iksimkd, овие луѓе освестија многумина, до пред неколку години се сведуваше на блебетање на конспирационисти но никој не се саможртвуваше.
Американците не се ништо поглупави од останатите, но
долго време се подложни на моќна пропаганда која ги задушува.
Живеат под постојан страв дека ќе бидат нападнати и бараат виновници насекаде.
Ако тебе те убедат дека си под закана од напад и дека е потребно да им ги дадеш сите приватни податоци за да ти помогнат, ќе им дадеш се што ќе побараат. Се продава лажна сигурност и бизнисот добро оди.
Со ова потполно се согласувам. Пропагандата е моќна, толку моќна, што човек се прашува како е можно хомо-сапиенсот да се сведе на хомо-конзуменс. Пропагандата може да „продаде“ се.
Луѓето со кои јас сум опкружена се генерално добри. Добри, дарежливи, сочувствителни и грижливи. Нивната великодушност (зборувам за Американци) се граничи со наивност во вербата дека тие му помагаат на светот. Она што ние од страна го перцепираме како „тоталитаризам“ за нив е „демократија, создавање вредности“ и тие длабоко, искрено веруваат во тоа. А кога ќе поживеете меѓу нив и ќе видите колку
многу пари донираат за гладните во Африка, чиста вода, еколошки проекти, мисионери, детски домови, образование, културни размени, што уште не... почнува да ви станува јасно зошто живеат во страв од напади...
Не можат да сфатат како може надворешниот свет за кој тие толку многу вложуваат да го „оправат“ може да им враќа со терор, напади и омраза.
Но за последниот дел не се согласувам. Сите Американци високо ја ценат својата приватност. И не молчат ако им се доведува во прашање. И знаат да го искористат системот за да ја заштитат!
Луѓето често забораваат колку се моќни. Само да ве потсетам: вие, народот, сте најголемата сила. Ако нешто решите не можат ни корпорации ни влади ни никој да ви застане на патот. El pueblo, unido, nunca sera vencido!
Ама Сноуден е сам. Зад него нема народ. Тој нема никаква корист ако ти, јас, Трајко или Петко му се восхитуваме или не му се восхитуваме, го поддржуваме или не го поддржуваме. Ние сме сите надвор од неговото поле на интерес.
Секоја борба или идеја имала за цел нешто да постигне. Јас не ја разбирам неговата цел.
Владата ги шпионирала споствените граѓани. Не е некоја голема новост де. Јас мислам дека и во Македонија Владата ги шпионира своите граѓани. Впрочем, како и сите други влади. И што да правиме сега?
Мартин Лутер Кинг имаше сон за еднаквост. И стратегија како да стигне до тоа. А бе сакам да се просветлам ама не успевам, која е целта на Сноуден и која е неговата стратегија да ја оствари.