урош и Новица и ред други...

Едноставно нема среќа, премногу повреди, но во секое лошо и по нешто добро. Ова првенство е шанса тие новајлии да прераснат во искусни играчи па заедно со досега докажаните играчи Ивковиќ да состави една комплетна репрезентација која ќе има високи дострели на следното светско (се разбира доколку се пласира).
 
ајде ајдееее уште малку и ке почне еуфорија нерви грицкање нокти....купување дизапане лексилиуме :vozbud:
 
Конечните 12 кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на Евробаскетот во Словенија се: Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ (капитен), Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.

o_O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom