Админка, фала за поддршката, се надевам што и да се одлучиш ќе испадне позитивно
Некрозата ми ја класифицираа како фаза “2, 2 и пол“. Описно, тоа би значело дека на рентгенската слика е видливо стеснување на меѓузглобниот простор како и “замачканост“ на сликата во некротичниот дел на коската. На магнетната резонанца, видливо се гледа пределот што го опфатува некрозата со јасни граници за колку е проширена. Засега, главата на фемурот си ја има задржано нејзината правилна кружна форма, сеуште нема знаци на некаков колапс.
Јас сум од Битола. После неколку неуспешни обиди за дијагноза во нашиот клинички центар, дијагнозата ми ја воспоставија во Охрид во Св. Еразмо, и тоа од постара рентген снимка која после еден месец се потврди со магнетна. Дијагнозата е уставена како идиопатска т.е. од непознати причини. Немам примано никакви терапија и лекарства кои се наклонети да ствараат некроза, ги немам соодветните болести, не сум хроничен алкохоличар, ништо од класичните показатели... така да потеклото е мистерија. Се започна кога еден ден осетив болка за време на вежбање, и од тој момент наваму започна сагата
На физикална одам за онака, да се раздвижувам и повежбам малку, да излезам оддома, и се на се да си давам надеж. На контрола сум во Охрид во четврток, ваљда ќе се направи контролен рентген ако може да се види нешто. Претходниот пат се забележа циста на површината на главата каде беше бушено, па ќе видиме што тоа значи наскоро. Јас надевам не е ништо страшно и дека ќе почни да си оживува коската, иако ќе треба да помини некое време додека можат да се видат резултати.
Се изнапишав човече... ако некој има нешто да праша, слободно, било тука или на ПП, радо би му помогнал доколку можам.
- Никола