Ману Чао @Скопско Лизгалиште, 21.09.2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Беа до пред 2 саати. Од утре, доколку работи нешто, се по 600мкд.
 
Поим неам, на картата пишува:
Секција 3
Ред 1
Седиште 500
На МкТикетс не можам да најдам инфо за секциите и слично.
ти бре, ко да ме тролаш:pos:
абе какви секции, какви седишта, си влагаш, идеш кај шо сакаш и уживаш. јас не ни гледам на картите каде, ..... сакам таму да бидам, погледот е топ. во 2002 бев на таа страна, и сега сакам пак.
 
Како го најавија бомбастично „после единааааааесееееет години на лизгалиште“
wоw... Ко шо ме држи акалов, беше и на Таксират, не?

и што, следнава година ако иде да прај концерт во Природно - научен музеј, ќе шибаат реклами „за прв пат во Природо - научниот музеј, единствениот Чао Ману“?
 
Хехе, добра поента Малколм :) Патем овојпат ќе биде во истиот состав како на Таксират. Чисто се сомневам дека некогаш ќе ја збере цела „Радио Бемба Саунд Систем“. Концертот пред 11 години е еден од најдобрите во македонската концертна историја, ама за 11 години се сменија многу нешта. Како и да е, очекувам фин концерат.

Кооператива, ај ќе се договориме за детали наредната недела :)
 
Само што се вратив од концерт на Ману во Љубљана и само да ви кажам на сите што не сте биле НЕМОЈТЕ ОВА ЧУДО ДА ГО ПРОПУШТИТЕ!!! Искинаа сите буквално! Каква журка прави човече тоа не е можно!
Така да ве советувам сите што се двоумите да идете нема да зажалите!
 
Ако има некој тука што планира да иде нека пише - барам друштво за идење:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom