Пластична операција?

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување

Пластична операција?

  • Ако имаш можности, зошто да не!Супер е!!

    Гласови: 50 27,0%
  • Се сложувам, ама само во исклучителни ситуации!

    Гласови: 98 53,0%
  • Мислам дека е глупост, само безвезе трошење пари!

    Гласови: 12 6,5%
  • Никако..какви сме-такви!

    Гласови: 25 13,5%

  • Вкупно гласачи
    185
Само ако навистина е потебна некаква корекција или липосукција. Некои од што премногу сакаат да зајакнат `самодоверба` или пак секаква ситница им пречи во изгледот, претеруваат, се забораваат со пластични операции и искрено не наликуваат на човечки суштества..да не набројувам примери..:icon_roll
 
Баш ништо не менувам,се ми се допаѓа и сакам така да си остане.
А со `вишокот`треба сами да се справиме а не докторите.
Има и многу луѓе со големи маани што им пречат пример нос,уши,уста со тоа се сложувам зошто и тие да не изгледаат поубаво,а да мењаат се на себе ептен не чини.
 
Пластичните операции пред се се естетски корекции , така да кога веќе тетоважи и пирсови ставаат луѓе , зашто да не променат некој дел од телото и на друг начин ? Јас лично не ги прифаќам промените од типот „Мали гради /Големи гради“ меѓутоа има некој луѓе кој навистина имаат физички изглед кој не само што не не импресионира , туку ни е и одбивен. Е за таквите важи тоа „зашто да не променат некој дел од телото и на друг начин“ . А за оние уфилмани фуфици со „мали/големи гради“ , тоа е претерување.
Ако има некој поупатен :
Значи ме интересира како се вика хируршкиот зафат за отстранување на вишокот кожа , дали може во Македонијава да се изведе тој зафат, кој се ризиците и која е цената ? Фала однапред. :back:
 
abe prirodno si e prirodno ama zamislete gradi golemi a visnati do papoikot ubavina ......
 
Во никој случај не сум против пластична операција.Природно си е природно да,ама нема ништо повеќе природно,шминки,надградби ова она...толку од природното,заврши одамна.:)

А и што фајде од природното,кога не е како што треба? Кога има шанса да се подобри нешто,треба да се искористат.Не разбирам зошто некој би бил против,понекогаш ептен сакаме да поставуваме граници и каде што треба и каде што не треба.Одобрувам и поддржувам се` што прави да изгледаш и да се чувствуваш подобро,без штетни последици.

Нормално дека не треба да се претерува,оти и најкорисната работа ако не е во некои нормални граници,е штетна.Пример,ова холивудскава најнова мода,да ставиш силикони,да ги поносиш некое време,па да ги намалиш или да ги зголемиш и на крај да ги извадиш.Која е смислата на ова,стварно не ми е јасно...:toe:

Али таму каде што постојат индикации или обективни пречки кои создаваат телесни или психички потешкотии,би требало да се искористи пластичната операција и да го реши проблемот.
 
Во никој случај не сум против пластична операција.Природно си е природно да,ама нема ништо повеќе природно,шминки,надградби ова она...толку од природното,заврши одамна.:)

А и што фајде од природното,кога не е како што треба? Кога има шанса да се подобри нешто,треба да се искористат.Не разбирам зошто некој би бил против,понекогаш ептен сакаме да поставуваме граници и каде што треба и каде што не треба.Одобрувам и поддржувам се` што прави да изгледаш и да се чувствуваш подобро,без штетни последици.

Нормално дека не треба да се претерува,оти и најкорисната работа ако не е во некои нормални граници,е штетна.Пример,ова холивудскава најнова мода,да ставиш силикони,да ги поносиш некое време,па да ги намалиш или да ги зголемиш и на крај да ги извадиш.Која е смислата на ова,стварно не ми е јасно...:toe:

Али таму каде што постојат индикации или обективни пречки кои создаваат телесни или психички потешкотии,би требало да се искористи пластичната операција и да го реши проблемот.
мило моме македонче...чим јас сум те засакал такво какво си-значи баш поради таа човечка несовршеност со тебе би се осекал покомплетен!!!! што а од исполнување на ISO 9001-2000 значи од наметнатите стандарди на некои звезди исфрустрирани а и цеца која патем после нејзиниот успех производството на силикон се качи за 10%:vozbud:...значи нема потреба...еве и под претпоставка дека нема штетно ништо(на долг рок)...анестезијата не вреди ебаго...:toe:

а и тоа е одлив на средства за џабе:toe:
 
мило моме македонче...чим јас сум те засакал такво какво си-значи баш поради таа човечка несовршеност со тебе би се осекал покомплетен!!!! што а од исполнување на ISO 9001-2000 значи од наметнатите стандарди на некои звезди исфрустрирани а и цеца која патем после нејзиниот успех производството на силикон се качи за 10%:vozbud:...значи нема потреба...еве и под претпоставка дека нема штетно ништо(на долг рок)...анестезијата не вреди ебаго...:toe:

а и тоа е одлив на средства за џабе:toe:

Мило момче македонче...секогаш ќе има такви што сметаат дека сме убави или грди,со пластична операција или без неа.Пластичната операција би требало да ја исполни фукцијата да направи се чувствуваш поубаво сам за себе,а ако ја правиш за да исполниш некакви стандарди,или заради мислењето на било кој,освен твоето лично,тогаш да,промашена инвестиција е.
 
најмило моме македонче...ама зошто па личност да има психички потешкотии баш поради неисполнување на тие стандарди????

ако ги има тогаш не е личност,туку се смета себеси за лик и притоа ке биде личност кога ке се стави под нож...оправдувам само кога е неопходно на пример изгореници еве..

инаку женските треба вака да си речат

чекај де...ја за на некој торко со дисфункција да му стане треба да се ставам под нож???

ма нека оди нека земе вијагра или он нека си ја зголеми самодовербата....што сум јас виновна тука...ако ја сака анџелина нека :drk::drk:

не му бранам:toe:
 
Не знам јас зошто,ама има и такви што не се задоволни со својот изглед,независно од мислењето на другите.Може некој да ги смета за мис Норвешка,ама тие се уверени дека нешто на нив не е како што тие сакаат да биде.И не мора секогаш да значи дека имаат мала самодоверба или нешто не е во ред со нив,едноставно мислат дека можат да подобрат некој дел од себе,користејќи го придобивките на современата технологија.Ако не можат да си ги излечат нивните комплекси на друг начин,би требало да им помогне пластична операција.Јас тука не гледам ништо страшно.
 
Во некои случаи потребна е операција заради каков-таков социјален живот на особите кои инаку се осудени на изолација...

seekcodes_227_5924.jpg


640--2008-11-wierd11-profoundly-ugly-woman.jpg


ugly-girl.jpg


real-hottie.jpg


А во други случаи е наметната од медиумите кои им носат нови и нови клиенти на естетските хирурзи...
Таква е модата...
Еееј види ја Џесика Алба каква еее...:tapp:
Еее да сум ко Бред Пит лом ќе правам...:tapp:

Ugly_baby.jpg


Роуан Аткинсон како бебе...сега е женат и со деца, без операција...
 
гласав за 2. сега стварно има некој збеснати кои имаат пари преку имаат и незнаат што да им прават па ајде пластични операции за подобар газ, нос, поголема уста, поголеми гради..... а има некој што стварно му треба како на пример овие сликите што ги поставил членот над мене
 
Значи навистина е грд пејажот коа некаде без разлика дали тоа било на телевизија филм или некаде во живе ќе видите некоја жена (или маж- во по ретки случаеви) да има уста како хулахопка и цицки како балони за нова година!
Стварно е ептен не природно!
Операцијата која е со цел да се подобри изгледот кога навистина има голема потреба го оправдувам, но она глупирање и залудно трошење на парите без никаква причина најмногу на познатве (највеќе српски) пеачки е навистина непотребно - тоа не го одобрувам.
Се сложувам со Real Girl дека вештачкото е далеку од убаво!:cheeky1:
 
Според мене, пластичната операција кај луѓе кои имаат нормален изглед, е чиста глупост и докажување на престижот. Сите сме створени такви какви што треба да бидеме, природни. Секој има своја природна убавина. Јас сум против пластична операција, освен во некои исклучителни случаи каде навистина таа е потребна.
 
не сум воопшто против естеската хирургија моментално не би го чепкала моето тело но кога ќе остарам зашо да не би подкренала задник гради не е ништо страчно што некој сака да изгледа привлечно и убаво на стари години
 
Веќе вообичаен термин во светот па и кај нас? Денес секој е запознаен со можностите на естетската хирургија и со драстичните промени на изгледот кои таа ни ги овозможува?

Какви се вашите погледи во однос на оваа прашање?
Имате ли некој дел од телото или лицето, кој би сакале да го корегирате со пластична хирургија?
Што мислите за селиконските додатоци на градите, задникот и други делови од женското тело?Дали сте против или за?


еве неколку: before and after сликички

michaelun7.jpg
watermarkphpad3.jpg
Запознаен сум доволно со оваа проблематика и сметам дека секој има право да одлучи што сака да смени, доколку желбите би резултирале со солидна естетска вредност. На Zone Reality TV и Nova даваат една документарна серија “Под нож“. Кој фатил некоја епизода, нема да има аргументи против пластичните операции. Е сега, никој не би сакал екстрим случаи, како Мајкл Џексон, бог да го прости.

Еве, самата слика покажува како со мали зафати на назалната коска, назалната и аларна р’скавица, како и со вметнување на вештачка брада, човекот од (извинете на изразов) -смешен, се претвора во гуд лукинг мен.

Многу е често и меѓу мажите и меѓу жените, да се развие комплекс уште од мали години, само и САМО затоа што некој има релативно подолг нос од другите. Ваквиот комплекс не само што може да влијае на психата како секојдневно оптеретување, туку може и да резултира со потсвесно намалување на социјалната комуникација заради чуство на несигурност.

Тие што гласале дека не треба ништо да се менува, најверојатно или се егоцентрични, па тоа не им дава да забележат некој свој недостаток, или пак се модели. Си знаат најдобро како им е тие што ги чувствуваат последиците од својата несовршеност. Замислете си вовлечена или испакната вилица, предолг или искривен нос, гради кај жените кои не се ни забележуваат, задник како удрен со авион... Е да, не иде. Не е ред.

BeforeAfterLateral_thumb.jpg

66-face-lift-upper-eyelids-surgery-before-and-after-photos.jpg

webmd_rm_photo_of_before_and_after_facelift.jpg

Е сега, другата крајност на приказнава е вметнување на 3-4 литри силикон во една града или операции од типот на Џексон, бог да го прости, и уништување на основните црти на лицето. Е такво нешто -мразам.

Кај мене не би коригирал ништо ОСВЕН должината на носот, и тоа за едно 5-6 мм (иако сите што сум ги прашал ме “лажат“ дека е тамам). Другото ми е ОК. :smir:

P.S. Toecutter, втората и последната слика од твојот пост се фалш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom