Одвојте неколку минути од вашето време и погледнете ги тестовиве кои ги постирав.
Решение има,но прашањето е дали воопшто некој сака да се реши овој проблем!!!
04.12.2008, 18:41
Каракачанов предлага бугарски државјанства за македонските бранители
Лицата, кои учествувале во македонската армија во военот конфликт во 2001 година да имаат предност за добивање бугарско државјанство доколку изразат желба за тоа. Ова го предложил лидерот на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов.
Софиската агенција Фокус го контактирала Каракачанов во врска со протестите на учесниците во конфликтот во 2001 година, кои настојуваат да се донесе закон за посебни права и да добијат обесштетување од државата за нив или за нивните семејства. Каракачанов, во контекст на својот предлог, рекол дека тоа може да се направи во Законот за бугарско државјанство, каде што може да се формулира текст и во согласност со тоа комисијата што дава бугарско државјанство, молбите на овие лица да ги разгледува со предност.
„Тие луѓе војуваа за својата држава Македонија против албанските сепаратисти, од кои еден голем дел доаѓаа од Косово и не беа македонски граѓани. На тој начин, не се водеше граѓанска војна, но се водеше војна, во којашто практично Република Македонија беше нападната од странци. Тие луѓе имаат целосна основа да претендираат на некој начин да бидат обесштетени за тоа што го претрпеле. Има ранети луѓе, има убиени, има такви кои додека ги исполнувале своите задолженија во служба на војската биле оштетени лично, нивниот бизнис итн. Тие луѓе имаат целосна основа да бараат обесштетување и компензација, како што е во нормалниот свет. Но, за жал, македонската Влада повторно демонстрира незаинтересираност спрема луѓето кои го жртвуваа својот живот за независноста и територијалната целост на Македонија“, рекол Красимир Каракачанов.
На прашање дали ќе има интерес од нивна страна, тој со коментар дека со оглед на тоа што има над 50 илјади молби за бугарско државјанство, несомнено ќе има интерес.
„При постојана економска криза и невработеност во Македонија, којашто е 35 отсто уште пред кризата, тие луѓе немаат големи перспективи за напредок во Македонија“, додал Каракачанов. (Нетпрес)
Изјавава е од 2008година
Ангелов: Државата може да го реши проблемот на отпуштените армиски професионалци
20-08-2013
Партијата „Достоинство“ не го оправдува, но го разбира чинот на професионалните војници на АРМ, кои бараат да се вработат во бугарската армија.
- Овие професионални војници се обесправени и останати без работа на својата 35-та до 38-та година, а за нив не непостои пречка, согласно новото законско решение, да се вратат на работа до својата 45-та година – истакна денеска на прес-конференација лидерот на „Достоинство“, генерал Стојанче Ангелов и нагласи дека сите овие професионални војници биле учесници во конфликтот од 2001 година.
Државата треба да го реши статусот на 120 професионални војници, кои се отпуштени од работа пред да се донесе новиот закон, за што, според пресметките на Ангелов, се потребни 420.000 евра годишно за нивните плати.
- Се работи за 120 професионални војници, од кои 70 се заинтересирани да се вратат на работа во АРМ. Останатите веќе го имаат решено својот работен статус. Месечно, државата за да нив треба да одвои 35.000 евра. Значи владата со 420.000 годишно може да го реши овој горлив проблем – рече генерал Ангелов.
Лидерот на Достоинство го повика претседателот на државата, премиерот и министерот за одбрана, да преземат нешто и да не дозволат да се извалка името на државата и армијата.
Решение за рашавање на статус на отпуштените и активните професионални војници
19 Август 2013
После долги години на докажување и манипулирање со порофесионалните војници од страна на АРМ/МО,опозицијата и власта мислам дека е време овој проблем да добие завршница и да се тргне по патот на прогрес и напредок во нашето жално општество кое се уште неможе да се ослободи од стереотипите на големи и мали на паметни и глупи и т.н.
Нема да развлекувам зелници бидејки тоа не е мојот карактер а од друга страна од големи филозофи овие 23 години се гледа до каде догуравме,него да прејдам на главното.
1.Поради глуп закон од 35 и 38 години на маргини на општеството завршија 120 професионални војници кои професионално верно и лојално и служеја на дражавата, ова значи дека државата им ја земала младоста и најубавите години и на крајот ги оставила на улица без никаква социјална сигурност,само за споредба офицерскиот и подофицерски кадар во арм има два члена според кои може да оствари право на прнзионирање еден со 25 год,стаж а друг со 63 год, возраст,ова значи дека можат да си бираат како сакаат да се пензионираат.
_Како што кажав нема да развлекувам него ке понудам решение за проблемот бидејки сметам дека е крајно време да се затвори овој проблем.
__1.Решение за отпуштените професионални војници е:
_Враќање на работа во АРМ
_Обештетување во вит на отпремнина
Значи оваа се две работи за кои ке треба да се седне и да се разговара со Власта.
_2.Решавање на статус на активните професионални војници,за мене овде има само едно решение а тоа е професионалните војници да влезат во членот со 25год,сташ и на тој начин да се изедначат со правото на офицери и подофицери што значи ке бидат еднакви пред уставот и законите на Р.Македонија а воедно ке се запазат и НАТО стандардите,нема повеке да развлекувам бидејки мислам дека после една деценија веќе се е јасно.
ЗА КРАЈ ОЧЕКУВАМ КОНСЕНЗУС ПОМЕЃИ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ОКОЛУ ОВОЈ ПРОБЛЕМ.
Иницијатор и предлагач за решавање на статус
на Професионални војници во АРМ
Гордан Бојковски