Библиотеките денес се прилично добро снабдени. Годишната чланарина чини колку 2 кафиња. Евтин начин да се читаат книги, а да не мора да се купуваат.ама ќе ви се приклучам и јас ако се погоди книга што ја имам дома
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Библиотеките денес се прилично добро снабдени. Годишната чланарина чини колку 2 кафиња. Евтин начин да се читаат книги, а да не мора да се купуваат.ама ќе ви се приклучам и јас ако се погоди книга што ја имам дома
Во село немам библиотека, превозот поскапи и релациите ги намалија. Така што комплицирано ми е да читам од библиотека. Си купувам книги на старо и имам доста непрочитани па фокусиран сум на нив.Библиотеките денес се прилично добро снабдени. Годишната чланарина чини колку 2 кафиња. Евтин начин да се читаат книги, а да не мора да се купуваат.
[/QUOT
Јас веќе ја имам читано книгава пред 5-6 месеци и ќе напишам една рецензија и неколку прашања кои ми останаа во глава, а за кои немав со кој да продискутирам. Би било интересно од кога ќе прочитате да направиме некоја мала дискусија.
Со Петре М. Андреевски се сретнав во средно школо со неговиот можеби најпознат роман "Пиреј".
Тунел е вториот негов роман кој го прочитав и исто така ми се допадна. Дејството на романот е сместено во Скопје некаде во седумдесетите, спомнат е и земјотресот но тој не е многу важен во целата приказна.
Главен лик во романот е Невена и приказната се врти околу неа и тројца ликови во кои таа е вљубена во различен период од нејзиниот живот. Се опишува љубовта и страста на Невена, болката и проблемите кои и ги носи животот, што се може човек да истрпи но и да направи за љубовта.
Роман кој е релативно мал, има околу 250 стр. брзо се чита и има многу убави мисли напишани во него, па ако некој вади цитати нека си спреми тефтерче.
Интересното кај овој роман е што ми се допадна но имам чувство дека не го разбрав потполно. Како да се крие некоја скриена порака или метафора која не можам да ја протолкувам.
Ова е накратко без да откријам спојлери а прашањата што ги имам ќе ги ставам вопа отворете ги кога ќе го прочитате романот.Нејасни ми се две сцени: првата сцена каде Невена ја мажат за Игор кој е пред умирање. Дали е ова некој стар обичај или некоја метафора?
Втората сцена во селото каде старецот ја убива родилката затоа што повторно раѓа девојче. Што сака да каже писателот тука?
Трето прашање ми е за бегството на Невена и Дејан. Дејан е малолетен и нивната врска не е одобрена, но зошто толкава потера по нив? На крајот дури пукаат во нив.
Што се случува со Дејан зошто избега сам?![]()
Моментот со желката беше епскиИ јас помислив дека запознавањето со Горан е исценирано и очекував Невена подоцна да си го претпостави ама јок...
И шознам дали е возможно тежок алкохоличар на риболовну терапију да не е импотентен, или во најмала рака да му се ,,дига" па да се резилат пред кутрата желка?!
А во суштина мислам дека Горан е добар човек. Па можеби ете и грижата на совест замешала прсти, па откога ја сфатил грешката (зошто во неколку наврати и велеше на Невена колку е таа добра и не го заслужува него), посегнал по алкохолот.И јас помислив дека запознавањето со Горан е исценирано и очекував Невена подоцна да си го претпостави ама јок...
И шознам дали е возможно тежок алкохоличар на риболовну терапију да не е импотентен, или во најмала рака да му се ,,дига" па да се резилат пред кутрата желка?!
Да. И мене не ми се допаѓа премногу брзата транзиција. Нема никаков период на прилагодување ниту тагување и жалење по големата љубов. И мислам дека токму тоа е причината зошто ние ја перцепираме Невена како да е премногу желна за љубов. Всушност, можеби едниот човек кој што го сакала е нешто сосем друго. Можеби станува збор за нејзината желба да се реализира како мајка?Она што ми падна во очи е преодот од еден во друг циклус на нејзиниот живот.
Со смртта на Игор, умира и првиот циклус.
Па веднаш се преминува на вториот циклус наречен Горан, како супститут на ликот на Игор. Само што овој пат место туберкулоза, имаме алкохолизам.
Несреќите се редат една по друга, а кулминацијата доаѓа со смртта на Горан. Потполно идентично како и на почетокот со смртта на Игор.
За повторно сосема идентично да започне третиот циклус, наречен Дејан. Каде што имаме повторување како супститут на Игор и Горан. Само што овој пат не е болест и зависност, туку е јавното, колективното, моралното однесување кон околината.
Значи ли тоа дека Андреевски ни оставил простор за појавување на четврти циклус, петти циклус и.т.н.?
Последната страница - „Всушност,излегува дека цел живот сум сакала само 1 човек“.
Кој е тој едниот човек?
Дали таа во сите тројца гледа 1 човек, како збир од нив?
Автоматски споено мислење:
Моментот со желката беше епски
Опиена од страста и животинска возбуда, не ја чувствува копривата што и ја гори голата кожата. Таа се прашува дали желката знае што видела и констатира дека нема да каже никому![]()