Икони...

  • Креатор на темата Креатор на темата птр
  • Време на започнување Време на започнување
Да застанеш пред иконата на богородица и да речеш мајчичке богородичке дајми среќа, дајми пари, дајми здравје е дозволено, тоа ли сакаш да ми го кажеш??

„Пресвета Богородице, спаси не‘„, вели/моли/пее Црквата.

Нема трага ни од пари, ни од среќа...
 
Иконите се само една од работите денес кои христијаните денес не ги прави христијани.
Но ете има вакви како Мики заблудени,секој кој малку размислува знае дека молењето на иконите и свет овој,свет оној,чудотворци кои исполнуваат желби и молитви се чиста идолатрија која сигурно не е учење на изворното христијанство.
 
Исус објаснил: „Доаѓа часот, и веќе настапи, кога вистинските поклоници ќе му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и оние кои му се поклонуваат, треба да му се поклонуваат во дух и вистина“ (Јован 4:23, 24,Стандарден превод).
Може ли Бог, кој „е дух“ да биде претставен со материјален лик? Не. Без оглед на тоа колку величествена може да биде некоја икона, таа никогаш не може да ја одрази славата на Бог. Затоа, една слика на Бог никогаш не може да биде верна претстава за него (Римјаните 1:22, 23, Стандарден превод). Дали едно лице би ‚обожавало во вистина‘ доколку му пристапува на Бог преку икона направена од некој човек?
 
„Пресвета Богородице, спаси не‘„, вели/моли/пее Црквата.

Нема трага ни од пари, ни од среќа...
Значи ако му чука извршител на врата да му земе куќа и покуќнина и да го остави семејството на улица - нема помош од Исус или некој од фамилијата му (татко, мајка...)
 
Значи ако му чука извршител на врата да му земе куќа и покуќнина и да го остави семејството на улица - нема помош од Исус или некој од фамилијата му (татко, мајка...)

Извршителите ги воведе Грујо, така да кај него обрати се за одговор. Црквата не позната такви утерувачи на дугови...
 
Извршителите ги воведе Грујо, така да кај него обрати се за одговор. Црквата не позната такви утерувачи на дугови...
Не бе црквата, таа нема везе со Бог, туку Марија ил Исус дал би услишила таква молитва да не останат дечињата на улица.
И марксизмот не го вовел бог па црквата го напаѓаше и проколнуваше.
 
Може ли Бог, кој „е дух“ да биде претставен со материјален лик? Не.

Работава е „сам прашал-сам одговорил„.

Јас велам: да, Бог може да биде прикажан со ликот Свој, оти Синот Божји, земајќи човечко тело, стана видлив Бог.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom