N
Nessa Alcarin
Гостин
Баба ми ми има дадено само еден совет во животот - Не се оставај без работа, никогаш. Колку и да имате, не знаеш што носи животот. (замислете жена родена во 30-тите години)
Таа како и сите жени од нејзино време беше домаќинка, и домаќинка си умре. И се радуваше на пензијата од мојот починат дедо само две години. Велам дека и се радуваше, колку и сурово да звучи ова, бидејќи како домаќинка која не заработува немаше право на ништо. Не беше секогаш така, се разбира, кога беше комунизам имаше, кога фати рецесија се намалија примањата на дедо а се зголемија трошоците. Е сега зошто немаше од кај да се крати, се кратеше од тоа што на баба и следува. Жената собираше денар по денар за да си купи фарба, да не и се смеат жените во црква дека таква оди во косата. Хулахопки во зима беше мисловна именка за неа, зошто нели еднаш треба да си купи хулахопки на 5 години. Дедо ми беше шеќераш, и беше забрането да се купуваат слатки/сокови и слични работи, се додека нему не му се пријаде. Колку пати знам ќе си собира едно по едно денарче, што останало кусур од пазар, за да си купи млеко да се напие. Сега сите ќе кажат, јас никогаш нема да ја оставам жена ми вака. Да де никогаш, се до моментот кога синот и снаата ќе останат без работа со две деца и сите пари нив треба да им ги даваш.
Затоа девојки, оставете муабетите на шовинистите овде кои сигурно имаат над 23 цм дужина од тестостеронот нивен. Биди си свој човек, заработувај си, како што кажа Леа за улошки бар да имаш. И ние сме биле деца, со двајца вработени родители, па ништо не ни фали. И се нервирам од муабети - кариера гради, не сака деца да гледа.... Каква кариера бре, шивака што е или чистачка?