А вие, ја знаете ли вашата религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Дали знаете зошто Исус морал да се роди како човек да страда и неправедно да биде осуден како криминалец или злосторник на смрт, Што правел овде, за Што проповедал, колку чуда направил или воскресенија, Зашто го мразеле???
Кој го мразел? Римјаните кои го осудиле и распнале? Народот го славел како свој цар , како цар и го пречекале кога влегувал во Ерусалем јавајќи на магаре (обичај да така еврејските цареви велгуваат во градот)

Исус живеел во Назарет до својата 30-та година. Потоа отишол кај Јован за да се крсти. По крштавањето, Исус започнал со својата енергична служба. За три и пол години, го пропатувал целиот роден крај објавувајќи ја добрата вест за Божјето Царство. Дал доказ дека бил испратен од Бог. Како? Со тоа што направил многу чуда — моќни дела што се над човечката способност!
Назарет не постоел во време на Исус, тој град настанал скоро 2 века по Исус. Исус бил Назарен - едно движење во јудаизмот, значи Исус Назарено а не Исус од Назаред. Веќе 60 години археолозите (посебно католичките) не можат да го најдат Назарет се шо открија се римски винарии и римски градби од втори век. Инаку најјголем број евангелија велат дека една година проповедал а бил крстен... па не се знае зошто пошто ако е бог не бил грешен па со крштење да ги измие гревовите ниту бил паган па со крштење да ја прифати новата вера. Дури и Јован се сомневал дека исус е месијата кој го чаекале.

Исус исто така бил обѕирен и сочувствителен човек. Неговата обѕирност особено била очигледна во начинот на кој гледал на другите и се однесувал со нив. Затоа што бил пристаплив и љубезен, луѓето биле привлечени кон него. Дури и децата се чувствувале опуштено во негово друштво Исус ги почитувал жените, иако во тоа време некои гледале со презир на нив. Им помагал на сиромашните и измачените да ‚најдат освежување за своите души‘. Тој поучувал јасно, едноставно и практично. А тоа за што поучувал ја покажувало неговата искрена желба да ги запознае неговите слушатели со вистинскиот Бог,
Користејќи го Божјиот свет дух за да прави чуда, Исус сочувствително ги лечел болните и измачените . На пример, еден човек што имал лепра дошол кај него и рекол: „Ако сакаш, можеш да ме исчистиш“. Што направил Исус? Ја испружил раката и го допрел човекот, велејќи му: „Сакам. Исчисти се“. И болниот човек бил излечен!.
Исто така, разгледај една ситуација кога едно мноштво луѓе, кои дошле кај Исус, останале со него три дена без храна. Тој се сожалил на луѓето и преку чудо нахранил „четири илјади мажи, освен жени и мали деца“. Во друга прилика, Исус смирил една бура која ги довела во опасност неговите пријатели. Тој ги воскреснал, или ги вратил во живот оние што умреле Исус дури спремно го дал својот совршен човечки живот за да можат несовршените луѓе да имаат надеж за иднината.[DOUBLEPOST=1397898385][/DOUBLEPOST]ИсусХристос дал исправен пример со тоа што ги темелел своите учења на Божјата реч. Кога во една прилика му се молел на својот небесен Татко, тој рекол: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17). Исус верувал во Божјата реч, и сѐ што поучувал било во склад со Писмото. Тој честопати велел: „Напишано е“, а потоа цитирал некој стих (Матеј 4:4, 7, 10). Исто како Исус, Божјите слуги денес не ги поучуваат другите за свои лични идеи. Тие веруваат дека Библијата е Божја реч и своите учења ги темелат само на она што го вели таа.

Дали покрај се исус дошол да донесе нова вера, да отфрли старозаветни закони и прописи и да основа нова црква со нови заповеди?
тој самиот рече:
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеја 5. 17 - 19
Се додека постојат небото и земјата (а тие се уште постојат) и се додека не се исполни се (а треба уште да се исполни повторното доаѓање на Исус и судот) Законите нема да се поништат и да се пазите (предупредува) на оние кои ќе дојдат и кажат дека законите се променети и поништени. Денес Христијанството учи дека старите закони се променети, укинати иако е речено дека Бог никогаш нема да го смени својот завет:

34 Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.
Псалм 88

И да се пазите од лагите на оние кои ви велат дека бог поинаку рекол

28 А пророците нејзини се замачкуваат со кал, гледаат суета и им претскажуваат лага, велејќи: "така вели Господ Бог", иако Господ не рекол така.
Егзекиел 22
 
.

маскираниот зелот напиша:
Кој го мразел? Римјаните кои го осудиле и распнале? Народот го славел како свој цар , како цар и го пречекале кога влегувал во Ерусалем јавајќи на магаре (обичај да така еврејските цареви велгуваат во градот)


...

.

Истата широка јудејска маса која Исуса на цветници снажно Го славеше како Цар, се’ надеваше дека Тој - како што тоа го правеше Варава и зелотите (чиј духовен следбеник и проповедник си ти) - со сила ќе ги протера римјанските окупатори, но кога видоја дека насилството не е БОЖЈИОТ Спасителен Пат Кој што Соврпениот БОГ лично во Исус ни Го покажа, тогаш (предводени од слепото свештенство) тие со јасно демократско мнозинство бараа да биде Крстосан, а нивниот крвав борец за “слобода“ (Варава) да биде ослободен!


п.с. За жал, низ историјата честопати кога се работело за ослободување од окупатори, широката нејудејска маса исто така го избирала патот на Варава, а Патот на Совршениот БОГ (Христос) го игнорирала.




А на секој празник Пасха управникот (за да глуми добротел) имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник,

кого што народот предводен со свештенството би го побарале.

Тогаш тие имаа еден прочуен затвореник (востаник и убиец), по име Варава.

И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?”

...

Првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исус да Го погуби.

Тогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?” Тие одговорија: „Варава!”

Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?” Му одговорија сите: „Да биде распнат!”

Управникот рече: „Па какво зло направил?” Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!


(Ев.Матеј 27:15-23)

munkacsi-eccehomo.jpg


.
 
Последно уредено:
.



И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?”

.

Како да го пушти Исус??
Исус беше слободен, Пилат рече дека не најде никаква вина во него, значи према Пиилат обвинувањата на свештениците беа отфрленио, ои сега прашува дали да го пушти?? Исус можеше комоотно да рече фала пријатно и да си замине слободен.
Прикаската околу судењето на Исус е полна со неправилности и нереалности. Ни еврејското ни Римското судење - не е опишано онака како што по правила навистина и би се водело. Замисли Пилат прогласува некого невин - римската власт нема ништо со него повеќе па прашува дали да го пуштел?? па уште после ги прашува евреите “што да направи со него??“ без никаква потреба. Спиро Рим беше добро организирана фржава со свои закони, со прописи процедури. Цел познат свет го владееа, разни земји, народи, добро организирана држава беше тоа не лакрдија ко шо е опишано во судењето во евангелијата.
 
.


...
Пилат Му рече: „Мене ли не ми одговараш?
Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам,
и власт имам да Те пуштам!?”

Исус одговори:
„Ти не би имал никаква власт над Мене
ако не ти беше дадено одозгора;
затоа поголем грев има оној што Ме предаде на тебе!

Оттогаш Пилат гледаше да Го пушти.
Но Јудејците пак викаа, зборувајќи:
Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на цезарот.
Секој што се прави цар, противник му е на цезарот.

Штом го чу овој збор, Пилат Го изведе Исус надвор
и седна на судскиот стол,
на местото што се вика Литостротон, а по еврејски Гавата.

Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час.
И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”

Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!”
Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?”
Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен цезарот.”

...

(Ев.Јован 19)
 
Последно уредено:
.



Пилат Му рече: „Мене ли не ми одговараш?
Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам,
и власт имам да Те пуштам!?”



2 и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: “Го најдовме Оној како го развратува народот наш и забранува да се дава данок на ќесарот, и вели за Себе, дека е Он Христос Цар.”
3 А Пилата Го запраша, велејќи: “Ти ли си Царот Јудејски? Он одговори и му рече: “Ти велиш.”
4 Пилат им рече на првосвештениците и на народот: “Јас не наоѓам вина кај Оној Човек.”

Исус беше ослободен од обвинениата. Нема шо после да го нуди за размена или бара кого да пушти или што да му прави на слободен човек пошто со овие зборови на Пилат, Римјаните го ослободија Исус и тој си беше слободен човек, можеше да си оди.
Како како што реков, евангелијата се пишувани со децении па и векови по настаните и тој кој ги пишел не бил ни блиску до настаните а камоли да слушнел што се зборуваше таму, така да тие се само една фантазија, измислена прикаска.
Према еврејските закони судење пред Синедринот како е опишано не можело ни смеело да се одржи, прво никогаш во приватна куќа, никогаш ноќе и апсолутно ноикогаш на Пасха. Исто не е вистина дека евреите не можеле и не смееле да осудуваат на смрт и погубуваат, во самите Писма е наведено да еврејскиот суд го осудил и каменувал Стефан, без ич да ги прашаат римјаните, исто и Флавиј во своите дела наведува дека во време на рим имало случаеви да еврејски суд осудува на смрт и извршува смртна казна без вплеткување на римската власт (Јаков и други) Значи и наводи во евангелијата дека евреите не можеле или смееле така да постапуваат па зато го однеле кај Пилат - не се точни. Тие си имале слобода да судат во верски обвиненија, а Исус бил обвинет од евреите за богохулење и можеле за верски престап да го осудат и казнат.

И судењето и самото распнување - не се онакви какви се правеле во тоа време во Римското царство.
Не се вистинити.
 
.

Дури паганскиот цар се трудеше да Го ослободи, но тие што први требаа да Го препознаат и признаат за Цар, Го предадоја и наместија за убиство!


Затоа, поголем грев има оној што Ме предаде на тебе!
.
 
.
Дури паганскиот цар се трудеше да Го ослободи, но тие што први требаа да Го препознаат и признаат за Цар, Го предадоја и наместија за убиство!
Затоа, поголем грев има оној што Ме предаде на тебе!
.
Како сакаше да го ослободи?
му пратија телеграма од Ерусалем в Рим дека го заробија и намераваат да го убијат??
И тој одма запна некако да го ослободи??
римските цареви беа сметани за богови. Тоа беше неприфатливо за евреите и тука лежеше една од причинте на постојани судири и борби на рим со евреите, одбиваа да прионесуваат жртви за римскиот цар како бог, одбиваа да кажуваат молитви за римскиот цар како бог, одбиваа да го признат како бог.
Евреите се бунтоваа и против ознаките на римските легии кои за нив беа идолопоклонски, се бунтоваа за сликите и фигурите на римскиот цар поставени на зидовите на палатата, се бунтоваа за натписите на римските монети на кои римскиот цар се споменуваше како бог, се бунтоваа за римските штитови кои ги носеа војниците поради слики на цареви, животни на нив и натписи кои го преставуваа царот како бог или се споменуваа други богови.....
Појма немаш какво беше времето пред 2000 години во Јудеја, постојани неприателсва, борби востанија атентати протести. и 2 века потоа, за римјаните Исус беше извор на зло и бунтовник. Како таков го сметаа. Зато и го распнаа, како неприател на Рим. Читај Плиниј, Такит, 21 век сме писмени сме достапни се книги и информации. Немаш поим колку крвава беше историјата на Јудеја под римска власт, немаш појма за десетици иљади загинати распнати, римски легии уништени, градови и села запалени... за рим, евреите беа неприател број 1.
 
Последно уредено:
.

И во таква непријателско подневје доаѓа Исус, за Кој што се вели дека е ветениот Месија, Кого дури и славниот јудејски Цар Давид го наречува мојот Господ,
и наместо да ги уништи непријателите, Тој учи и вели:

Љубете ги непријателите ваши!

Море на крст со него, предавник еден антијудејски!...:mad:

Така? :)

Тие што требаа први да Го препознаат и признаат, тие го заматоја народот и Го предадоја на римјаните, како би си ја зачувале својата привилегирана позиција пред народот но под цезарот!

.
 
Последно уредено:
А Брејвик што беше,муслиман ли?Уште колку ли само Брејвици има само во САД,заслепени од религиски фанатизам,масакрираат невини луѓе.Сите ги ставам во ист кош,бидејќи сите се исти ѓубриња.Потребно е репресивна мерка кон сите религиски системи,никаква корист од нив.
Брејвик нема никаква врска со христијанството.Него едноставно му се има одвртено некој мозочен вентил и излуфтирал човекот.
 
.
Тие што требаа први да Го препознаат и признаат, тие го заматоја народот и Го предадоја на римјаните, како би си ја зачувале својата привилегирана позиција пред народот но под цезарот!

.
Исус беше заробен од голема римска војска. Римјаните знаеа дека имаат работа со опасен водач на бунтовни Евреи, затоа и превзедоа такви мерки, да не избега (како што планираше) во Галилеја надвор од римската јурисдикција.
Исус беше распнат заедно со двајца “лестаи“ е сега спиро пошо не знаеш историја, ја ќе ти кажам, лестаи беа назив на вооружени борци - востаници против Рим (то во библиите се избегава да се преведи така туку место то крадци, разбојници....
Значи во исто време се случува напад на римскиот гарнизон во Ерусалем (кој е блиску и над храмот), Исус упаѓа во храмот и превртува тезгите (и никој тезгаџија не се буни или брани или се тепа со Исус иако на земја му се истура робата и пазарот ниту еврејските стражари во храмот реагираат а таму се да спречат нереди и немири - значи исус влегол со поголема група вооружени следбеници. Планот е добар, да се нападне римската војска и истовремено високото свештенство кое соработувало со римјаните, но бунт не се крена, нападот на гарнизонот не е успешен (фатен е Бараба и веројатно доста негови соборци убиени и заробени) Исус се повлекува на гората, каде планира да се повлече во галилеја, но римските легионери се побрзи, голема воена единица на римјаните доаѓа и го заробува. Исусе суден од римјани (како бунтовник) осуден на смрт со распнување (како што ги осудувале бунтовниците) и е распнат со двајца бунтовници ( со натпис дека е тој е цар Јудејски) - а само еден цар можеше да има јудеја во тоа време - римскиот.
 
Исус беше ...

.

Вашиот (крвав убиец) исус, не е истата личност со Вистинскиот Исус Христос, Кој својот скапоцен Живот доброволно Го даде за спасение на сите!

Без Духот БОЖЈИ и Христов, џабе вие се’, најважното било и ќе остане сокриено за вашите антихристијански умови! ... :(



И кога се собраа, Пилат им рече:
„Кого сакате да ви го пуштам:
Исус Варава ли, или Исус, наречен Христос?”

(Ев. Матеј 27:17)



barabbas.jpg


.​
.
 
.



И кога се собраа, Пилат им рече:
„Кого сакате да ви го пуштам:
Исус Варава ли, или Исус, наречен Христос?”

(Ев. Матеј 27:17)

.​

Iсус веќе беше пуштен, од Пилата прогласен за невин, какво сега второ пуштање и то на од римјани прогласен невин човек, па уште да бираат кој го сакаат.
Таков обичај никогаш не е забележен во Римското владеење во Јудеја.
Значи Пилат го прогласува Исус за невин и после самио прашва “еми сега кој да го пуштам“?
Таа прикаска е измислена спиро. Деца да се играат - нема така да направат. Пилат бил познат како суров и безмилостен кога се во прашање евреите, забележани се неговите судири со насобрани евреји кои барале нешто, во една прилика пратил на насобраните евреи војска и према флавиј околу 10.000 евреи биле убиени ранети и повредени. Ако тој нашол вина во Исус за бунт против римската власт - ќе го осудел, ако не - ќе го ослободел. Ни една собрана толпа евреи немаше да го натера на компромиси. И пред да биде пратен во Јудеја, Пилат бил во римското царство надлежен за прашања со евреите каде покажал голема суровост, можеби баш поради тоа и беше пратен во Јудеја која за разлика од други римски провинции беше исклучително тешка за управување и со постојани судири со населението. Таму некој млитав безрбетен службеник - брзо ќе ја изгубеше контраолата. Зато беше поставен Пилат да строго и со цврста рака го одржува мирот.
Евангелијата кои ги пишеле многу покасно од настаните луѓе кои не биле ни сведоци на истоте дури и не се ни пишани во јудеја, пилат го прикажуваат како неснаодлив, несигурен дури и исплашен, кој и без потреба ги прашва собраните евреи, “е сега кој да пуштам... е сега шо да му прам...“
 

.

...

Без Духот БОЖЈИ и Христов, џабе вие се’, најважното било и ќе остане сокриено за вашите антихристијански умови! ... :(

...


.


.
 
не постојат духови
 
.



Тие што Го немаат, не веруваат - тие што со детско срце веруваат, Го имаат!
... (y)


.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom