Писател на тапет - Милан Кундера

  • Креатор на темата Креатор на темата Mnemozina
  • Време на започнување Време на започнување
Генијалниот Орвел,во "1984" кој е еден од моите најомилени романи баш поради умешноста на писателот да ја долови на најдобар можен начин таа мрачна,дистописка атмосфера ја потценува префриганоста на владејачката олигархија во нејзината силна желба за доминација и контрола на општеството.

Имам впечаток дека повеќе се работи за параноја и фобија од комунизмот во тоа време,отколку за вистинско визионерство,кое денешното време го демантира во одреден аспект.Но не целосно.Главниот механизам на измамата е во проектирањето на илузија кај човекот да се чувствува слободен и среќен,т.е. да биде птицата во златниот кафез,а не незадоволен роб кој секогаш ќе го посакува вкусот на слободата.А тоа недостасува во "1984".

Но,од друга страна пак сведоци сме на моќните парола од книгата-"Војната е мир,слободата е ропство,незнаењето е моќ".За кого е моќ незнаењето-за тие што владеат?Не би сакал да мешам политика,но видете што се случуваше со една земја на Блискиот Исток пред 2 месеци,кога бесрамно се манипулираше со информациите кои доаѓаа од медиумите,луѓето беа збунети бидејќи всушност голем дел од луѓето не се ни способни да размислуваат и носат заклучоци,бидејќи тоа го прават медиумите на нивно место и регионот можеби беше на прагот на општ хаос.Колку само лесно можат да не втурнат во нивните намери,навистина запрепастувачки.Чинам дека летово беше аферата со Сноуден кога пласираше информации дека американските разузнавачки служби го следат интернетот,електронските писма,прислушкуваат итн.Големиот Брат веќе постои.

Како и да е,Орвел предвидел добар дел од модерниот фашизам но пак ќе кажам,ја немал на ум суптилноста на олигархијата и креирањето на лажно чувство на среќа кај луѓето,за разлика од Хаксли.
 
„Животинска фарма“ е сигурно една од најзабавните книги за читање пред се’ поради тоа што книгата претставува на некој начин басна со политичка нишка каде секое животно потсетува на одреден историски лик или пак на одреден општествен слој.
Дискутабилно е дали Орвел стриктно правел алузии на тогашните актуелни политички лидери или пак сакал да каже дека секое време си има свој своевиден Сталин, Черчил, Ленин, Троцки.
Во оваа книга Орвел го покажува и докажува општото правило дека секој револуционер после револуцијата станува инстантно деспот од најсурови размери најчесто и посуров од претходникот, иако пред тоа ја пропагирал паролата која е најпримамлива за народот, а никогаш практично остварлива, тоа е – воспоставување целосна еднаквост меѓу луѓето (во овој случај животните). Орвел тоа го кажал на следниот начин: Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите.

Во култната „1984“ е прикажана железната рака на Големиот Брат во полна сила. Реалност која се состои од: перење мозок на деца до тој степен да можат да ги кодошат сопствените родители на тајната полиција доколку забележат сомнителна лојалност, неколку минутна хистерична омраза кон предавникот која се повторува како добро утро секој ден, 24 часовен увид на партијата во секојдневниот живот на граѓаните преку екрани кои снимаат буквално се', бришење на минатото од колективната меморија...
Големиот Брат те набљудува. Винстон Смит одеднаш осеќа одбивност кон министерствата и пишува во тетратка која е забрането да ја поседува - „Долу Големиот Брат“, но системот и него набргу го проголтува.

Доста интересно е да се споредуваат „1984“ и „Храбриот нов свет“ на Хаксли, односно кој подобро од нив двајца ја антиципирал иднината, кој бил помал, а кој поголем параноик.
Како и да е вредноста и значењето на двете книги се несомнени.
 
Генијалниот Орвел,во "1984" кој е еден од моите најомилени романи баш поради умешноста на писателот да ја долови на најдобар можен начин таа мрачна,дистописка атмосфера ја потценува префриганоста на владејачката олигархија во нејзината силна желба за доминација и контрола на општеството.

Имам впечаток дека повеќе се работи за параноја и фобија од комунизмот во тоа време,отколку за вистинско визионерство,кое денешното време го демантира во одреден аспект.Но не целосно.Главниот механизам на измамата е во проектирањето на илузија кај човекот да се чувствува слободен и среќен,т.е. да биде птицата во златниот кафез,а не незадоволен роб кој секогаш ќе го посакува вкусот на слободата.А тоа недостасува во "1984".

Но,од друга страна пак сведоци сме на моќните парола од книгата-"Војната е мир,слободата е ропство,незнаењето е моќ".За кого е моќ незнаењето-за тие што владеат?Не би сакал да мешам политика,но видете што се случуваше со една земја на Блискиот Исток пред 2 месеци,кога бесрамно се манипулираше со информациите кои доаѓаа од медиумите,луѓето беа збунети бидејќи всушност голем дел од луѓето не се ни способни да размислуваат и носат заклучоци,бидејќи тоа го прават медиумите на нивно место и регионот можеби беше на прагот на општ хаос.Колку само лесно можат да не втурнат во нивните намери,навистина запрепастувачки.Чинам дека летово беше аферата со Сноуден кога пласираше информации дека американските разузнавачки служби го следат интернетот,електронските писма,прислушкуваат итн.Големиот Брат веќе постои.

Како и да е,Орвел предвидел добар дел од модерниот фашизам но пак ќе кажам,ја немал на ум суптилноста на олигархијата и креирањето на лажно чувство на среќа кај луѓето,за разлика од Хаксли.

War is peace, freedom is slavery, Ignorance is strength. Ignorance не би требало да го дефинираме како незнаење туку во случајов по прикладно име би било НЕинформираност,НЕзапознаеност. Нешто во стилот Ignorance is bliss.. Па тие што владеат се надмоќни врз обичниот народ (игнорантните). За некого е моќ, за некого благослов (благослов кажано на ироничен начин).
За болдов си до некаде во право, бидејќи има делови каде доста јасно се нагласува тој ,,комунистички‘‘ режим т.е. парадирањето на луѓето како животни (ме мрзи сега да барам цитата за добро да доловам), но и воедно ни прикажува колку денешното (за негово време - идно општество) е слично со тоа од порано. Присуството е константно на манипулација и контрола , само се менуваат и усовршуваат начините со кои можи перењето на мозок да се изврши.
 
Од Орвел ја имам читано само 1984, и ептен ми се допадна. Планирам за брзо време да ја читам и Animal Farm затоа што ми ја многу пофалија дека е преубава книга со прекрасни описи и интересни ликови.
Конкретно да се задржам на 1984, ми се допаѓа неговиот стил на пишување, мрачен и меланхоличен но преовладува депресивност. Ми се допаѓа начинот на кој ја разработа приказната од самиот почеток до средбата со девојката, а највеќе нешто што ми се допадна е крајот на самиот роман. Има прејаки описи и осет да ти внесе слика и емоција книгата, уметничко ремек дело е, барем кога се работи за дистописки романи.
Сума сумарум, ми се допаѓа Џорџ Орвел, и едвај чекам да почнам да ја читам АФ.
 
Егзистенционален реализам, белетристика испреплетена со филозофија, авторитети и познати личности како ликови и само еден писател кој се концентрира на суштинското. Прецизно и концизно. Дами и господа - Милан Кундера.

„Шега“, „Книга за смеата и заборавот“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Бесмртност.

Прилично популарен меѓу форумџии, сме го дискутирале и на мини собири, повеќето со восхит и импресии. Па, и засведочени збор, два не би им штетеле на жолтиве страници.

Повелете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom