Ljupco
...ExtraVagant...
- Член од
- 20 јули 2006
- Мислења
- 1.810
- Поени од реакции
- 12
Нокта која сите ги успива
неа ја буди
и повторно ја раѓа
онаа иста светлина
која утрото ја успива и гаси.
Нејзиниот живот е таков
Умира за
повторно да се роди.
Осамена мегу многуте,
Мала а сепак голема,
Блиска а сепак далечна,
во бесконечниот и
безвременски простор.
Таква е ѕвездината судбина.
Понекогаш сјајот
на другите ѕвезди ја ослепува,
и ја прави немокна
да ја види сопствената убавина
која зрачи и плени.
Погледот и талка
таму некаде долу
во водените широчини
од кој го гледа само
нејзиниот блед одраз.
Чиниш сака да потоне
во морските длабочини
И да изгасне.
Осаменички живот во мракот.
Таква е ѕвездината судбина.
Нестрпливо го чека утрото.
Првата зора ја гали и успива,
и дава сон,
и дава живот.
Утрото кога сите се будат
Таа сонува за нов живот.
...
