Македонски фудбалери во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Даниел Иваноски стрелец за Мјалби .
 

Attachments

  • PrtScr capture_2.jpg
    PrtScr capture_2.jpg
    83 KB · Прегледи: 31
Мирко Ивановски повторно двоен стрелец за Астра.
Вчера издвојуваа победа од 3-1 на гостувањето кај Пандурии и моментално се на првата позиција во Романската лига

Ивановски моментално е трет стрелец со 4 постигнати погодоци, во 3 одиграни натпревари :)

Головите од натпреварот...



Среќа можеше од прва да шутира. Да требаше да ја води топката повеќе од 2 метра ќе беше циркузи
 
Давид Бабунски викендот го имаше првиот настап за Барселона Б (против Луго), во шпанската Сегунда. Во игра влезе во 70та минута на местото на Роман (стрелецот на првиот гол).
Барселона мечот го доби со резултат 2-1

Столе Димитриевски беше прв голман за Гранада Б, во Сегунда Б (3та по ранг лига во Шпанија), и по 90 минути игра успеа да ја сочува својата мрежа :)
Неговиот тим издвојуваше победа со 1-0
 
На вчерашниот натпревар меѓу Вил и Бил-Биен, нашиот репрезентативец Јаховиќ заработи исклучување во 92ра минута поради 2 жолти картони.
Вил мечот го загуби со 1-2, а стрелен на единствениот гол за нив беше поранешниот фудбалер на Шкендија, Таипи.
 
На вчерашниот натпревар меѓу Вил и Бил-Биен, нашиот репрезентативец Јаховиќ заработи исклучување во 92ра минута поради 2 жолти картони.
Вил мечот го загуби со 1-2, а стрелен на единствениот гол за нив беше поранешниот фудбалер на Шкендија, Таипи.


Може головите некој да ги најде?
 
http://www.youtube.com/watch?v=jw3ZTja826k

Головите од минатата сезона во втората чешка лига за Баник Мост ... Годинава има постигнато само 2 гола мислам и тоа против Плзен :) ... Заслужува еден повик на пријателски меч на репрезентација со оглед дека е делумно млад и дека кариерата би можела да му оди во нагорна линија!
 
Вчера Стевица Ристиќ го имаше деби настапот за Шонан Белмаре.
За жал не успеа да ја продолжи традицијата да постигне гол во премиерниот настап.

Тој има постигнато 6 последнователни гола на деби настапите и тоа за тимовите на Силекс, Чонбук, Поханг, Амкар, Бунјодкор и Сувон.
Ако го додадеме и голот против Албанија, тоа ќе бидат 7 последователни гола.

Неговиот тим вчера загуби со 5-2 на гостувањето кај Кашива Рејсол. Ристиќ ги одигра сите 90 минути.
 
Абе сите го сакаат, ама никој нејќе денар да даде за него.

Само дигање прашина, на крај пак ќе си остане у Марибор. Чим има „интерес“ за него во последните денови од трансфер рокот, тоа кажува колку вреди ;)
 
Абе сите го сакаат, ама никој нејќе денар да даде за него.

Само дигање прашина, на крај пак ќе си остане у Марибор. Чим има „интерес“ за него во последните денови од трансфер рокот, тоа кажува колку вреди ;)

Епа реално вреди најмногу од македонските фудбалери во моментов после Пандев и Новески.

Понуди стигнале уште по првото квалификациско коло, ама и он самиот сакал да види дали ќе се пласира во ЛШ. Пласирање во ЛШ и добри партии таму за Марибор уште поголема шанса за подобар трансфер. За пример земи го Тричковски.

Паметно си игра Агим до сега, не направи ко Хасани да отиде у јак тим и да се изгори, вака постепено, знае колкави му се можностите. Лошо е што моментално формата му е за никаде...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom