Мадона

  • Креатор на темата Креатор на темата ЃАВОЛЧЕ
  • Време на започнување Време на започнување
Madonna е еден таков homo antipaticus што неможе да се помири со староста, и не можам воопшто да ја сварам. Мислам на што личи тоа, баба 50 години, у трикоа светљуцави, па не е мајко му Ел Макферсон па да има со што да се пофали. Да можеше да стави Ботокс у тоа свенатите цицки, и тоа ќе го направеше, баба мрдната.:nenene:


P.S. I'll go on Ebay & buy myself a baby.:kez:
 
Madonna претставува Love or hate персона.Таа не знае да пее,нема грам талент...Затоа и е енормно зачудувачки што постигна статус на икона.Знае во прав момент,да шокира,знае да е контравезна,знае кога да биде like a virgin,кога да се качи на крст,знае да ипровоцира.Мора да и се пружи рука за тоа.Стварно е зачудувачки што 1.65 цм од неубаво женско суштество успеа да стана глобална ѕвезда.Браво!
 
Madonna претставува Love or hate персона.Таа не знае да пее,нема грам талент...Затоа и е енормно зачудувачки што постигна статус на икона.Знае во прав момент,да шокира,знае да е контравезна,знае кога да биде like a virgin,кога да се качи на крст,знае да ипровоцира.Мора да и се пружи рука за тоа.Стварно е зачудувачки што 1.65 цм од неубаво женско суштество успеа да стана глобална ѕвезда.Браво!

ауу..мадона нема талент? иако ја мразам мадона.. али да кажеш дека нема талент..не е зачудавички ама баш ич што го постигна тој статус..
сепак ми се допаѓаат Џамп и Ханг Уп ..
 
Мадона е најгрдото човечко суштество...мн ми е антипатична...одвратен излед,одвратно понашање,одвратна музика,одвратен глас:nesvest:
 
Ја слушам Мадона иако морам да признаам дека хитовите од 90-тите ми беа поубави (Ray Of Light, Frozen, Take A Bow итн.), после албумот Music некако не ми се допаѓа толку. Последниот албум и беше доста добар и можеше да реализира повеќе синглови од него а овој што претстои сега, е во продукција на Тимбаланд, значи Nelly Furtado - Loose број 2. Исто така ме нервира со таа Кабала-религијата и со посвојувањето деца, како и претераната недоличност за годините!
 
Ја неќум. Ич ја неќум. Тотално ја неќум.

Неколку пати знае да направи добри денс хитчиња, арно ама истите тие стануваат толку напорни и исфорсирани шо се е булшит со краток рок на траење.
Не ми се бендисва стилот т.е не ми се допаѓа како изгледа. Старка стегната во хеланки, шо се јогосва по цел ден и ништо не јади, мислам ебате репутацијата. А за облекуење,не бре. Кој сака нека вели дека е тренд-сетерка, нема врска со мозокот. Пробва да го наметни диско-стилот, али тешко клише.
 
Prv pat madonna me iznervira koga slusnav deka si ja promovira muzikata po nesoodvetni gej klubovi od najlos rank a ne saka da pee na mesta kade treba da pee...Sepak nikogas nema da i gi zaborav pesnite posebno od periodot 1989-1999 i plus ovoj posledniot album "Confessions on a dancefloor"...
 
madonna-picture-2.jpg



Светската поп ѕвезда Madonna на месец и половина пред концертот кој треба да се одржи на плажата Јаз во Будва побарала многу работи кои и биле неопходни за престојот во Црна Гора. Две простории во бекстејџот, една за неа, а другата за нејзините деца, голем тоалет, присуство на најдобрите доктори, боци со кислород и маска за дишење, се само дел од барањата на поп кралицата. Во сите простории цигарите се забранети.
Во бекстејџот пејачката забранила пушење и побарала да има 150 мали и 300 големи крпи, како и 300 сапуни.


Меѓу нејзините барања се и следниве: ѕидовите во бекстејџот да не бидат во флуросцентна боја, а клима уредите се строго забранети. Нејзиниот тим веќе наредил каква боја треба да бидат и корпите за отпад.
За неа и нејзиниот тим ќе бидат направени 25 комплетно нови канцеларии.
Организаторите треба да набават и шест возила за голф со кои таа и тимот ќе бидат пренесени од бекстејџот до концертниот простор во кој побарала да има мејк ап просторија за десет луѓе. Во сите простории цигарите се забранети.


Околу храната ќе биде задолжен нејзин приватен готвач кој во Црна Гора ќе допатува два дена пред концертот за да ги купи сите потребни намирници што и требаат на пејачката.


Комплетната опрема ќе биде доставена на 20 септември, пет дена пред концертот. Таа ќе биде донесена со 50 камиони, а 18 камиони ќе бидат обезбедени за комплетниот тим на Madonna.
 
Црна Гора...
и Будва
со самото тоа што организираат концерт на Мадона добиваат таков маркетинг кој што би го платиле 10 пати поскапо и никој не може да гарантира дека ќе биде исто толку успешен.
Што се однесува до трошоците за самиот концерт...
ќе бидат исплатени само од картите на оние кои што ќе присуствуваат со своите јахти.
Се друго... е чист ќар.
 
На радио слушнав дека општина Будва издвоила 7 милиони евра (мислам дека евра беа) за настанов, и тоа било за 2 милиони повеќе отколку што понудиле Белград и Загреб.

Ова е воедно и еден од најефтините концерти што Мадона некогаш ги одржала, цената на билетите била 35 евра за обичен посетител а 250 евра за VIP-секцијата. Само нешто ме буни, едни викаат дека настапот ќе и бидел на 25 август, а на сајтот стои 25 септември.

Додатно кон оваа вест имаа интервјуирано случајни граѓани за тоа што мислат за концертот и не знам зошто секогаш попаѓаат на некои баби и дедовци, кои што велат дека тоа е претерано голема сума за Мадона, а самата градска канализација им е сеуште несредена. И уште додаде дека нема што некоја си Мадона да доаѓа, си имале тие свое културно наследство, свои исполнители. :pos:
 
Епа ја сакаа Мадона, ете им ја Мадона :wink:
Не може да ја рекламираат Будва а за возврат ништо да не исполнат.
Знае некој кој го организира концертот?
 
Мадона е една и скапа :toe: ако сакате повелете ама ќе лапнат многу пари од концертот така да не ги жали :helou:
 
Има ли некој понуди од нашиве агенции за концертот на Мадона?
Линк,било што:toe:
 
Па ова е Мадона, не е Каролина Гочева. Сите ѕвезди имаат побарувања каде и да одат, само што ние не сме навикнати да им обезбедуваме толкав лукуз.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom