Може ли македонскиот маж самиот да издржува семејство денес?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа?

2. Дали и покрај тоа што како маж заработувате доволно пари, повеќе би сакале сопругата да има своја кариера и да заработува?

3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера?

4. Прашање до мажите. Мислите ли дека би можеле да стигнете до степен да го издржувате самите семејството?
1.Не.
2.Да. Нормално, не по секоја цена. Само ако и одговара:D.
4. Зависи што подразбираш под издржување. Ако е работата да не цркнеме за јадење тогаш да, ама мислам дека сите сакаме малку повеќе од тоа. Значи не, и не важи тоа само за мажите во Македонија. Така си е моментално подесен системот, просечно семејство да функционира со две плати.

Ваљда извадив една 6-ка :D.
 
Може бе, зашто да неможе, еве мојот маж не издржува моментално, на сите можни начини..
е ама не работи тука може затоа и може да не издржува, него друго ми беше зборот, зошто мора македонскиот маж САМ да издржува семејството?, жена не е за приплод само де, може и она некој денар да донесе в куќи, има сега и градинки, и баба и дедо може да се помогне, но само ако се сака тро да се поработи, отидоа оддамна митовите дека само мажот ќе работи, а жената ќе сејт дома и ќе чува деца и куќата ќе ја врви, скапотија до таван, давачки на сите страни, со нашите маќедонски плати ни господ неможе да се снајде до 10 у месецот.
 
1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа?

2. Дали и покрај тоа што како маж заработувате доволно пари, повеќе би сакале сопругата да има своја кариера и да заработува?

3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера?

4. Прашање до мажите. Мислите ли дека би можеле да стигнете до степен да го издржувате самите семејството?
1. Па не...нејзина работа е тоа.
2. Ако ја бива и има желба ОК...во основа нејзина работа е.
3. ...
4. Хмммм. Ваљда да сум според мене ама какви се сега мислат дека имање на коли 4 смартфони и викендици е нешто неопходно за “издржување„...тоа „издржување“ е поприлично растеглив поим...
 
За момент помислив дека зборуваш за Чак Норис.
И зошто побогу жената би морала да работи само ако и е кејф,а мажот ако не заработува 1000 евра месечно,не би можел да се нарече маж?Типично празен и излишен муабет....за пред кооперација.
Еве зошто треба мажот да биде главниот носител на приходи: Платите во МК се толкави колкави што се и се знае дека од плата неможе да се преживее. За едно семејство да преживее пристојно требаат многу повеке пари од две плати така што дали ке ја пратиш жена ти да рмба во конфекција за 8000 или слично тоа нема да ти смени ствар, на тебе како маж останува одговорноста да ги обезбедиш грото средства за пристојна егзистенција. Неможе да одчекуваш од нејзината плата да школуваш деца, да купиш живеалиште, кола...... Не смееш да дозволиш нејзината плата да биде основа за егзистенција на семејството. И никој нема да ти рече дека не си маж, тоа ке го почувствуваш самиот ако неможеш да му овозможиш на детето некоја основна работа, а верувај дека од плата не ке можеж многу основни работи да му ги дозволиш на детето.
 
Није тачно! Јас имам огромна желба „да го ранам“. После нема да смее да ми писне затоа што фрлам пари за шминки и долен веш. :icon_lol:

Само будала се жали ако жена му „фрла“ пари за шминки и за долен веш...
 
Зошто бе? Ме сакал природна и не сака да се шлакам со хемикалии. Паметен е. :icon_mrgr:


Супер е сега тебе те прави будала :D Да не те сака природна и доле без веш? Или е нудист :cuc: па не му смета така да шеташ?
 
Да бидам искрена, за вешот не се побунил и не ни прашува колку пари е. :D

Во тој случај може назнаеш да се шминкаш :P или бираш нешто што не му е кеиф... очигледно си сака човекот да си му средена и желна ;)
 
Во тој случај може назнаеш да се шминкаш :P или бираш нешто што не му е кеиф... очигледно си сака човекот да си му средена и желна ;)

Така е Фаранг. Ти си секогаш во право! :icon_lol:
 
Така е Фаранг. Ти си секогаш во право! :icon_lol:

остај ти шминки... јажиња и веш му е мајката...

bondage-babe-and-ball-gagged.jpg
 
Да бидам искрена, за вешот не се побунил и не ни прашува колку пари е. :D
Анфем, не те сака зошто купуваш веш од големи корпорации што те трујат со пропаганди по билборди. Купи плетени гаќи, вунени, од некоја баба, да те види госпот.
 
Може - ако е политичар, богат наследник или работи во странство, во секој друг случај треба и двајцата да работат и да имаат солидни плати од по минимум 500 евра за да можат да живеат убаво. Се` друго е преживување- како што е впрочем случај со најголем број од семејствата во МК.
 
Жена незнае да преќути, тоа е една голема разлика од мажите. Времето во кое една жена би те ранела се брои во денови и месеци, а кај мажите во години. Остани ти дома да те рани жена, ќе видиш како низ нос ќе ти испадне и мајчиното млеко.
Боље 1000че носи си слушај што ти зборувам :)
Посакувам да не си во право. Посакувам....
Во право си. Но сеуште верувам во безусловна љубов.
 
Посакувам да не си во право. Посакувам....
Во право си. Но сеуште верувам во безусловна љубов.
Безусловна љубов има само од мајка кон дете и слични релации. Помеѓу луѓе со различна крв тоа е речиси невозможно на долги релации :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom