Најдобиот центар во НБА

  • Креатор на темата Креатор на темата Tyler Durden
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобриот центар во НБА?


  • Вкупно гласачи
    69
Навиваш за Сиксерс а на овој подоле не се сети. Ццц. :D

manute.jpg

Ми текна ми текна, одма ми текна на него, ама овој не беше ваљда толку лош како горенаведениве :rolleyes:

Кога веке го спомнавме Мануте, на фб на НБАБузз излезе една интересна тривиа за него :icon_mrgr:
Manute Bol once killed a lion with a spear while it slept. This is something his agent noted while negotiating his contracts!:pos::pos::pos:
 
Мутомбо не е ни класа блиску до центрите како Џабар, Чемберлен, Расел, Робинсон и Мозес.

Плус фали Дивац во анкетава. ;)
 
Плус фали Дивац во анкетава. ;)

Не фали Дивац никако. Дивац беше солиден центар, ништо повеќе.
Ако фали некој тоа се Микан, Роберт Периш, Рид, Хауард, Бен Валас.

Мутомбо и Морнинг може да се заменат со Микан и Периш.
 
Мутомбо не е ни класа блиску до центрите како Џабар, Чемберлен, Расел, Робинсон и Мозес.

Плус фали Дивац во анкетава. ;)

Ако го имаш Дивац, мораш и Мутомбо да го имаш, просто е.
Ни тој ни тој не се класа центри како другиве во анкетата, ама па во поглед на придонесот кон екипите, тука некаде се отприлика. Дури би го ставил и Мутомбо пред Дивац, ама да не испадне дека сум субјективен пошто навивам за Сиксерси, нека бидат еднакви. :)
 
Не фали Дивац никако. Дивац беше солиден центар, ништо повеќе.
Ако фали некој тоа се Микан, Роберт Периш, Рид, Хауард, Бен Валас.

Мутомбо и Морнинг може да се заменат со Микан и Периш.


Бен Валас и Хауард се просечни. Дивац, според мене, долго време беше втор центар по квалитет и по константно добри игри, по Шекил, откако се пензионираше Јуинг. Шо знам, можеби не беше класичен центар по дефиниција, но секако беше подобар и поконстантен од Мутомбо пример. А, да. Фали и Сабонис.

Ахахаха Радослав :), и Шон Бредли шпагетата :pos:. И Слава Медведенко ама не тој беше power forward. :pos:

Него, кај ви е тука Лук Лонгни? :pos:
 
Бен Валас и Хауард се просечни. Дивац, според мене, долго време беше втор центар по квалитет и по константно добри игри, по Шекил, откако се пензионираше Јуинг. Шо знам, можеби не беше класичен центар по дефиниција, но секако беше подобар и поконстантен од Мутомбо пример. А, да. Фали и Сабонис.

Не е точно ова. Бен Валас е еден од најдобрите центри дефанзивци било кога. Исто и Хауард. Бен Валас има 4 ол-стар насатпи и 4 сезони најдобар дефанзивец во лигата. Хауард има 7 насапи на ол-стар мечевите и 3 сезони е најдобар дефанзивец. Исто неколку сезони биле во топ тимовите на лигата.
Владе Дивац има само еден ол-стар настап. Толку.

По пензионирањето на Јуинг, имаше многу, многу подобри центри од Дивац, двајца се и на листава Морнинг и Мутомбо, исто одлични дефанзивци. Тука се и Минг и Илгаускас.

Сабонис многу малку играше во НБА за да се става на било каква топ листа.
 
Јас па мислев ќе дискутираме на денешницава кој е најдобар. Тоа ќе биде интересна дебата, затоа што нема некој центар што стварно доминира во последно време.
Гласав за Вилт само заради ова. Иначе освен Шек ниеден друг немам гледано. Добро и Мутомбо ептен малце.
 
Јас за Тим Робинсон гласав, пошто ако ги измешаш Дејвид Робинсон и Тим Данкан навистина најдобриот центар на сите времиња ќе излези.
 
Јас па мислев ќе дискутираме на денешницава кој е најдобар. Тоа ќе биде интересна дебата, затоа што нема некој центар што стварно доминира во последно време.
Гласав за Вилт само заради ова. Иначе освен Шек ниеден друг немам гледано. Добро и Мутомбо ептен малце.

Денес е изгубена таа класична центарска игра. Далеку по брза е играта. Единствено може да се споменат Хиберт, Лопез и Данкан.
Ретко кој има класични post-up движења, hook шутот во стилот на Карим.

Хауард редовно кога бара топка на основна линија фаул прави. По абдал центар во напад немало.
 
Инаку толку доминатент центар како Вилт немало дури мораа да ги променат правилата во НБА поради него за да биде „пофер“. Го имаат проширено ракетот 63та кога поради тоа што имал просек по 50+ коша на меч за целтата сезона 1961/62. :LOL:
Инаку не дека има најдобри бројки ама гласав за Хаким ако се споредуваат во најтоп форма еден спрема друг Хаким е најкомплетен центар и техника и брзина и одбрана и тимски играч е.
 
Денес е изгубена таа класична центарска игра. Далеку по брза е играта. Единствено може да се споменат Хиберт, Лопез и Данкан.
Ретко кој има класични post-up движења, hook шутот во стилот на Карим.

Хауард редовно кога бара топка на основна линија фаул прави. По абдал центар во напад немало.

Сакре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom