- Член од
- 3 јуни 2013
- Мислења
- 1.944
- Поени од реакции
- 1.192
Се мешаат не само заради кражбата на територија, туку и заради фактот што историската нарација им е лага. Немаат корен ако не ја побугарат или погрчат Македонија. Многу јасно се гледа кој од кого земал. А најголема перверзија е што ја обвинуваат Македонија за тоа што тие го прават.
Собирот во Смиелво е провокација, затоа и го прават впрочем, не дека собраниве будалетини од БКСС се некаков фактор. Ист како тие од Пан-македоники кои што беа во Битола пред некој ден. Битно е дека грчко-бугарската оска против Македонија јавно работи и тоа треба да се предочува како на ЕУ така и на светот.
А МАНУ молчи. Наместо одредени фосили таму времето да го трошат во одбрана на кодоши, треба веднаш да се огласат, а државата со закон да ги ограничи ваквите собири.
Државата треба гласно да ги поддржи македонските здруженија и партии во Грција, Бугарија и Албанија.
Кој е крив за таквата ситуација?Вината не е кај Бугарите,Грците,Србите,Албанците тие си дошле по своето кое било посеано во свеста кај нашите предци пред балканските војни.Народ со ропски менталитет само им дава подлога за нивните дејства кои ги вршеле и сеуште ги вршат на ова тло.Зар треба да ги спомнам борбите на србоманските и бугарофилските чети од областа Азот,брат против брат.Зар треба да се навраќаме за сваќањето на поединците од Куманово за Србија,и Гевгелија за Грција за време на осамостојувањето во деведесетите.Македонец муслиман против православец во одбрана на албанската кауза.Зар треба да дозволиме во влада на независна Македонија да не водат министри со бугарски државјанства,и сето тоа да биде табу тема за овие неколку години?Народ кој има свое јас не би говорел "поарно е да бидеме дел од Србија отколку со Бугарија",но тоа не менува ништо дали со едните или со другите роб си е роб.Вината е во секој од нас поединечно,да го елиминираме тој чип на ропски менталитет кој ни е вграден,бидејќи се дотогаш оваа држава нема сигурна иднина.