мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.988
- Поени од реакции
- 25.100
Бре бре колку сме еманиципарни и западноевропски настроени. Ти пречело што Македонска телевизија поддржува Македонски пејач на шоу каде има скоро од цел балкан претставници.И заборавив да пишам дека Сител доста ме нервираа затоа што цело време во преносот имаа пишано да се гласа за Даниел .Аман секој треба сам да си одлучи за кого ќе гласа и ќе си гласа нормално за тој што му се допаѓал како пее ,а не затоа што е македонец па сите ајде македонци обединете се .
Јас гласав за Даниел ,не ради тоа што е македонец и затоа што јас сум македонец туку затоа што ми се допадна уште од почетокот на шоуто како пее .
И не му требаше тоа со знамето на крај . Па не е ова Евровизија или натпревар на држави .
И што имаш ти против тоа сите Македонци да се обединети. Ти пречи нешто тоа, повеќе сакаш очи да си извадиме.
И за крај што имаш ти против нашето знаме. Се срамиш од него, треба да го вадиме и да го вееме само за државен празник.
Сигурно и ушите ти се параа кога ја слушаше водителката како на странско шоу зборуваше на Македонски јазик. Срамота кај смее таа на такво шоу на Македонски да зборува, па на што личи тоа.