Аваскуларна некроза - размена на искуства, совети, препораки

  • Креатор на темата Креатор на темата Админка
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој правевте декомпресија на колк и како поминавте? Јас треба да одам кај д-р Камнар во државна, ми кажа што поскоро декомпресија, дали имате некое мислење за него како ортопед хирург?

Виктор Камнар е многу добар ортопед. Го познавам и приватно, а и колега и е на мајка ми такашто работи одлично. И Циривири е исто добар.
 
Направив пред еден месец во државна, сега треба да одам во катлановска бања на рехабилитација 21ден и после тоа на контрола. Админка дали ти беше на бања или некоја физикална? Имам на двата колка, на левиот сега што правев ми е 2ра стаза а на другиот немам никакви болки, на магнетната се гледа малку оштетување и треба да правам декомпресија и таму што поскоро како што ми кажа докторот.
 
Препорачајте нешто против болки пробувам со диклофенак, кетонал, бруфен мовалис ама слабо помагаат :(
 
Препорачајте нешто против болки пробувам со диклофенак, кетонал, бруфен мовалис ама слабо помагаат :(
Пробај локално да ставаш волтарен гел, мене тоа најмногу ми помага, апчињава слабо сите.
 
Каде имаш болки?

И ти имаш некроза?
За жал да... Некроза на колк...направена декомпресија пред 3 години и сеиште болки во колкот и кривење при одење...
 
Здраво на сите.

Тукушто се зачленив на форумот само за да можам да пишам на темава.

И јас како и вие со големи маки, молења и колења по доктори дека не станува збор за обична болка/повреда дојдов до вистинската дијагноза “Аваскуларна (асептична) некроза“ на мојот десен колк. Левиот е добар. Се направив декомпресија на крај на Фебруари и моментално се опоравувам. Докторот инсистирање да играме посигурно наместо 6, ми препорача да одам 12 недели на штеки. Не ми смета ако тоа значи дека би бил подобар :) 1 месец после операцијата одев 1 месец на пливање, застанав и продолжив на физикална малку со струи и вежби (стандард). Што се однесување на крајниот исход, уште е рано да се кажи дали заживува коската или не. Искрено се надевам дека се ќе биде во ред и ќе се вратам на нормални активности.

Многу ме интересира какво е вашето искуство досега со оваа болест. Админка како си сега после операцијата? АлтернавеФ, Дарко, Офсет како се справувате со болката, планирате операција или некое друго решение?

- Никола
 
Како прво знаеш ли во кој стадиум ти е некрозата на колкот?
12 недели не е ништо, јас сум година и пол со штаки така да не е страшно.
Каде ја правеше декомпресијата, и од што ја доби некрозата?
Јас си стоев во место до сега десниот ми е лош левиот е добар може ке се излечи.
Некој вика вештачки за десниот, некој вика почни да одиш, вежбај а јас неможам ме боли од колкот до стапалото иде рефлексот и се префрлив во Филип Втори. Докторот ми рече да направам магнетни на колковите и колената па чекаме сеа 23ти во 8ми септември за да не плаќам на приватно и тоа изгор е.
Само вежби немој да направиш како мене да добиеш контрактура на мускулите, струите се губење време али и онака ке мораш негде да го губиш да не ти биде досадно :icon_lol::icon_lol::icon_lol: .
Што те интересира прашај, знаеш како викаат "Питај паталец, не питај гаталец" ;)
 
Админка, фала за поддршката, се надевам што и да се одлучиш ќе испадне позитивно :)

Некрозата ми ја класифицираа како фаза “2, 2 и пол“. Описно, тоа би значело дека на рентгенската слика е видливо стеснување на меѓузглобниот простор како и “замачканост“ на сликата во некротичниот дел на коската. На магнетната резонанца, видливо се гледа пределот што го опфатува некрозата со јасни граници за колку е проширена. Засега, главата на фемурот си ја има задржано нејзината правилна кружна форма, сеуште нема знаци на некаков колапс.

Јас сум од Битола. После неколку неуспешни обиди за дијагноза во нашиот клинички центар, дијагнозата ми ја воспоставија во Охрид во Св. Еразмо, и тоа од постара рентген снимка која после еден месец се потврди со магнетна. Дијагнозата е уставена како идиопатска т.е. од непознати причини. Немам примано никакви терапија и лекарства кои се наклонети да ствараат некроза, ги немам соодветните болести, не сум хроничен алкохоличар, ништо од класичните показатели... така да потеклото е мистерија. Се започна кога еден ден осетив болка за време на вежбање, и од тој момент наваму започна сагата :)

На физикална одам за онака, да се раздвижувам и повежбам малку, да излезам оддома, и се на се да си давам надеж. На контрола сум во Охрид во четврток, ваљда ќе се направи контролен рентген ако може да се види нешто. Претходниот пат се забележа циста на површината на главата каде беше бушено, па ќе видиме што тоа значи наскоро. Јас надевам не е ништо страшно и дека ќе почни да си оживува коската, иако ќе треба да помини некое време додека можат да се видат резултати.

Се изнапишав човече... ако некој има нешто да праша, слободно, било тука или на ПП, радо би му помогнал доколку можам.

Koj те оперираше ?
 
Циста :confused: од каде сега тоа? Да не направиле некоја инфекција нешто? Подобро е магнетна резонанца да си направиш да се види убаво тоа што се забележува на ренгенот.
Чим колкот ти е во 2- 2 и пол фаза не е толку страшно има шанси да се оправи, само вежбај ги вежбите да не се укочиш како мене.
Јас бев на рехабилитација во Св. Еразмо и полоша рехабилитација нема никаде.
Ти поминале 3 месеци можеш да почнеш веќе и точак статичен, уствари обавезно не можеш него мораш или базен уште подобро.
Искрено би ти препорачала како се чувствуваш ти така фрли ги штаките. И за што и да било во врска со колкот како се чувствуваш ти така прави, ти си осеќаш си знаеш што можеш до каде можеш.
Јас еве одам на фитнес и на базен сега да се зајакнам и вратам во форма немам кондиција. Можеби сепак болките ми се од укоченост па да си пробам и така дур чекам магнетна резонанца на ред.
Пази го другиот колк и не стој на едната нога многу да не се искривиш.
Оваа болест на колковите е најзезната, треба време а никој не ти гарантира дека ке биде успешно.
Надеж секогаш има али треба и да сме спремни за она другото, бидејќи се знае што следи ако не е успешна декомпресијата а ни тоа не е нешто страшно т.е. воопшто не е страшно така да немаме гајле сепак има спас.
Ке ви кажам само не купувајте глупости за регенерација се е тоа лажги со опашки, знам од искуство а и зошто студирам Фармација. Сите тие течности и таблети за регенерација на зглобови нема да помогне воопшто во нашиот случај, тоа е убаво за другите зглобови малку да ги "подмачка" што се вика.
За болки пијам Кетопрофен или Кетонал сепак исто е... и ми помага да издржам повеќе при вежбање и ми ги намалува болките малце. Друго ништо не ми помага.
И гледај да не се здебелиш зошто и здрав човек колку е подебел толку е полошо за колковите а не па за нас.
Има нешто ново сега незнам дали сте гледале на интернет или прочитале за матични клетки демек инјекции од матични клетки. Вадат од карлицата и вбризгуваат во колкот.

А и да ве прашам сите тука дали ви правеа чиста декомпресија или ви ставаа нешто внатре во колкот? Или само ве чистеа и пуштија воздух малце?
 
Како шо рече околу третманот за матични клетки, и јас исто имам гледано само на интернет по видеа како изгледа тоа и толку. Не сум направил подетално анализа кој го прави тоа кај нас/Балканот/пошироко и колку чини.

Јас имам чисто само декомпресија на десната глава, без никакви додатоци. :)

Пред два дена бев на контрола кај докторот кој ме оперираше. Поминав без снимка, ми направи само клинички тестови за подвижност, прегледа мускулот/ногата во каква состојба е. Моментално немам болки при било какви движења ниту болка во ципата која е карактеристична за асептичната некроза, освен мали болки во мускули околу колкот (веројатно/се надевам заради вежбањето). Официјално поминаа тие 3 месеци од операција и почнувам да газад на ногата - нема веќе куцање. Сега си одам нормално со мала помош на штеките, нормално. Знам дека сеуште е рано да се кажи било каков резултат од сево ова, но секако е важно да се остани оптимист, не? :)

За месец дена ќе имам друга контрола каде ќе се направи снимка па ќе видиме шо како ќе биде, и дали има некоја промена во таа цистата која ја видовме на претходната снимка пред 6-7 недели.

Вие добри?
 
molam odgovor ako moze kolku vreme trae operacijata odnosno dekompresijata kolku vreme ve zadrzuvaat vo bolnica i kolku pari kosta toa da znam da se spremam i jas sum za dekompresija na leviot kolk
 
Мене ме интересира едно прашање, дали Kienbock's disease спаѓа во Аваскуларна некроза?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom