Пет докази на Тома Аквински за постоењето на Бог

  • Креатор на темата Креатор на темата Ставрогин
  • Време на започнување Време на започнување
Имено, релацијата „Творец-творение„ е воспоставена така што Бог-Творецот му се објави „во живо„ на човекот-творението. Значи, имаме објава „од горе (од Небесата) кон долу (кон Земјата). Схоластичкиот обид е само пра-протестантизам и обид од творението да го озознае Бога во спротивната релација: „од долу (од Земјава) кон горе (кон Небесата)„. Така, схоластиката претставува потценување на Божјата објава и нејзино „симнување„ на од Бога објавена вистина, во која се верува, на од човекот изградено учење, во кое некој треба да поверува.

Наспроти тралалајќите на MIKI1, Светото Писмо недвосмислено објавува дека човекот може и разумски да дојде до сознанието дека Бог постои. Значи дури човек никогаш да не фатил Библија во рака, ниту да чул за Исус, Библијата вели дека човек може да осознае дека Бог постои, па дури и да дознае некои од Неговите атрибути (невидливи својства). Тоа го потврдува на пример светиот апостол Павле во писмото до христијаните во Рим:

„Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат вистината; зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. “ (Римјаните 1:18-20, Библијата)

Аргументот од Дизајн (како што го нарекува Аквински) или попознат како „Интелигентниот Дизајн“, а воедно и Космолошкиот аргумент се токму тоа што Павле го вели овде, осознавање на Бог и Неговата творечка моќ преку набљудување на творбите (созданието). Нешто слично читаме и во 19-от Псалм:

Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце. Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и соопштува. Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас.“ (Псалм 19:1-2, Библијата)

Но познато е дека православизмот не се базира на Светото Писмо, па дури и во многу работи е спротивен на Светото Писмо, така што и покрај јасното учење на Библијата дека човекот може да стане свесен за Божјото постоење и преку набљудувањето и користење на разумот, тие и понатаму ќе лоботомираат дека не може да се дознае Бог преку користење на разумот, дека треба да го исклучиш разумот и да ги слушаш поповите тие да ти кажат што и како за Бог.

Јас сум личен пример, а верувам има и други на форумов што ќе посведочат дека станале свесни за Божјото постоење (почнале да веруваат во Бог) и пред да дознаат за Исус или пак фатиле Библија во рака, а да не збориме па за некоја светоотечка или црковна литература.
 
Јас сум личен пример, .

...и тоа прилично скромен пример, признавам, во духот од „изворното„ егоцентрично христијанство...
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 22:57 ---
Но познато е дека православизмот не се базира на Светото Писмо, .

...но затоа тука се „изворните„, кои го канонизираа Светото Писмо, само што не можат да се сетат кој и кога некој од нив го сторил тој чин....
 
...и тоа прилично скромен пример, признавам, во духот од „изворното„ егоцентрично христијанство...
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 22:57 ---


...но затоа тука се „изворните„, кои со канонизираа Светото Писмо, само што не можат да се сетат кој и кога некој од нив го сторил тој чин....

Мики, јас мислам последниов период Чорбаџијата солиден ќотек ти удира по темиве.

Неутрално е моево мислење, земи предвид за понатака.


:)
 
Светото Писмо недвосмислено објавува дека човекот може и разумски да дојде до сознанието дека Бог постои..

...како што сведочат „изворните„, кои вруваат во нивниот бог, на кого ни ликот не му го знаат, ама што е тоа битно, битно е дека веруваат...
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 23:00 ---
Мики, јас мислам последниов период Чорбаџијата солиден ќотек ти удира по темиве.

Дај му „лајк„, шо чекаш...:icon_lol:
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 23:01 ---
Неутрално е моево мислење, земи предвид за понатака.

Си е***о м*****а од неутралност, ама ај...
 
Мики, јас мислам последниов период Чорбаџијата солиден ќотек ти удира по темиве.

Неутрално е моево мислење, земи предвид за понатака.


:)

Микица во последните неколку години има таков ќотек јадено по темите, што ако ударите беа вистински одамна ќе беше мртов. Кој стигна го претепа, Дибек, Лет3, Чорбаџијата, мојата маленкост, Хјуман.

:)

Но нема гајле, Бог му дава сила и го тера да издржи во неговиот мазохизам...
 
Значи дури човек никогаш да не фатил Библија во рака, ниту да чул за Исус, Библијата вели дека човек може да осознае дека Бог постои.

Дека Бог постои, тоа го знаат и демоните, ним не им треба Светото Писмо. А веруваат и паганите...во нивниот бог, без Библијата во раце.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 23:05 ---
Микица во последните неколку години има таков ќотек јадено по темите, што ако ударите беа вистински одамна ќе беше мртов. .


Богу фала, животот не ми зависи од наведените членови и нивните мненија...
 
Мики, јас мислам последниов период Чорбаџијата солиден ќотек ти удира по темиве.

Неутрално е моево мислење, земи предвид за понатака.


:)
Никако неутрално, споредбата е како Ганди да боксува со Мајк Тајсон на кока. Мики е дел од мирната православна паства, коленичи и се моли госпот да го пушти во рајо. Овој другиот е трениран преварант, кој професионално стриже офци налик на Мики. Битката е однапред добиена.
 
Микица во последните неколку години има таков ќотек јадено по темите, што ако ударите беа вистински одамна ќе беше мртов. Кој стигна го претепа, Дибек, Лет3, Чорбаџијата, мојата маленкост, Хјуман.

:)

Но нема гајле, Бог му дава сила и го тера да издржи во неговиот мазохизам...

Јас имам слушнато една теорија во Рисјанството, дека до Рајските Порти се стигнува и преку самоизмачување, кое е некакво избавување од гревовите низ животниот век.

Можеби Мики бој е приврзаник.



:cautious:
 
, така што и покрај јасното учење на Библијата дека човекот може да стане свесен за Божјото постоење и преку набљудувањето и користење на разумот, .

Да беше тоа набљудуваање доволно, до сега сите луѓе, сите до еден, ќе веруваа и ќе беа спасени, а Христос ќе немаше потреба ниту да дојдне ниту да допушти да биде распнат...
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 23:12 ---
Јас имам слушнато една теорија во Рисјанството, дека до Рајските Порти се стигнува и преку самоизмачување, кое е некакво избавување од гревовите низ животниот век.

Заборави да го посочиш и „...библискиот цитат...„кој го потврдува напишаново.
И ја‘ имам слушнато подоста теории, а имам доверба само во напишаното од Црквата.
 
Никако неутрално, споредбата е како Ганди да боксува со Мајк Тајсон на кока. Мики е дел од мирната православна паства, коленичи и се моли госпот да го пушти во рајо. Овој другиот е трениран преварант, кој професионално стриже офци налик на Мики. Битката е однапред добиена.


:pos::pos:

Ми се исплати трудот да ја отворам темата...
 
Да беше тоа набљудуваање доволно, до сега сите луѓе, сите до еден, ќе веруваа и ќе беа спасени, а Христос ќе немаше потреба ниту да дојдне ниту да допушти да биде распнат...

Никој не рече дека е доволно за спасување, немој сега пак да фаќаш кривини кога очигледно си во ќорсокак ;) На оваа тема зборуваме за аргументи за постоењето на Бог или поконкретно за 5те аргументи на Тома Аквински за постоењето на Бог. Само до тука одиме. Не мешај сега спасувањa, распнување, Христос, демони, ѓаоли и сл.
 
На оваа тема зборуваме за аргументи за постоењето на Бог или поконкретно за 5те аргументи на Тома Аквински за постоењето на Бог. Само до тука одиме..

Јас „...до таму...„ и отидов: ја имаме ситуацијата каде Бог ни‘ се објави, а Тома (и неговите истомисленци и следбеници) објаснуваат и докажуваат дека Бог постои....
Го имаме зборот и доказот од смртникот, наспроти Божјата објава и појава.
 
„Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат вистината; зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. “ (Римјаните 1:18-20, Библијата)
Како го објаснуваш постоењето на гневот кај Бог? Гневот е особина на незадоволство, незадоволството е производ на немоќ - најчесто немоќ да се постигне нешто во согласност со намерата, или незадоволство од нечија постапка или резултат.
Ако Бог е совршен - поседува семоќност и сезнајност, од каде гневот кај него?
 
Не е битно што е „...гневот Божји...„, битно е дека „...така пишува во Библијата....„.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom