На сон му се сонил Свети Ѓорѓија Победоносец, побарал да биде откриен

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
На тема за религија, атеистот е оној кој замара, а не верниците. Сакала докази госпоѓата, се дури не добие ќе ги навредува другите. Wow, стварно паметно. А ти да дадеше некој доказ за твоето мислење?

Јас да дадам доказ? За што да ти дадам доказ, за тоа дека не постојат видовњаци?
Непостоење не може да се докаже, се докажува постоење.

Другар ти тврди дека познавал некој видовит дедо, арно ама кога ќе му побарам доказ за тоа добива нервни напади и почнува со ад хоминем навреди. Ем не нуди никакви докази, ем хистеризира кога не верувам во неговата приказна. Па нормално дека ќе барам опипливи докази, како и секој разумен човек, не мислиш ваљда да верувам во секоја глупост што ќе ја слушнам или прочитам?
Ако јас ти кажам дека сум го видела дечко ти со друга женска, ти слепо ќе ми веруваш, или ќе побараш доказ за тоа?

Инаку на тема за религија, не замараат атеистите, туку ликовите кои тврдат дека постојат гатачи, бајачи и видовњаци.
Христијанството не признава бајачи и гатачи и ги смета за измамници, да ја имаше отворено Библијата ќе го знаеше тоа.

И не сум госпоѓа, госпоѓица сум.
 
Абе Срце, братучед ми има два месеца и веќе направи 3000 километра по патишта, уште од третиот ден е на автопат, не ги слушајте овие бабски совети за деца аман, така братучед ми тетка ми го тинтрала и сега нема на што не е алергичен, самата жена си кажува.

Коментарот воопшто не беше за потсмев, мене ме иритира што се пропагираат работи кои не се во библијата. Светец ќе ти се сонел црква да му направиш :pos: нели луѓето што биле прогласени за светци обично биле паталци, сигурно нема на оваа економска ситуација да им се ставаат на рандом селани цркви, темели да креваат.

п. с. никаде немам кажано дека сум атеист.
 
На тема за религија, атеистот е оној кој замара, а не верниците.
Не.

Тоа во свет во кој религијата ги засега само религиозните. Во свет во кој верниците си ја практикуваат религијата приватно и не ја користат за изговор за протести, насилство, убивања, војни... во свет во кој религиозните фанатици немаат претензии да раководат со држави и религијата се држи на страна од образованието... никој не би се замарал со религија.

За жал, религијата не засега сите нас. Srcee, подфорумов не е за религиозните лица да си разменат мислења, туку за да се дискутира за религијата од најразлични аспекти.

А за замарање, види теми на кои верници од разни религии дискутираат меѓу себе, па кажи ни дали владее разбирање, љубов и толеранција.

И да, Friends >>> HIMYM. :rolleyes:

Патем, кога сме кај бајачи, гатачи и останати суеверија, препорака за гледање:

Зошто бајачите делуваат само кај некои, а кај други не?
Сериозно прашањево, не ми е ради дискусија или напаѓање. Ме интересира што викаат самите бајачи или па вие
 
Школски пример за пласибо е тоа.
Од каде го извади тоа дека кај бајачка нема да упали пласибото? Баш пали кај бајачка, пациентите се толку убедени дека бајачката ќе им помогне, и состојбата стварно им се подобрува, ама тоа нема никаква врска со некакви натприродни моќи на бајачката или нешто слично, најобичен пласибо ефект, ништо више.
И не знам од каде го извади ова со операциите коа Стелт не бил на никаква операција, уосталом неговите теговите уопште и не биле физички, така бар пишал, не знам што му значи тоа.

Имаш на интернет многу за пласибо, прогуглај и ќе ти се разјасни.

Ок, зборувам за луѓе кои биле на операција па потоа на бајачка, не за Стелт конкретно.
Тргнувам од мене, не дај Боже, имам поголема верба во медицина отколку во бајачи, така да по некоја логика операцијата треба да помогне, а не бајачката, нели?
И повторно ќе прашам, каков доказ сакаш?

Зошто бајачите делуваат само кај некои, а кај други не?
Сериозно прашањево, не ми е ради дискусија или напаѓање. Ме интересира што викаат самите бајачи или па вие

Можеби од истата причина од која иста операција е успешна кај еден пациент, а кај друг не.
--- надополнето: 18 август 2013 во 17:28 ---
Срце, жити се. Ама озбилно.
Прашај ја комшика ти зошто не смее, жими таска ќе ти каже оти ради вакцини :D

А за болдот... ме разочара.

Еве ти кажувам јас сум бремена, нема да го вадам детето од дома појше од еден месец ради имунитетот. Имам правено муабет со бремени жени и тоа е причината.
А за болдот - да сме здрави и живи. Само мене ми е наивно барање на доказ за нешто за кое да имаше докази, немаше да има дискусија.
 
Ок, зборувам за луѓе кои биле на операција па потоа на бајачка, не за Стелт конкретно.
Тргнувам од мене, не дај Боже, имам поголема верба во медицина отколку во бајачи, така да по некоја логика операцијата треба да помогне, а не бајачката, нели?
И повторно ќе прашам, каков доказ сакаш?

Можеби од истата причина од која иста операција е успешна кај еден пациент, а кај друг не.
--- надополнето: 18 август 2013 во 17:28 ---

Еве ти кажувам јас сум бремена, нема да го вадам детето од дома појше од еден месец ради имунитетот. Имам правено муабет со бремени жени и тоа е причината.
А за болдот - да сме здрави и живи. Само мене ми е наивно барање на доказ за нешто за кое да имаше докази, немаше да има дискусија.

Тоа си е твое право на избор, прави како што мислиш дека е најдобро за детето.
Другарки две мои се породија, едното бебе е месец ипол, другото нема ни месец дена, и двете ги вадат надвор :)
Од друга страна пак, комшиката моја бремена ми го рече тоа погоре наведеното - и ме потсети дека бабите не ја пуштаа тетка ми да си го прошета бебето од иста причина :)

Идиотски суеверија постојат, наше е да се смееме.
Исто и со ,,верувањето во бајачки,,. Ако тебе или на кој било друг му се даваат пари на такви глупости - давајте. Секако дека имате право на мислење и избор, ама како што кажа - за тоа мислење нема докази.
Како такво, не може да се земе за релевантно, и мојот избор е да се смеам на истото.

Не можам јас да ти кажам како да си го организираш животот, ама можам да се смеам на твоите избори.
Ова не го сфаќај лично, не се однесува лично на тебе :)
 
Модераторе, види дали ќе се фати некој?

2008-05-03_bump-keys.jpg
 
*Претпоставка*

сигурно човеков работел на некој празник и од дома му викале „немој не оди празник денес“ ама морал и после шубе му станало после толку дробење, мислел на тоа , заспал и ете од каде е сонот. Грижа на совест и сакал да се искупи човекот. Убаво вика овој членов со бројкиве, како не се погоди некој на сон да му каже лек за рак или бројките за на лото...

А и искрено претеруваме со обичаиве и глупостиве и адетиве, ајде за некои свадбени адети до негде, да ја зачуваме културата ајде де, ама научно докажани ретардирани глупости како носење зејтини во црква, не одење кај бебе ако имаш добиено пошо ќе се нафрлало (ова ми е врв :pos: ) , не патување со бебе пред 40 дена, не тресење на чаршав навечер пошо самовили шетале :tapp: се ова заедно со случајов погоре треба да се собере и во Вардар да се фрли.

Зошто?Тоа прашање никогаш нема да биде одговорено,зошто светецов Ѓорѓија не му се појави на сон на некој Турчин во Мала Азија и му порача да возобнови црковен храм кој таму постоел пред 1000 години,кога била Византија,пред доаѓањето на Османлиите?Зошто Посејдон или Аполон не му се појави на сон на некој Македонец и му порача да возобнови некој храм кој тука постоел пред 2000 години,пред христијанизацијата на Балканот?Значи се е сугестија,во тоа што веруваш тоа и ќе те мачи,бидејќи така викаат старите светците го мачеле па затоа морал да им направи чешма,црква,манастирче и што ти не друго.Па какви се тоа христијански светци кои ги мачат луѓето по земјава и тоа нивните верници,мене повеќе ми личат на демони,ѓаволи.
 
Сум чул за луѓе на кои им се сониле вакви сништа, па насекаде долго збирале пари од многу верници за да изградат црква. После светецот се јавил и им порачал дека се премислил и дека сега сака вила во Флорида или на некое друго слично место, а овие да мораат цел живот да бидат таму и да ја чуваат. Виша сила, што да се прави. Ќе слушаш, ќе се крстиш и оро ќе играш.
 
Ниту Христос така живеел ниту пак апостолите кои умреле маченички(за сега од небесата да ги мачат верниците),тоа може да го направи само Луцифер:cautious:,само да не ме чуе пу-пу
 
Темата е временски заклучена 5-10мин.

едит:
-темата беше прочистена, и беа избришани 40 мислења, континуирани препукнувања и непотребни оф-топици.
-следниот пат темата ќе биде прочистена од тие што ги пишуваат.
 
Не е препорачливо мало бебе до месец дена да се изложува премногу на надворешни влијанија и не е никаква глупост ако некоја одлучи да биде во карантин еден месец заради превентива од вирусни заболувања.
 
А кој рече дека е тоа глупост?
 
А кој рече дека е тоа глупост?

Тоа си е твое право на избор, прави како што мислиш дека е најдобро за детето.
Другарки две мои се породија, едното бебе е месец ипол, другото нема ни месец дена, и двете ги вадат надвор :)
Од друга страна пак, комшиката моја бремена ми го рече тоа погоре наведеното - и ме потсети дека бабите не ја пуштаа тетка ми да си го прошета бебето од иста причина :)
Идиотски суеверија постојат, наше е да се смееме.

Добро не рече дека е глупост, само спомна дека е идиотско суеверие, и напомена дека твоите другарки ги ваделе децата надвор и децата немале гајле и се насмеа иронично на сметка од конзервативната комшивка која личи на твојата тетка оти го чувала детето во карантин.
Зборот глупост е дури еуфемизам во случајов.
И кое е твоето мислење во врска со карантин на бебе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom