Лудилото наречено турбо-фолк од неодамна не се слуша во летните дискотеки. Сопствениците на дискотеките во главниот град едногласно одлучиле турбо-фолкот да престане да се пушта, а единствено диџеите и македонските пејачи ќе можат да настапуваат
Ноќниот живот во Скопје преку ноќ се измени. Нема повеќе џускање на турбо-фолк во летните дискотеки, а љубителите на оваа музика ќе можат да ја слушаат само во кафеани и по дома. Од неодамна, сопствениците на дискотеките во главниот град едногласно имаат одлучено турбо-фолкот да престане да се пушта во дискотеките, па затоа единствено диџеи и македонски пејачи ќе можат да настапуваат во нив. Па така, Цеца, Аца Лукас, Харис Џиновиќ единствено ќе можат да се слушаат на приватни забави, кафеани, низ дома, а во диско ќе се слуша сосема друг вид музика. Турбо-фолк лудилото кое го зафати главниот град и каде што се бараше карта повеќе за да се присуствува на концерти на некои од српските пејачи, па и на нашиот Жаре Бербер, кога од жешката атмосфера сите се гасеа со литри алкохол, гужвите и турканиците беа нормален дел од излегувањето. Љубителите на овој вид музика ќе бидат приморани да се преориентираат на друг вид музика ако се уште сакаат да бидат дел од градската шема. Во разговор со еден од скопските менаџери, тој истакна дека сопствениците на летните дискотеки решиле ниту во едно летно диско да не се пушта турбо-фолк и да не се носат српски пејачи. Целта за донесување на оваа измена во ноќниот живот е да се врати стариот сјај на Скопје, кога секој викенд доаѓаа некои од најдобрите светски диџеи.
Мораше да се измени нешто во градот, доста беше од турбо-фолк, скопјани сакаат да се врати времето кога доаѓаа врвни диџеи. Дискотеките продолжуваат да се полнат иако нема повеќе српско, прометот не опаѓа, а и онака многу скапо се плаќаа српските изведувачи кои чинеа и по десетици илјади евра, посочи еден од скопските менаџери.
[Реакциите на граѓаните кои се чести посетители на дискотеките во паркот се различни за новитетите во градот. Љубителите на турбо-фолкот не се согласуваат со промените и се жалат дека немаат каде да излегуваат, додека пак противниците на турбо-фолкот се радуваат што конечно после неколку години во диско ќе се пушта диско музика.
- Слушам само турбо-фолк и сега немам во која дискотека да излезам. Треба барем во една дискотека да има српско, па не сакаат сите да слушаат странски и домашни диџеи. Големо друштво сме, почнавме собиранки по дома да правиме, а и еден викенд отидовме до Велес да се извеселиме на српско, вели Магде К., една од засегнатите скопјанки.
- Скопје се исељачи со турбо-фолкот, секој викенд доаѓаше по некој српски пејач и ги труеја скопјани со нивната музика. Конечно скопјани ќе можат да се журкаат на квалитетна музика со светски познати диџеи, како што беше до пред неколку години, задоволно истакна Горан В.
Останува да видиме како скопјани ќе ги прифатат измените во ноќниот живот, и дали дискотеките ќе имаат повеќе ќар со носење на светски познати диџеи, отколку со турбо-фолк пејачите.
Извор ВЕЧЕР
Одличен потег од газдите !
Се надевам дека оваа вест не од оние ONION вести