Едвард Сноуден обелодени дека САД масовно ги шпионираат сопствените граѓани

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
ОК не сакам да сум остар на зборови и почитувам различно мислење, но овие мислења на Freedom2say некако ми се каша попара. Ем вели дека Сноуден е за респект ем дека е будала што не живее удобно со неговите 200к. Ем се согласува дека Чорба е сељачиште ем му се восхитува на стихот. Некако многу сакам кажам не знам речам. Многу збунето.

Нема љутиш се надевам. :pipi:

Му се восхитува на храброста но мисли дека е глупаво да се жртвуваш зошто таа себеси не може да се замисли да се жртвува за нешто повозвишено.
Тоа е тоа.
 
За Бора Чорба- не можам повеќе да се согласам со твојата констатација (y). Ама стихот му е вистинит!
И со втората констатација делумно се согласувам. Но зависи какви се идеалите :). Кога бидејќи голем идеалист ќе дојдеш до дно и ќе видиш дека другите не ги боли уво за тебе и си оставен сам, ќе ги „заметеш“ идеалите под тепих и ќе пробаш да станеш мудар.
Да не забегаме оф-топик, кажи ми ти што мислиш, што ќе биде со Сноуден? Кои се неговите опции? Каков ќе биде неговиот живот (како идеалист) од сега натаму? Што мислиш дека ќе се случува со неговото семејство по клучниот момент на разоткривање?
Ако се ставиш во неговата кожа...колку време ќе можеш да живееш така, пред да те скршат високите политики? А ќе те скршат. Порано или покасно. Жив...или мртов.

Да сум на местото на Сноуден што би направил? Истото би го направил!
За мене човекот е херој. Храбар и несебичен. Како Христијанин, ама еве, да ја тргнеме религијата на страна, како човечко суштество кое поседува совест, би се жртвуваал себеси за доброто на многумина.

Во моментот некој нема да го цени тоа, но тие што ја сакаат слободата ќе го ценат. Тоа ми е важно. Каков би бил светот кога секој би си гледал само за свој гз?

Турците 500 години владееле со Македонија, знаеш зошто? Затоа што многумина викале наведната глава сабја не ја сече. Мене да ми е добро другите кој ги е.е. Јас сум си мирен, не сум комита и нема да ме закачаат Турците. Па пак Турците палеле цели села.

Ако ќутиме и ги заметуваме идеалите под тепих, со тоа им помагаме на тираните да победат. А тие имаат и идеали и планови.

Едноставно кажано, има работи на светов кои вредат многу повеќе од сопствениот живот, а еден ден сите мора да умреме.
 
Му се восхитува на храброста но мисли дека е глупаво да се жртвуваш зошто таа себеси не може да се замисли да се жртвува за нешто повозвишено.
Тоа е тоа.

Wrong!
Поминав во животот низ ситуации во кои се обидував да преживеам со мојот идеализам и во мојот „малечок“ свет ја поднесов (за мене) најголемата жртва која една жена во нашето опкружување и општество може да ја поднесе за други -моите деца. Нема потреба никому да му објаснувам, но на своја кожа осетив дека да се жртвуваш за идеали е „возвишено“ ама не е мудро!

Не може човеков да го управи светот - не се занесувајте! Бидете реални, колку време ќе живее со идеалите??? И пак ќе кажам за кого бре? Секој што ќе го заштити, порано или подоцна ќе проба да си ја наплати од него таа услуга. И тогаш?
Дали тогаш сите кои му се восхитуваат ќе го сметаат за предавник? Кога од икс причини ќе мора да го свитка грбот?

@ VOLK2234 Да, сега е херој. Ако не одлучи да ги предаде или продаде тајните на тие кои ќе го заштитат што ќе биде со него? Ќе биде мртов херој!

И не се лутам јас на никого. Зошто да се лутам ако размислуваме различно? Кога ќе видите во животот дека ако одите со главата во ѕидот, колку и да ви ракоплескаат и да ве потчукнуваат по рамо ќе завршите единствено со распукана тиква ќе разберете дека човекот живее и умира сам.

Не сметам дека сум контрадикторна. Јас му се восхитувам за тоа што го направи. Се надевам дека не е мотивиран од пари. Дека не го наплатил дебело својот гест. Го проследив интервјуто од Гардијан. Човекот навистина зборува и резонира интелигентно и во овој момент се чини дека делува од чисто идеалистички побуди. Ама се обидувам да бидам реална! Што ќе се смени со информацијата што ја откри? Што, вие досега не верувавте дека САД врши таква шпионажа? Не верувате дека секоја земја го прави истото? Оти тие толку големи демократии во Европа не му ги отворија вратите ширум кога веќе имаат податоци дека и тие биле шпионирани???

Имам уште мал милион прашања, но не сакам да звучам како да го напаѓам човекот оти немам таква намера. Го жалам. Ако поживее доволно долго, ќе има време самиот да разбере дека не вредело да оди „курбан“.

Навистина голема стана работава. Германија најавува дека ќе ја тужи Америка, ЕУ се заканува дека ќе го анулира трговскоит пакт се додека Америка не престане да ги шпионира, итн.

Но каде Сноуден ќе добие азил е голема работа. Американциве не можат да се доначудат каков удар добиле. Дечково поседува милион тајни документи, имал пристап до се', а очигледно многу снимил!! Значи кој ќе му даде азил од големиве, ќе дојде во посед на се што има Америка но и во судир со Америка. Дури и Русија тактизира и не знае што да праи бидејќи овие немаат како сем да одат до крај. Не знам како односно дали воопшто можат да се помират.

И што со идеалите сега??? Значи, контрашпионажа. Цело време тоа го велам, работата е од еден кол на друг.

Freedom2say, твојот поглед врз животот, колку што можам да разберам од твоиве постови, е јади-спиј-размножувај се-не замарај се.

Има луѓе кои имаат пошироки разбирања и не живеат во истата кутија со тебе. Твоите обиди да сфатиш како сега Сноуден ќе живее се јалови, ти размислуваш како ти, со твоите погледи и сфаќања, би живеел/а во таа ситуација, и верувам за тебе би била неподнослива. Човек со таква интелегенција што се решил на таков чекор е многу свесен за последиците. Но таквите луѓе не ги мерат постигнувањата во животот со платата, удобноста и сигурноста, туку со делата што ги оставиле зад себе.

Замисли само ако сите истражувачи и напредни луѓе во времето на инквизицијата го свиткаа грбот, само затоа што "за идеали гинат будали". Во каков свет ќе живеевме јас и ти денес? Зошто некој би горел на клада за тебе денес да ти е убаво?

Наведната глава сабја не ја сече. Ама голта прашина.

Јас сум disillusioned dreamer - разочаран идеалист. Едно време размислував поинаку - сега некако поарно ми е во „кутијата“. Разбрав дека не можам да бидам господ. Дека не можам да го спасам светот. Ама ми требаа десетина години!

Кои дела? Што ќе постигне Сноуден кажи ми? Полека почнаа да му вртат грб. Кои опции ќе му останат? Непријателите на САД? Од една страна вика дека не и мисли лошо на државата и не сака да биде сфатен како предавник, а од друга страна кои опции ќе му останат? Токму тоа да стане!
 
Кои дела? Што ќе постигне Сноуден кажи ми? Полека почнаа да му вртат грб. Кои опции че му останат? Непријателите на САД? Од една страна вика дека не и мисли лошо на државата и не сака да биде сфатен како предавник, а од друга страна кои опции ќе му останат? Токму тоа да стане!
Што постигна Џордано Бруно?
Што постигнаа револуционери кои отидоа во директна смрт?

Дали нашево типкање на компјутер ќе беше можно без овие луѓе, идеалисти? Дали мислиш дека слободата која ја имаш и технологијата која ја користиш се дојдени сами по себе, случајно?

Пред да се лишиш себе си од идеали и да го проживееш животот со затворен ум заради искуство кои си го имала а не излегло на добро, размисли за светот во кој живееш и ќе сфатиш дека се она што е добро и напредно е резултат на луѓе кои се жртвувале во некој период од историјата.

Едвард Сноуден е предавник на неговата држава и треба ебено да се гордее со тоа. Неговата држава стана империјалистичка сила која по бројот на започнати војни и настрадани луѓе ја прави Германија на Хитлер да изгледа како мало бебе. Неговата држава јуриша кон комплетна тиранија во која поединецот ќе биде контролиран од банките и корпорациите, и тоа на глобално ниво.

Сноуден е предавник на својата држава, но не на својот народ и не на слободните луѓе во светот. Потребни ни се луѓе како него.
 
Wrong!
Поминав во животот низ ситуации во кои се обидував да преживеам со мојот идеализам и во мојот „малечок“ свет ја поднесов (за мене) најголемата жртва која една жена во нашето опкружување и општество може да ја поднесе за други -моите деца. Нема потреба никому да му објаснувам, но на своја кожа осетив дека да се жртвуваш за идеали е „возвишено“ ама не е мудро!
Не може човеков да го управи светот - не се занесувајте! Бидете реални, колку време ќе живее со идеалите??? И пак ќе кажам за кого бре? Секој што ќе го заштити, порано или подоцна ќе проба да си ја наплати од него таа услуга. И тогаш?
Дали тогаш сите кои му се восхитуваат ќе го сметаат за предавник? Кога од икс причини ќе мора да го свитка грбот?
@ VOLK2234 Да, сега е херој. Ако не одлучи да ги предаде или продаде тајните на тие кои ќе го заштитат што ќе биде со него? Ќе биде мртов херој!

И не се лутам јас на никого. Зошто да се лутам ако размислуваме различно? Кога ќе видите во животот дека ако одите со главата во ѕидот, колку и да ви ракоплескаат и да ве потчукнуваат по рамо ќе завршите единствено со распукана тиква ќе разберете дека човекот живее и умира сам.

Не сметам дека сум контрадикторна. Јас му се восхитувам за тоа што го направи. Се надевам дека не е мотивиран од пари. Дека не го наплатил дебело својот гест. Го проследив интервјуто од Гардијан. Човекот навистина зборува и резонира интелигентно и во овој момент се чини дека делува од чисто идеалистички побуди. Ама се обидувам да бидам реална! Што ќе се смени со информацијата што ја откри? Што, вие досега не верувавте дека САД врши таква шпионажа? Не верувате дека секоја земја го прави истото? Оти тие толку големи демократии во Европа не му ги отворија вратите ширум кога веќе имаат податоци дека и тие биле шпионирани???

Имам уште мал милион прашања, но не сакам да звучам како да го напаѓам човекот оти немам таква намера. Го жалам. Ако поживее доволно долго, ќе има време самиот да разбере дека не вредело да оди „курбан“.
--- надополнето: 4 јули 2013 во 03:31 ---

И што со идеалите сега??? Значи, контрашпионажа. Цело време тоа го велам, работата е од еден кол на друг.
--- надополнето: 4 јули 2013 во 03:43 ---

Јас сум disillusioned dreamer - разочаран идеалист. Едно време размислував поинаку - сега некако поарно ми е во „кутијата“. Разбрав дека не можам да бидам господ. Дека не можам да го спасам светот. Ама ми требаа десетина години!

Кои дела? Што ќе постигне Сноуден кажи ми? Полека почнаа да му вртат грб. Кои опции че му останат? Непријателите на САД? Од една страна вика дека не и мисли лошо на државата и не сака да биде сфатен како предавник, а од друга страна кои опции ќе му останат? Токму тоа да стане!
Викаш не е мудро....
"The reasonable man adapts himself to the world: the unreasonable one persists in trying to adapt the world to himself. Therefore all progress depends on the unreasonable men."
- George Bernard Shaw

Си изгубила надеж, не го гледаш веќе светлото на крајот од тунелот. Постојано прашуваш: што со тоа што го направил, зар ќе има некаков ефект, дали ќе го спаси светот...
Не е ни битно. Добар човек прави добро for the sake of good itself, зошто така е правилно, зошто совеста така му налага. А сите други што ќе потклекнат и ќе се свртат слепо око на неправдата; што порадо би си го гледале сопствениот интерес, се слабаци или едноставно расипани.

Можеби еден човек сам не може да го спаси светот ама може да докаже дека сите ние имаме ефект врз текот на историјата. Дека не му се пишува добро на Сноуден, тоа сигурно, ама тоа е и тоа што го прави таков херој: што го жртвува својот интерес за да ги одбрани принципите што ги вреднува (барем така ми изгледа мене, кој знае дали не е чисто ради корист).
И тој не е првиот ваков човек. Го знаеш Bradley Manning, тој што прв предаде тајни на војската на Asange? Тој кутриот уште полошо помина.
Тука ти е и Asange. И нему му го зезнаа животот.

Затоа ќе останат запаметени како херои и луѓето ќе им се восхитуваат на храброста и на моралните вредности што ги имале, додека малите души, што, можеби ќе проживеат удобно, ќе потонат во заборав.

Како што кажа Ио соно, Американците треба да се гордеат со Сноуден.(y)
 
Не знам дали може да се повлече паралела меѓу времето на Џордано Бруно и сега. Тогаш било друго време. Се работело за научни откритија. Сега е поинаку.

За револуционерите... што постигнаа да му се невиди? Да умираме на рати во Македонија додека „патриотите“ од дијаспората ни даваат поддршка? И сега по години години кога се обидува државата да ни ја „оживее“ историјата да си ваѓаме очи кој за што бил заслужен и колку пари ќе му кошта споменикот?

Ништо на овој свет не е случајно. Ама тоа ја прави иронијата поголема. Ние ќе си типкаме на компјутер и ќе му даваме „морална поддршка“ на Сноуден. И ќе се тешиме дека со тоа сме дел од промените на светскиот поредок! Bullshit!

Не знам дали моите негативни искуства се навистина веќе толку далбоко врежани во мојата потсвест што ме обзема цинизам... на моменти и сама не можам да се препознаам ( иако нерадо признавам!). Можеби системот едноставно „ме скрши“.

Во поглед на САД како империјалистичка сила, точно е. Но ако не се тие ќе дојдат некои други. И пак ќе треба да се појави некој нов Сноуден и пак некој ќе треба да биде жртва...и се така во круг. Нема спас од ова.

Премногу забега оваа цивилизација. Луѓето како Сноуден ќе бидат само блесок кој ќе не отргне од суровата реалност и ќе станат историја. А од тоа не се живее. Ама тоа го сфаќаш откако ќе бидеш „предаден“ и се соочуваш со суровата вистина, распнат си од оние кои те сметале за херој!
 
Не знам дали може да се повлече паралела меѓу времето на Џордано Бруно и сега. Тогаш било друго време. Се работело за научни откритија. Сега е поинаку.
За револуционерите...
Не. Се работело за подобар свет. За пораз на тиранијата и за слобода на мислење. И сега е исто. Се работи за спречување на закана од тиранија. Се работи за подобар свет.

Сноуден, Асанж и Манинг или Анонимусите нема самите да го променат. Тие се само почеток. Една цигла во ѕидот. Секогаш било така. Потребна е промена на свеста.

За револуционерите мислев општо, не само на нашите. Зошто човек би излегол да и се спротистави на империја кога според тебе, будалата може да си седи дома, да гледа деца и да плаќа данок?

За среќа не размислуваат сите како тебе. Ти навлегуваш во менталитетот на роб (извини, не сакам да те навредам, само да те предупредам) кој свесно сака да биде роб и не го интересира што се случува подалеку од комфорот на неговиот дом. И не би сакал да дискутирам повеќе затоа што некако ми изгледа како да се бориш да ги поврзеш работите што ги пишуваш, како и самата да не си веруваш на напишаното. Што е добро. Постои надеж ;)
 
Викаш не е мудро....
"The reasonable man adapts himself to the world: the unreasonable one persists in trying to adapt the world to himself. Therefore all progress depends on the unreasonable men."
- George Bernard Shaw

Си изгубила надеж, не го гледаш веќе светлото на крајот од тунелот. Постојано прашуваш: што со тоа што го направил, зар ќе има некаков ефект, дали ќе го спаси светот...
Не е ни битно. Добар човек прави добро for the sake of good itself, зошто така е правилно, зошто совеста така му налага. А сите други што ќе потклекнат и ќе се свртат слепо око на неправдата; што порадо би си го гледале сопствениот интерес, се слабаци или едноставно расипани.

Можеби еден човек сам не може да го спаси светот ама може да докаже дека сите ние имаме ефект врз текот на историјата. Дека не му се пишува добро на Сноуден, тоа сигурно, ама тоа е и тоа што го прави таков херој: што го жртвува својот интерес за да ги одбрани принципите што ги вреднува (барем така ми изгледа мене, кој знае дали не е чисто ради корист).
И тој не е првиот ваков човек. Го знаеш Bradley Manning, тој што прв предаде тајни на војската на Asange? Тој кутриот уште полошо помина.
Тука ти е и Asange. И нему му го зезнаа животот.

Затоа ќе останат запаметени како херои и луѓето ќе им се восхитуваат на храброста и на моралните вредности што ги имале, додека малите души, што, можеби ќе проживеат удобно, ќе потонат во заборав.

Како што кажа Ио соно, Американците треба да се гордеат со Сноуден.(y)

Очигледно сум преминала во првата категорија. Ќе го оставам светот да „напредува“ со неразумноста на некои други. Може делува „слабо“ ама сега сум посреќна. И не страдам од мигрена, висок притисок и чир на желудникот. Можеби остарев! :свиркам:
Во доброто верувам повеќе од секогаш. Можеби имаме различна дефиниција. За мене доброто не е тоа што Сноуден решил да биде ваков тип на херој туку адресирањето на непосредните потреби на луѓето. Да го нахраниш тој што е гладен. Да го облечеш тој што е гол. Да го едуцираш тој што е неписмен.
Не може да опстојат тие принципи. Само ќе послужат како инструмент да се насади некој нов тиранин, некоја нова империјалистичка сила, некој нов поредок. Како сакаш сврти се, задникот ти е од позади.
Да, поголем дел од Американците се гордеат со Сноуден. Се додека не ги продаде информациите на друга држава. Тогаш истите тие ќе го каменуваат.
И кутриот Бредли Менинг... имаш ли претстава со што се занимаваат Американците во врска со неговиот случај? Како на еден таков „нестабилен“ тип му биле доверени такви тајни:sick:!
Појма немам дали ме сфаќаш! Но посебно сега кога сум меѓу овие кои ја слават слободата и демократијата гледам во какви заблуди живее овој народ, а ние уште повеќе.
Ништо не е како што треба. Затоа...ќе се навратам на почетокот... I choose to be reasonable! ;)
 
I choose to be reasonable! ;)
But you are not reasonable!

Ти само ги затвораш очите. Како што пиша еден наш прочуен колумнист на времето, ти си како куче што на среде автопат си ги треби болвите, несвесно дека кон него пичи Сканија, и тоа од големите. :)
 
If you say so... I don't mind!

Сканијата мене одамна ме прегази :icon_lol:, така да денес додека парадиравме по америчките улици и печевме скара со еден куп големи патриоти од нашите краишта и љубезно им се насмевнувавме на мештаните и ја пеевме God Bless America и гледавме спектакуларен огномет, неколку пати со тага се присетив на Сноуден и неговиот десетти ден на неудобниот аеродром.
Некако сум убедена дека по 2-3 години со задоволство ќе се навратам на оваа тема за да продискутираме за епилогот на херојот.
:oops::)
 
И додека милиони Американци, си слават 4ти Јули и си ја пејат God Bless America, Сноуден како куче спие на аеродром, ЗА КОГО? За истите тие Американци да можат на мира да си го слават најголемиот празник на државата, која патем била основана од Татковците на идеалите да биде слободна и демократска. Дали некој од тие Американци се сети да му оддаде почит на Сноуден и да излезе баш на најголемиот празник да протестира и да им рече на империјалистите дека тоа што го прават не е оригиналната замисла за држава која им е формирана и оставена од Татковците да ја сакаат и негуваат? Истото срање го гледаме и во Македонија и секаде низ светот.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 4 Beta
 
Цело време ја застапувам истата теза и ги поставувам истите прашања. И заради тоа што сум реална ме сметаат за без'рбетник во темава. Мило ми е што се најде еден што мисли исто!

Кога Македонците ќе излезат на 1 мај да протестираат наместо со недели да планираат каде ќе печат скара, тогаш очекувај некој да излезе да се сети на Сноуден баш на 4-ти јули!
--- надополнето: 5 јули 2013 во 13:11 ---

"Never ever open an attachment from a source you don't know!'

Е што треба повеќе да се каже?
 
Цело време ја застапувам истата теза и ги поставувам истите прашања. И заради тоа што сум реална ме сметаат за без'рбетник во темава. Мило ми е што се најде еден што мисли исто!

Кога Македонците ќе излезат на 1 мај да протестираат наместо со недели да планираат каде ќе печат скара, тогаш очекувај некој да излезе да се сети на Сноуден баш на 4-ти јули!

Тоа што мислењата донекаде ни се поклопуваат и изгледаат слични, не значи дека јас целосно се согласувам со тебе, всушност не се согласувам ни со тоа што јас самиот го напишав, меѓутоа тоа е реалната слика. И јас сум еден од оние кои сметаат дека за идеалите вреди да се жртвуваш, меѓутоа твојата или жртвата на некој друг поединец ќе бидат сосема залудни доколку останатиот џбун од општеството не седне да размисли зошто некој ги прави тие жртви и зошто некој бил доволно глупав да си го жртвува и животот за некои идеали кои другите неможат да ги разберат. Од една страна тоа ми пречи, а од друга страна пак ми пречи и тоа што има вакви идиоти кои што и да им направи државата тие само веднат глава и се преголтуваат, единствено што им е битно е да им биде добро, да бидат среќни со семејството и да имаат солиден живот а за останатите не ги интересира. Тоа само докажува колку сме сите подчинети на системите и државите и колку успешно можат да не контролираат, всушност тоа ти е модерно робство за кое не ни сфаќаш дека е робство, дека си заробен и дека други те контролираат и прават со твојот живот како што на нив им одговара и тие решаваат за поголемиот дел од твојата иднина и иднината на твоите деца. Тоа е нешто што најмногу ми пречи!
 
Windfucker Не сфаќам како постираш видео од најголемиот поддржувач на Ron Paul да држи предавање за слободи и демократија, а од друга страна се знае дека Пол е еден од најголемите „непријатели“ на правата на геј-заедницата :tapp:
Сам се правиш „измачкан“ или нас тука не фарбаш? Или стварно веруваш дека овој Рудковски е некој релевантен извор на информации, а не обичен шарлатан!?
--- надополнето: 5 јули 2013 во 13:27 ---
Тоа што мислењата донекаде ни се поклопуваат и изгледаат слични, не значи дека јас целосно се согласувам со тебе, всушност не се согласувам ни со тоа што јас самиот го напишав, меѓутоа тоа е реалната слика. И јас сум еден од оние кои сметаат дека за идеалите вреди да се жртвуваш, меѓутоа твојата или жртвата на некој друг поединец ќе бидат сосема залудни доколку останатиот џбун од општеството не седне да размисли зошто некој ги прави тие жртви и зошто некој бил доволно глупав да си го жртвува и животот за некои идеали кои другите неможат да ги разберат. Од една страна тоа ми пречи, а од друга страна пак ми пречи и тоа што има вакви идиоти кои што и да им направи државата тие само веднат глава и се преголтуваат, единствено што им е битно е да им биде добро, да бидат среќни со семејството и да имаат солиден живот а за останатите не ги интересира. Тоа само докажува колку сме сите подчинети на системите и државите и колку успешно можат да не контролираат, всушност тоа ти е модерно робство за кое не ни сфаќаш дека е робство, дека си заробен и дека други те контролираат и прават со твојот живот како што на нив им одговара и тие решаваат за поголемиот дел од твојата иднина и иднината на твоите деца. Тоа е нешто што најмногу ми пречи!

Епилог? Ќе се жртвуваш (сепак) или ќе заклучиш дека не треба да бидеш „доволно глупав“?

И што правиш за тоа да се смени? Пишуваш по форуми? Не можам да ти опишам колку се препознавам себси во твојов пост - ама некои 10-тина години претходно. Оти што и да пробаш, што и да правиш... немаш избор. Или си „жртва“ ли си „доволно глупав“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom